Јас мислам да отидеш пак во Ремедика на контрола, чудно ми е ако ти рекле дека се е во ред по интервенцијата.Ај ако сакаш пиши ми порака ,јас не можам да ти пишам затворен ти е профилот.
Јас имав иста ситуација, во Систина со вакум, на прегледот матичниот ми кажа као има малку останато ќе мора изгледа пак доколку не се исчисти кога ќе добиеш. Ќе почекаме. Добив и најверојатно само се исфрлило, се ми беше ок на другиот преглед.
Здраво дали знаете што значи ова PA? Пишува па со d (димензии 43 мм) се работи за инкомплетен спонтан абортус.Веројатно е постелка бидејќи гестациски сакус нема ама не сум сигурна..
Хеј здраво. Шеста недела од бременост, после направениот тест, еве веќе 5ти ден како крварам. Дали мислите дека имам шанси плодот да е сеуште задржан, на ехо не се гледа ништо, рекоа или е многу рано, или е вонматерична или е исчистено со крварењето…некој сличен случај на мојот? Следен термин пак во вторник.
Дали пратиш како се движи бета HCG? Додека не се гледа на ехо, таа е прв индикатор за тоа дали се е правилно и како што треба. Дали то дадоа нешто за подршка ?
Здраво на сите, За жал мора да ви се придржам во оваа тема. Имав мисед во 10 недела. Поминав и киретажа. Знам дека веќе е касно за било какви испитувања, но јас сакам да направам неколку. прашањето ми е дали можам сега да ги направам со оглед на тоа што сум моментално на антибиотик и денес примав анестезија за киретажата. Сакам да ги знам следните параметри Д-димери, витамин Д, фолна киселина, протромбинско време, целосна крвна слика со црп Сакам да ги испитам сега додека сеуште е рано после киретажата, а дополнитено после еден месец сакам да почна со комплетни испитувања, сите кои беа спомнати овде на форумот. Дали знае некој утре дали работи Биотек или Авицена, да ги направам испитувањата?
Утре не работи ништо со оглед на тоа дека е празник жал ми е за твојата загуба нема зборови што би те утешиле јас го поминав истото не се доисчитив кога имав спонтан.. Пиши ми лп ќе ти кажам се што те интересира во врска со испитувањата.
Според мене почекај, сега се’ ти е хаос во организмот, хормони измешани… почекај минимум барем 2 месеци и испитај си. Сега може да не ти покаже нешто како што треба па ќе се нервираш.
На следниот циклус ќе си испиташ тромбофилија, лупус, афа, ана, хемостаза, сето ова го имаш на трансфузиологија ќе те испрати матичен гинеколог. Па врз основа на тоа ќе видиш дали треба метилирана фолна, б12, аспирин, клексан. Мисед се случува најчесто ради лоша циркулација, но не мора да значи али сепак испитај ова што ти кажав.
Da pomine najmalku 2 do 3 ciklusa pa pocni so ispituvanja. Organizmot posle missed e vo haos! Daj mu vreme da se smiri. Jas imam ispitano se sto postoi kako pricina, ne ja najdov pricinata za moite missed. Mnogu ne se opteretuvaj so ispituvanja, organizmot si pravi prirodna selekcija i ednostavno embrionot ne bil dobar, bidejki ti e 10 nedela, ne se deli pravilno embrionot. Tuka moze da bide pricina trombofilija ili genetika. Toa e toa. Bez panika, ne e strasno, ima resenie, samo odmori malku prvo i relaksiraj se P.S d dimeri nema da ti se relevantni, si imala kiretaza, pokaceni se radi intervencijata. Krvna slika ne ti dava odgovor za pricina za missed, crp moze da ti e pokaceno intervencija si imala, primas antibiotik)...odmori i misli deka nareden pat nema da ti se sluci So srekja
Благодарам многу. Дали за овие испитувања е важно кој ден од циклус или не? Го разбирам објаснувањето на докторите природна селекција во 70% од случаите, но што правиме со останатите 30 ? Дали треба 3 пати да преживуваме спонтани и киретажи па после да почнеме со испитувања кои траат со месеци? И на крај сме изгубиле години без врска. Планирам да почекам со нареден циклус и да почнам со проверките. Секако ќе поминат месеци, па барем за 6 месеци од сега да можам пак да пробам за бременост. И уште нешто, дали ова се може да се испита на приватно, доколку не најдам термин државно? Која лабораторија ги прави?
Jas dva pati dozivuvav kosmari so spontani. Tie 6 meseci pauza iskoristi gi za ispituvanja. Kariotip na privatno samo Sistina, posledno bese 8500 za eden, moze sega da e smeneto Drugo se sto e hormoni ti e 10 pati poskapo ako ne i poveke na privatno, toa mozes vo klinicka biohemija ili vo zdraven doma poopremen. Trombofilija mozes Avicena ili Klinika za transfuzija, ima redovno termini. Edino tesko se ide do termin i se ceka rezultat za kariotip, za se drugo imas termini na klinika. Kako mislite i ste spremni finansiski taka napravete, so srekja i so uspeh naredna bremenost
Прво да испита мутации... Ја првата бременост ( заврши со спонтан ) после недела ипол почнав со клексани и не се развиваше добро ми рекоа природна селекција и стрес. еве втора бременост само со напраив тест си почнав со клексани истиот ден и фала му на Бога се е добро терам 12та недела. Сега мислам дека спонтаниот ми беше ради клексаните. мојата бивша матична ми рече дека нема потреба од одма клексани иако имав извештај од Јани од позитивен тест клексан а според неа прво требало срцева акција да има па после.
Почекај минимум 2 циклуси да ти минат и почни си со испитување. Пап, торч, микробиолошки брисеви, хормони, генетски мутации, тромбофилија, д витамин, инсулинска резистенција, антитела, кариотип, дна фрагментација за сопругот…(ако заборавам нешто некој нека ме дополни).
Здраво повторно, за жал хцг-то падна, го изгубив бебенцето. Имам неколку прашања. Живеам во германија и овде од кога потврдија дека е хцг-то паднато ме испратија дома, веќе 8ми ден крварам, и имам болки, што не се за занемарување. Ми рекоа дека “можеби ќе се исчисти” со крварењето. Но ми нема никаква смисла.Утре имам термин кај матичната. Што да очекувам? Дали повторно ќе ме гледа на ехо да види дали сум скроз исчистена или секако прават киретажа?