Освен ако не е исчистено се, понекогаш треба време за нивото на бета хцг комплетно да го напушти телото, а имам читано дека некогаш знае нивото малце да се качи пред да почне да паѓа. Чим не се гледа ништо и да останало нешто ваљда е малце и ќе се исфрли кога ќе добиеш. Докторот што вика, која може да е причината?
Бета не смее толку споро да паѓа, а не па да се качува. Не се плаши, што и да е ќе се реши ама според мене оди одма во државна.
Докторот вика има неколку варијанти ама ништо не можам да ти кажам. Треба да се следи лабораториски во Скопје.
Преспоро паѓала и првиот пат кога си ја проверила, затоа и се чуделе. Не гледам голема веројатност да се два пати згрешени. Не си од Скопје?
Не сум имала. А и да сум имала невозможно е да се забремени додека нема овулација. Јас тек пред 3 дена престанав да крварам
Мислам дека во оваа ситуација можно е да те хоспитализираат за да те следат. Имај на ум да си понесеш потребни работи за секој случај. Немој да се стресираш, ќе помине
Бетата е мала, на ехо нема да се гледа што е и каде е. Освен да ја пратат бетата мислам дека нема што друго да прават. Тебе твојот доктор што ти рече да правите понатака?
Тргнав од себе, дека по киретажа крварев 8 дена, 12ти ден имав овулација. Мислев и кај тебе можеби ако пред две недели доволно паднала бетата, си имала овулација и така. Сум читала по форуми останати бремени и пред да добијат прв циклус по спонтан, па се понадевав да не е таков случај, не знаев дека тек сега престанало крварењето.