И мене Гордана ме води поссле 2та мисед ми ја истера бременоста до крај сега и оваа исто, иако и Сарџовски и е замена на нејзе кога е она на одмор ама жената е ѕвер.
Антиспермални тела сме испитувале, МАР тестот е тоа уствари. Имам и резултат од АНА антитела. Тоа се тие антитела уствари? Или друго е?
Во двата случаи беше помало, првиот пат не се развиваше дури мислеа дека е вонматерична, вториот пат исто беше помало ама имаше ќеса се, еднаш имаше срцева акција после следна контрола немаше кај друга докторка и за една недела сама го исфрлив плодот. Сега трета среќа ќе пробам ама со резерва сум, секако нема да се изненадам како првиот пат кога ми соопштија лошата вест.
Секој е со различно искуство јас од неа не сум задоволна и не би се вратила никогаш. Штом си задоволна добро е, треба човек да има верба докторот кој го води.
Исто во втората бременост беше со аспирин пред и за време на бременост? Најубаво нови тазе хормони да си направиш со Анти Милеров и нов спермограм за сопругот. А кариотипите како искочија, не ми кажа
Најубаво да испиташ и бактерија на самата матка да не има па да ти го прави проблемот. Дали еден плод барем е пратен на испитување да се види дали е хромозомски проблем?
Добар е кариотип. И хормони и спермограм се ок пред спонтан ги правев. Да со аспирин бев и со клексан една недела после тестот, тоа за вториот спонтан, за првиот спонтан не знаев за мутациите. А првата бременост без ништо ја поминав, без никаков проблем. Мачнини немав а не пак нешто друго. Сега сум со аспирин пред бременост.
Па уште тоа да испитам остана да немам бактерија ТСХ ми е било над 2, најверојатно тоа до сега само испадна како проблем. Не го проверував за време на бременост никој не ми ни кажа. Ако е до тоа го средив. Ќе се молам овој пат ок да биде.
Иначе и мене ми лупа срце и тоа почна за секакви глупости да ми лупа срце, проверувам витамини Д и чекам резултат и ми лупа срце мислиш животот ми зависи од витамин Д... Порано им се чудев на таквите
И јас сум целата избезумена во последно време, исто кога чекам резултати и најобични ми лупа срце и ме фаќа паника… се шекнавме веќе од се’. Инаку д витаминот ми е намален и мене, ми дадоја капки. Туку некој што испитувал антитела да ми објасни дали станува збор за АНА антитела, гледам во резултатите имам испитувано антининуклеарни антитела. Веќе не знам што сум испитувала, папка полна со се’ и свашта.
Не знам што друго може да е причина. Протоци ете исклучени се зошто си примала и клексан и аспирин. Освен да е квалитетот на јајце клетката во прашање или бактерија во матка. Не ми се верува да е толку до тсх.
Па не знам ендокринолог ми кажа од него е, гинеколог ни не знаеше дека треба да е под 2,мене ми беше 4.7 после спонтан втор, после прв ми беше 2.9.А со самата бременост се качувал. Што значи може и до 5,6 и повеќе да има одено. Го намалив ако е до тоа. Ендокринологот ми кажа ни да не помислувам на бременост додека не го намалам, штом добијам позитивен тест одма да испитам за да следиме. Здравје ќе видиме следна бременост, може и неквалитетна јајце клетка еве пијам и вит Е и коензим Q10 сега за тоа. Се што требаше направив.
Аман веќе не знам зошто овие докториве ништо не кажуваат, за се’ сами да се информираме. Кажи што се’ треба да се испита и крај, а не ќе читаме како луди по интернет и форуми. И само време се губи безпотребно.
Јас се од тука од форумов читав, ако чекав на матични, ехее кај ќе ми беше крајот, не дте заинтересирани
Исто, поголем дел од испитувањата сама барам да ги испитам од што читам овде од форумот. Јас не знам зошто пари ни земаат докторите коа не знаат да не упатат.
Тоа може да е, сепак за државна клиника збориме, кога имале тие туто комплето се. Ама ќе се јавувате, ќе прашувате дали добиле
Ако имате резултати сликајте, да ги бараме приватно, јас сама немам претстава кои антитела се испитуваат, а и матичната не знаеше да ми каже.