Прво ќе те погледнат на ехо, со спонтан се чисти телото повеќе дена, отколку со циклус. За болката мене ми кажаа да се напијам она што пијам за болка. Ако не е исчистено се најверојатно ќе ти дадат капки да се доисчистиш, па ако и со капките не се исчистиш тогаш киретажа.
Здраво и добра вечер, Мојот проблем е веќе подолго време 3 пати природно Бремена со спонтан од 7 до 9 недела без срцева акција и едно неуспешно инвитро. Дали некој имал проблем со тромбофилија затоа што ми рекоа според генетските испитувања да пијам пронизон, фолна д3 и кардиопирин но некако пронизонот се тешки таблетки па ве молам за мислење дали имате искуство
Здраво, ако можете да споделите искуства со менструален циклус по спонтан абортус (во мојот случај 16та недела). Првиот циклус го добив на 40 дена, сега вториот повторно 5 дена ми доцни, бев кај матичната по првата менструација беше се исчистено и имав фоликули, не знам дали е нормално пак да доцни малку ме загрижува
Здраво, Истото и мене по киретажа многу малце, потоа исто така и сега повторно чекам за да ми дојди и да правам испитувања односно брисеви. Докторот ми кажа дека е нормално да доцни
Јас добив после два месеци од киретажата (во меѓувреме полудував, мислев никогаш нема да добијам), а од тогаш тргна редовно, на 28 дена. До сега мислам дека добив 6 пати. И мене многу ми беше страв и уште ми е дали ќе добијам. Секој месец исчекувам.
3 do 6 meseci posle kiretaza organizmot se regulira i obnovuva. Na nekoj mu docni, na drug porano mu ide ciklus....se e toa dodeka si se vrati vo ramnoteza. Bez griza
Здраво девојки, на 09.08 имав киретажа и денеска ми е 41 и уште немам добиено. Првиот пат кога имав киретажа добив по 25 дена. Дали имал некој слично искуство? Што би можело да е причината зошто уште немам добиено, ме загрижува целата ситуација.
I jas bev isto kako tebe. Prviot pat po kiretaza mi dojde na 30 dena. A sega mi dojde po 42 dena. Razlicno se oporavuva organizmot, taka mi objasnija barem mene. Kontaktiraj go maticniot za sekoj slucaj
Zdravo dali moze edno prasanje bremena sum skoro eden mesec no eve edna nedela krvaram bez prekin deneska bev kaj mojot maticen ginekolog i ona mi rece deka sum imala spontan abortus a dali moze nekoj da mi pomogne
Дали испита бета, испитај си, па за 2 дена повторно ама во истата лабораторија, да знаеш на што си. Крварењето не значи секогаш и спонтан, сега не знам кај тебе дали се видело, плод, сакус, срцева акција.. Јас би си побарала и второ мислење ама и бета испитај обавезно.
Јас после два месеци добив. Дента кога добив немав никакви симптоми за добивање, само глава ме болеше еден ден претходно. Точно знам како се осеќаш. И цело време се плашам секое наредно добивање дали ќе се случи... Не би правела киретажа вторпат. Се надевам дека ќе нема потреба.
Јас се убацувам да прашам... Моја блиска минува низ ова. Поточно не спонтан туку кога плодот прекинува да се развива во рана бременост и ова се случува 2 пат. Сеуште нема ништо испитано. Инаку има веќе ќеркичка, заедно бевме бремени со првото. Навратив на темава да видам што се најчести причини и што се испитува. Во некои постови видов во склоп на други испитувања се испитува и витамин Д. Како е поврзан со губење на бременоста? Инаку жената со првото е породена царски и некој и рекол дека можна причина е да има некој израсток на лузната во матката (ако добро разбрав) и ембрионот да се вгнездува таму па да стопира со развој. Дали некој има слушнато за вакво нешто? Секако ќе се консултира со доктор, сеуште е скоро од последната загуба и двете сме вознемирени и само читаме...
Нека си испита генетски мутации за тромбофилија, лупус, антитела како ана, афа. Некогаш првите бремености поминуваат како по книга дури и да се полудиш дека имаш мутации но сепак со втори бремености се случува ова што го имаш пишано. Плодот ако се закачува кај резот највеќе е ризик за спонтан и да се одлепи, ама 2 пати да и се случува не е до резот, нека направи и преглед на внатрешноста на матката пред наредна бременост да се види што се случува.
Pricini ima milion, mnogu zavisi do godinite, bidejki e klucen faktor za kvalitetni jajce kletki i spermatozoidi. Toa sto e so rezot, ke treba mozebi laparoskopski da se vleze, da se vidi matkata. Najbitno e da proveri trombofilija i avtoimuni zaboluvanja. I jas sum so dva spontani, dijagnoza nemam, imam 40 godini i tuka e problemot spored mene
@Brpbrp @Blondie715 благодарам за одговорите. Многу често слушам вакви искуства за второ дете. Имам познаничка па што воопшто и не може да забремени после првото а тоа веќе 10 години има.А зошто витамин Д се испитува за мисед? Јас сум со дефицит па се загрижив каква врска има. Јас сакам за второ да се обидам и ме фати страв иако знам со суплементи се средува ама јас ако не внесувам така, преку храна само не можам.
Пред да земеш вит Д да пиеш, испитај си концрнтрација Генерално не е клучен фактор, али ако си во план за бременост, испитај
Кажете мислење: бета хцг 290. Абортус со апчиња, после 10 дена 260. После 2 седмици од 260 на 388. Ме гледаа двајца лекари и кажаа дека се' е исчистено. Ве молам за мислење....
Испив апчиња испадна се' од мене. Бев на 2 прегледи и ми кажаа дека нема ништо останато. Прегледав хцг и беше паднато од 290 на 260. Ми рекао дека е чудно и да испитам за 2 седмици повторно. Е сега наместо уште да паѓа се качило од 260 на 388 за 2 седмици