На 8ма нед кога си била запрело да се развива... Иако си била 11та, бебето останало на 8ма. Може и затоа рекле само ќе се исчисти, дека во 8ма е помало...
ке се изчиститш сама затоа и те оставаат у најголем случај само се чисти телото па остават затоа у мегувреме ке те следат ако се појаве обилно крварење со оогромни болки посети болница
Фала ти на советите. Пред еден час имав големи болки и падна месо големо 4 цм и добив нормална менструација со црвена крв, па ќе видам што ќе биде до понеделник. Се надевам ќе ме упатат да ги проверам хормоните. Само би сакала да прашам дали пред следна бременост треба да се испитам хормонално целосно за да нема повторно абортус?
Разговарај со гинекологот што ке ти препорача да испитуваш з анаредна бременост Ако си во странство мислам дека нема да ти испитаат ниѓто него ке ти речат дека генетски не бил ок ембрионот и затоа се десило тоа што и е вистина Пушти мозокот у лер за месец два пробајте пак и со добра мисла се ке биде ок
Точно така. Не знаеја да ми кажат причина зошто се случило и не можело да се испита. Ама би сакала да знам дали е до мене и дали да внимавам повеќе на нешто следниот пат
Идентично беше кај мене, по менс. бев 11та недела а развојот запрел на 7+4, само што јас не ни имав крварење и мораше киретажа да правам. Секако подобра опција е да се исчисти само од себе. Ќе отидеш да те видат на ехо дали е све исчистено, можеби и бета да провериш. Во однос на испитувања јас правев генетски мутации, брисеви, пратија во ману примерок од плодот (меѓутоа ништо посебно немаше во рез), спермограм направи сопругот и сеа чекам да ми се стабилизира циклусот за да проверам хормони ама се ова беше на мое барање, матичниот ми рече дека нема потреба ништо да се прави туку си настанала природна селекција. Во главном се беше во ред со резултатите освен некои генетски мутации што сум ги имала ама јас веќе имам едно дете родено здраво право, така да кај двајца гин. одам паралелно и немаат точен одговор зашто се случило. Ти посакувам побрзо и полесно закрепнување, се ќе биде во ред.
Zdravo, pvo zal mi e za toa sho ti se sluchi, jas imav slichna situacija. Bev bremena 11 nedela, no koga bev na eho mi kazaa deka plodot zastanal da se razviva okolu 8 nedeli. Dobiv bolki iskrvariv i teloto go isfrli plodot. Vo stranstvo poveke preporachuvaat prirodno da se isfrli, odkolku kiretaza i tableti. Pozz
Znam deka toa e praktika vo stranstvo, ama jas vo MK ne pominav bas dobro so vakva metoda. Plodot se isfrli posle nenormalni bolki i machenje (bez inekcija apce ili nekakva indukcija) i ostanaa placentarni masi i pak morase kiretaza.
Истото и мене ми се случи имав спонтан абортус во 9та недела,плодот се исфрли на ехо беше потврдено ама имаше плацентарни маси и мораше киретажа. Исто така бев со многу јаки болки и крварење.
Моментално имам менструација нормална. Ќе може ли покрај менструацијава да се види дали има останато нешто внатре?
И јас сношти добив јаки болки и падна дел од мене околу 4 цм беше и сега имам нормална менструација. Цело време се прашувам што згрешив и дали е до мене. Немав никакви проверки пред да забременам а забременив после 1 година обидување. тоа ми беше прва бременост. Вас ви ги кажаа ли причините зошто се случило тоа? Инаку последна проверка на ехо ми беше во 8мата недела и наредно требаше на 12та и ете меѓувреме тоа не се развивало и умрело. И во мк ли на толку дого растојание прават проверки?
Znaci istovo st go kazuvaa, mene mi se sluci. Bev na kontrola za srceva akcija, imashe i taman za skrining mi dade upat za na gak, vo 11+ prokrvarev. Ne ni stignav do skriningot, koga konecno potvrdija deka e mrtov plod, ne mi dadoa nishto, zosto bese vikend, nemoj da im se rasipe dezursrvoto na gospodata na drzhavnive. Me pratija doma so ketonal. Posle isfrlanje na plodot mi tesece epten gadna smrdliva krv duri i itno otidov i moraa da me docistat, da ne fatam sepsa. Bar neso da dadea apcinja, kapki za isfrlanje, oni ne, nishto. Machenje e toa. Inaku i mene mi vikaa prirodna selekcija ama ispadna deka mutacii imam, pa so terapija od transfuziolog bev do sega. I tuka se kontrolite na 4 nedeli inaku. Ne si zgreshila, ne e do tebe, nemoj taka so takvi obvinuvanja koj sebe, ne si stavaj tovar na psiha.
Може ли да ми кажеш кога ти ги правеа испитувањата потоа и што се ти испитаа па дозна дека имаш мутации. За да знам што да им барам ваму да ми испитаат оти овие се толку ладнокрвни и незаинтересирани што нема ништо да ми проверат
многу ми е жал, твојата приказна ме потсети на мојата. и јас го изгубив моето прво бебе во 18 та недела и буквално поминував низ пекол, не знам колку пати ми се случуваше да заплачам на работа и каде не... јас утеха најдов во физичка активност, гледај да не се затвараш дома и дај си време колку што ти е потребно. мојата болка се намали драстично кога останав повторно бремена, сега имам 2 годишна ќеркичка фала богу, ама до ден денес си мислам и на тоа бебе :/
Извини што улетувам, генетски мутации се испитуваат преку крв. Сега не знам како е во странство, ама тука дава упат матичен гинеколог или на приватно. Потоа трансфузиолог според мутациите препишува терапија. Не сум бремена ама јас си испитав да си знам.
Brisevi, nov pap, torch i mutacii pravev po prviot abortus, po vtoriot plus pravevme kariotipi, spermogram za mazh mi i spermokultura i antitela.
Здраво, 9 недела сум но, ембрионот не се развива. Ми рекоа да почекам неделава ќе треба да добијам. Прашањето ми е кога почнавте да крварите? Колку време отприлика треба за да почне организмот да го исфрла плодот. Исто така ми рекоа дека ако не добијам за една недела може да ми дадат апчиња. Јас одбив киретажа. Тука во клиниката ми нудеа некоја киретажа со вакум за да можат генетски да го испитаат плодот. Ме фати страв, не прифатив. Има некој такво искуство?