1 mesec posle kiretaza bev na kontrola, mi rekoja deka imam cista na lev jajnik 4 cm,mi rekoja deka ce pukni sama, deka e fluidna, pa nekoj iskustvo da ne ima oti dosega sum nemala cisti pa nz sto e kako e, jas mislev da ne treba operacija, se isplasiv posto sum pravena operacija od polipi..
И јас го имав истото, исто се погоди на 40тина дена после киретажа. Ми пукна со следниот циклус. Одма штом ми заврши, отидов на контрола, беше пукната
Cista imam so god ja otkriv pred 2 god. Obicna vodena koja sto ne pukase so ciklus nitu so terapija pa za malku ke odev na operacija za obicna cista koja barem mene ne mi pravese nikakov problem. 2 pat trudna so cistata koja sto ja pravev punkcija sistina pak porasna i samo si stoi. Najdobro da se sledi dali raste dali e so pravilna forma i tumor markeri ispitajte. Ako vi pravi problem so ciklus i bolni odnosi togas ke mora da se izvadi iako 4cm ne e golema mojata bese 5.5.
Не мора да значи крварењето и дека е спонтан. Јас имав спонтан без крварење, ама баш без симптоми. Сите сме различни, нема правила. Најточно ќе знаеш со ехо прегледот. Ако ти продолжи исцедокот обавезно на преглед
За жал веќе со наредниот преглед се потврди дека едниот плод веќе престанал да се развива, другиот фала богу е добар. Ќе следиме сега што ќе се случи со тој плод, бидејќи сеуште се гледа на ехо. Но очигледно исцедокот и крварењето после тоа биле од тој плод, сега спонтан или како се вика ова, не знам.
Имаш едно што влева надеж затоа одмарај и земај патолошка ако треба и седи дома. Ти кажав и предходно. Гледај си здравјето
Здраво девојки, за жал пак ве дружам во оваа тема. Дали некоја од вас има искуство да сподели со испитување на плод во Систина по киретажа?
@Verbenared праќаше плод на испитување, само не знам каде. Ако и’ стигнале резултатите можеш да споделиш мила? Што излезе на крајот?
Јас моето го добив за неполна една недела. Ништо посебно нема да дознаеш од испитувањето, само за синдром дали имало, немало. Ако не е тоа, конкретна причина нема да добиеш. Јас испитував и во ману и во Систина ништо посебно не дознав
Затоа Бојаџиев кога барав за испитување ми рече најискрено не си фрлај џабе парите. Изгледа повеќето исти резултат добиваат.
Ова воопшто не е генетско испитување на плодот. Ова е хистолошка анализа на ткивото, ткивото го гледале микроскопски и кажале што виделе. Не е ништо погрешно во одговорот од нивна страна, само е тотално промашено испитувањето. Плодот треба да се анализира генетски, треба да се видат хромозомите, дали има синдром некаков. Со хистолошка анализа не може да се добие одговор за тоа.
Ама реално така е, освен за хромозомите дали имало плус минус, ништо друго не се дознава. Затоа јас и кариотипот си го направив, мажот исто. Да си знам со време што е и како е.
I jas bev na manu za 2 nedeli stigna nisto konkretno ne pisuva vo izvestajot ama bas nisto ,e sega doktorkata koja mi pravese kiritaza spored nekoj simtomi i (osip sto dobiva) i toa deka sum so 3 mutacii a ne mi dadoa Cleksan !! Ona misli deka samo poradi ne pogodena terapija sum dosla do miseed …sega cekam 2r ciklus i od denes pocnav so nekoj ispituvanja i se dodeka ne izleze se dobro ne odam na transfer ke pocekam ama i ne sakam 6 meseci da cekam ona mi kaza vika kolku pobrzo tolku poveke sansi da se fati pak ❤️
Zdravo. Imav intervencija so vakum aspiracija vo remedika, so ureden naod bev pustena doma pred 3 nedeli. Na pregled maticniot vika deka ne e doiscisteno se ubavo, ima zaostanato tkivo,no da pocekam da dobijam deka bi trebalo da se iscisti so menstruacijata. Imal nekoj vakvo iskustvo ili sepak ke moram povtorno sega na kiretaza?