Искрено и кога си бремена можеш да овулираш од другиот јајник и да се оплоди после 2 месеци и таа јајце клетка или 1 месец разлика има неколку случаи каде се случило ова. Јас годинава имав биохемиска како што крварев 8 дена после 3 дена имав овулација к пак останав бремена и еве сега 32ра недела сум
Здраво , Повторно јас би сакала да прашам дали може ми рекоја дека сум имала стрептококи (мислам дека нормално ја напишав) дали
Pred 3 meseci pravev kiretaza i od togas 2 pati mi dojde menstruacija normalno a sega poslednite 2 nedeli koga odam vo toalet ili ima nekoa crveniska boja na toaletot ili ostatoci od krv so ligava materija ama ne sekojpat dali e toa normalno ili nesto ne sum vo red ako ima nekoj iskustvo
Da ve prasam, kolku dena posle spontan krvarevte? Jas posle invitro, vo 6 nedela mi proglasija spontan, ne se vide nisto na eho i po prekin na terapija dobiv po tri dena na 6 okyomvri. No krvarenjeto mi traese 10 dena, prekina dva dena i denes gledam malku pak ima krv. Dali e normalno? Inaku na nekolku pati izelhoa ko mali parcenca ligava, gusta krv
Јас исто околу 10 дена крварев после киретажа, после ми прекина и за неколку дена, околу датумот на последниот циклус пред бременост, пак прокрварев два-три дена по малку. Ми рекоа дека не е ништо страшно пошто бременоста беше постигната со инсеминација и се случувало така. Инаку и мене ми излегуваа парчиња, докторот рече дека е нормално и да очекувам затоа што помалку гребеле при киретажата. Не се секирај сигурно не е ништо, ама ако го мислиш јави се на матичниот консултирај се.
За контрола дали ако случајно добијам ќе може да ме видат на ехо дали се исчистило тоа вон материчното?
Ke napravam utre kontrolno b-hcg za sekoj slucaj, da vidam dali se namalilo, zosto pred da prekinam so terapija, od 1050, beshe padnato na 770, pa utre ke napravam pak.
Сакам да чујам мислење како психички се изборивте после спонтан. Јас лани природно останав бремена но се воспостави вонматерична и завршив на операција. Болката од операцијата не беше ништо во споредба со душевната. Оваа година со инвитро останав повторно бремена, но во 6 недела се случи спонтан. Многу лошо се чувствувам, на моменти се кревам, велам така требало, ќе дојдат убави моменти пак, но се случува пак да паднам и да станувам и легнувам со плачење. Ве молам за совет вие како се изборивте со тоа чувство.
Јас си викам не биле за мене, господ така решил. Им се радувам искрено на сите други бебиња и си го чекам моето.
Јас позади мене имам 3 спонтани абортуси, два се случија оваа година. Само што имав и неуспешно инвитро и мислам дека ова убедливо не само што не е мојата година, туку е и мојата најлоша година. После вториот абортус, кој се случи во Фебруари, се осетив дека имам потенцијал да паднам во тешка депресија. Постојано плачев, се опседнував со читање и пробував да дојдам до некое откритие за причината на проблемот. Самодовербата скроз ми се разниша почнав да размислувам дека можеби не заслужувам, можеби не сум добар човек и слично. Сите околу мене веќе или бремени или со бебе, што е и очекувано нели тие се годините, а јас почнав да се чувствувам како изрод, фалична зошто неможам да го имам нештото што го сметам и дека е целта на моето постоење. Почнав несвесно да им замерувам дури и на најблиските и на сите околу мене. Среќа, сопругот ми беше најголема поддршка и секогаш гледаше да разговара и да не дозволува црните мисли да ми забегуваат. Во еден разговор јас сфатив дека немам спомени од претходната година, дека само сум разочарана, несвесно им замерувам на сите и сум тотално несреќна. Си реков дека оваа борба незнам ни колку ќе трае, неможам да си дозволам да не живеам и да немам спомени. Тоа нема побрзо да ме донесе до целта, напротив само ќе го направи чекањето по мрачно. Почнав да гуглам и за други слични приказни по интернет. Најдов на неколку мотивирачки talks и постови на жени што поминале низ сличното. Почнав да сфаќам дека не сум единствената…Ми текна и на еден муабет од мајка ми, кој беше кажан во друг контекст, ама му најдов и тука примена. А тоа е дека во животот има некои луѓе што едноставно се посебни и како да имаат некоја среќна ѕвезда и стигнуваат до целта без мака, но има и луѓе што треба малце да се помачат, ама со труд и желба нема што не се постигнува. Така решив дека ќе се трудам и нема да се откажам. Спремни сме со сопругот на се и реално на ваков или таков начин ќе дојдеме до дете, само прашање е време кога. Согледав дека сама може нема да можам, па решив да почнам да идам и на психолог. И така со многу работа на себе, водење дневник, давање значење на мислите и стравовите, редовно посетување на психолог, разговор и поддршка од најблиските, радување и давање љубов на дечињата околу мене, наоѓање убавина во малите работи што ме прават среќна, си ја вратив полека самодовербата и позитивната мисла. Се боревме ама и живеев и правев спомени. Кога бидна и третиот абортус во Јули, ме фати инает. Толку многу работев на себе, за сега одеднаш се да падне во вода. Си ветив дека тоа нема да си го дозволам. Од тогаш не дека не ми паѓа тешко. Има моменти кога се чувствувам уморно од се, знам да се исплачам, знае да не ми биде денот и си дозволувам да биде така. Океј е да не бидам океј. Ама до крајот на денот го бришам солзите, слушам некој мотивационен говор и гласно си кажувам дека јас можам да го постигнам ова. Последен “нож во грб” беше сабајлево кога тестот после првото ивф беше негативен. Нормално дека плачев и сабајлево ми беше шит, ама веќе си доаѓам на себе. Тоа е животот не е фер веќе го знам тоа, ама јас и сите ние заслужуваме да имаме дете и ќе имаме еден ден, тоа е најважно. Извини за долгиот пост денес сум и поемотивна. Само сакав да ја споделам мојата приказна и да ти кажам дека не си единствена. Океј е да имаме лоши денови, тоа не не прави помалце силни. Најбитното од се е да не забораваме дека се бориме за најскапоценото нешто на свет и како знаеме и умееме, ако треба и од петни жили ќе ја вадиме некогаш, ама нема да се откажеме и ќе продолжиме да се бориме