Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. BO>DA

    BO>DA Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    maceto123 fala ti mnogu daj boze i mene da mi pominit so najbrzo a kakvi antibiotici pies,jas amoxiclav piam vagisan vaginaletki i surup za imunitet zell oxygen,i za kalku vreme se izlece mnogu sum ocajna posto ne sakav posle spontaniot da odolzam mnogu za nova bremenost ama sega ete ispadna ova i neznam uste kolku ke potrae :( se nadevam so naskoro da iscezni :)
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    После спонтан се препорачува 6 месеци пауза за забременување пак.На организамот му треба време да заздрави и да се врати во нормала.
     
    На zalosna, dromka, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Не се секирај се се лечи само оваа е досадна бактерија која се лечи но малку побавно, мене ми требаше еден месец и 2 недели само за антибиотиците, а точно како се викаа сега незнам заборавив оти беа 4 вида, ама и на секој различни даваат ,а тоа зависи и од резултатите од уринокултура на самиот резултат ќе ти пишува кои ти одговараат и докторот ќе ти направи шема од нив. Јас 2 и пол месеци имав секс со заштита и несакав да останам бремена да бидам сигурна дека се излечило. А како што спомна и @joy1 и јас знам дека треба да помине некои 6 месеци после спонтаниот самото тело да се избори од се...Така да сега излечи си ја бактеријата води си љубов опуштено и Бог голем се ќе биде како што треба и ќе се читаме во темата за труднички муабети :*
     
  4. BO>DA

    BO>DA Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    fala mnogu :) pa se nadevam so poskoro da pomine, ne sakav 6 meseci da cekam mnogu mi e los ovoj period i si mislam samo so novo bebce ke mi pomini :( ama ete se pojave ova bakterja sega moram da ja lecam
     
  5. Maneli

    Maneli Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки, јас сум нова на форумов ја имав истата мака како и вие, првите 2 месеци од бременоста ги поминав супер без лошење, повраќање и сл. кога стигнав во 9 г.н. без никакви симптоми почнав малку да крварам, не беше чиста крв како кафена боја, веднаш заминав на преглед и ми дијагностицираа missed abortion, немаше срцева акција и плодот престанал да расте во 8 г.н., страшно го поднесов сето тоа со плачење и трауми бидејќи ми беше прва бременост. Ми направија киретажа во Плодност кај д-р Кристинка и сум презадоволна, по 33 дена од интервенцијата добив менструација, сега чекам да ми завши па да одам на контрола за испитување и се што треба останато.
    Сакав да ве прашам кои испитувања ги правевте и ако знае некој колку би коштале сите потребни испитувања на приватна клиника (по можност ако ги знаете цените од Плодност бидејќи планирам да одам таму), читав на некои места дека кошта 12 000 денари што мислам дека е многу, но ако мора ќе платам и толку само да биде се во ред, искрено во државна болница не ми се оди, немам воопшто доверба во докторите

    Ве поздравувам :)
     
  6. Maneli

    Maneli Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Здраво m.i.g бидејќи гледам дека и ти со била во Плодност да те прашам дали беше на преглед откако ја доби првата менструација после киретажата и дали направи испитувања? Ако имаш информација кажи ми колку коштаат сите испитувања и дали знаеш кога е пожелно да се оди на преглед? Веднаш откако ќе заврши менструацијата или да почекам неколку денови? :)
     
  7. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    првата бременост ми заврши со спонтан...т.е. го водат како Missed abortion:( бев бремена со близначиња, ги изгубив во 9 недела:(,прво имав мал кафен исцедок испаничено се јавив на докторката таа ме убедуваше како не ми е ништо и нема потреба да доаѓам ни на контрола да ме прегледа и вечерта почна се повеќе и повеќе да тече се додека не стигне до чиста крф проследена со силни болки слични на породилни. Станав, се истуширав и директно на приватна клиника со сите претходни ехо снимки каде што ме видоа на ехо и ми утврдија missed abortion, едното бебе починало претходно и докторкава моја не приметила и се створило згрутчена крф и поради него починало и второво,требало да ми стават некоја инекција за да го задржам барем едното:( болките не престануваа и крварењето само се појачуваа затоа што матката ми беше затворена и немаше шанси природно да се исчистам и ме пратија дирекно во операциона сала;(. После тоа ги направив сите можни тестови и испитувања што би можело да го предизвика тоа и не најдоа буквално ништо:?: така да сеуште не знаеме која била точно причината :|
    Многу грдо чувство, а уште погрдо кога ке се најдеше некој паметен да искоментира ладнокрвно дека исто како да не сум била бремена:@:@ дали бебето било 9 недели или 29 за мене не беше битно, болката е иста;(
     
    На Verica 12 и jovana03 им се допаѓа ова.
  8. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    5.781
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам целосно, и јас имав спонтан во 9та недела и мене една блиска личност ми велеше како демек не било ништо, не било уште бебе оформено за да ми биди криво а не е воопшто сеедно дали си 9 или било која недела бремена...тешко ќе ти биди во секој случај. Мене тој спонтан ми го скрати животот за неколку години искрено ;( најмногу ми било жал и тешко заради тоа, ама тоа е нема назад мора да се научиме да живееме со таа рана.Еве сега сум пак бремена ја терам 16тата недела ама таа рана секогаш ќе ми биди на срцето:(
     
    На ZojaP, dromka и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    знам мила ама ете луѓето си земаат за право така ладнокрвно да коментираат за нечива болка. Ни јас никогаш тоа нема да го заборавам, зошто го сакав тоа бебе, беше зачнато со љубов и беше планирано:(
    6 месеци несмеевме после тоа да пробуваме за бебе, а откако почнавмее да пробуваме бев опседната со тоа да имам бебе и дури после 6 месеци останав бремена т.е. точно кога ги изгубив близнаците останав бремена со ова бебче, сега сум 20 недела. Фала богу сега за сега си е во ред си расте како што треба
     
    На ZojaP, Aleks1234, dromka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LostHope

    LostHope Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Нова сум на форумов, ама се имам изначитано на темава на сите форуми на кои имам наидено. Бидејќи темата за повторувачки абортуси не е многу активна, ќе го споделам моето искуство тука.

    Останав бремена на почетокот на минатата година. Прво не знаев затоа што не се обидувавме со партнерот (тогаш се уште ми беше дечко). Кога отидов на гинеколог, тој не виде срцева акција и плодот беше многу мал за времето, па некако одма знаев дека нешто нема да биде ок. Но, и покрај моите сомнежи, физички се чувствував одлично. По една прошетка низ Сити мол прокрварив и останатото го знаете... Ова се случи на почетокот на 10-тата недела од бременоста. Ми направија киретажа и тука се заврши тоа.

    Си продолжив со контролите и потребните тестирања, водев здрав живот и пак забременив во септември. Тогаш не направив ни тест, ама веќе си ги знаев симптомите и сакав да отидам на прв преглед директно во 6. недела. Вечерта пред мојот преглед прокрварив. Напрегнатоста во градите скоро инстантно ја снема.

    После повеќе од пола година, повторно забременив. Знаев бидејќи пак инстантно ги добив симптомите. Не знам дали и вие имате толку јасно изразени симптоми (мене одма ми се затнува носот, ми се прави перут и ми се суши косата... ова од оние понетипичните симптоми). На денот на имплантација (што точно ми излегуваше тогаш по календарот) прокрварив пак. Прво се израдував бидејќи беше бледа кафеава крв и тоа ми беше потврда дека сум останала бремена. Но утредента се разбудив со многу крв и повторно како издишана во градите. Оваа бременост траеше една недела од зачнувањето.

    Имам правено микробиолошки тестови, ми испитуваа фактор на коагулација, фосфолипиди... И тоа дека јас си инсистирав после вториот. Се беше во ред. Сега ме чека нова серија испитувања.

    Знам дека не е крај на светот и ако се случи три пати. Има и пострашни искуства. Но, после третиот статистиката не оди во прилог. За после првиот се вели шансите да се повтори се многу мали, дека ќе се повтори после вториот уште помали, но кога веќе станува збор за повторувачки абортус, шансите за следен се зголемуваат со секој нареден.
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    А зошто не се испиташ по детално, може имаш некој спептум, нешто што спречува плодот да се равива? Исто хормони си имаш ли испитано?
     
  12. LostHope

    LostHope Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Немам се, порано тироида имам испитано, имаше минимално покачување. А после двава спонтани не сум проверувала, знаеш докториве ги сметаат за нормална и честа појава и не праќаат одма на испитувања. И тоа малку што го направив јас си барав. Сега ќе видиме од понеделник, се по ред.
     
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    13.517
    Пол:
    Женски
    Ауу никако, како нормална појава. После еден не е нормално а не па после 2 или 3. Барај испитувања секакви да правиш, немој да забременуваш пред тоа, пази се. Не за друго не ти требаат нервози, трауми и можеш да ја уништиш матката со киретажите направени.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LostHope

    LostHope Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Една киретажа правев само, и не беше нешто инвазивно. Чисто превентивно сакаа да ме дочистат затоа што беше малку подоцна во бременоста, инаку плодот скоро сам испадна (за жал го видов тоа). За другите два немаше потреба.

    Инаку еден до два абортуси се нормална и многу честа појава. Работата е дека и докторите не сакаат да ги паничат пациентките предвреме, па затоа не упатуваат на тестирање додека не се случи трет пат. После три веќе се смета за повторувачки спонтан абортус, и тогаш поинаку се пристапува кон пациентката.

    За овој третиов јас знаев затоа што веќе знам како изгледа бременост. Некоја што не била бремена или не чувствува толку силни симптоми би помислила само дека порано и дошол мензисот.

    Дефинитивно треба многу пазење сега и заради стресовите и заради тоа што после 3 со секој нареден шансите за идна успешна бременост се намалуваат.

    Да не се преселевме со сопругот, можеби ќе беше подруго. Ама вака, живеам на другата страна на светот, за поубаво секако, ама во најголем дел од времето сум сама дома и некако да немам наскоро дете не ми беше опција. Но, тоа е што е... Кога се мора ќе се чека.
     
    На Verica 12 и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  15. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Feminki denes mi kaza doktorkata deka moeto bebence nema srceva akcija, a sum vo 9 nedela. Treba da pravam kiretaza ama imam uzasno mn strav. Kazete iskustva I kade da odam. Mn mi e tesko ne veruvav deka ova ke mi se sluci. Izvinete za latinica od mob pisuvam
     
  16. iva78

    iva78 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Macunka ne se plasi ne e strasno jas dva pati so potpolna anestezija. Te zaspivaat ispies pola sat.posle toa nemas bolki samo krvaris nekolku dena.zalam za toa so ti se sluculo.miras napred I so novi sili...ne se plasi ...so ubavo da pomini sve utre
     
  17. *sisi*

    *sisi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2014
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Macunka i jas imav abortus. vo 6-ta nedela vo Sv.Lazar, mi stavija celosna anestezija znaci nisto ne osekas apsolutno nisto, posle toa te budat i taka nekoi 1-2 casa lezes dodeka da se stabiliziras, vo meguvreme mi pravea nekoi ispituvanja za HPV,SIDA uste edno imase ne se sekavam site za sreka mi bea super negativni. Posle toa d-rot mi prepisa antibiotik i kapki
    Methylergometrine, i sledniot mesec najnormalno si dobiv menstr. taka da nisto strasno sto e tvoe ke si dojde. Ne dozvoluvaj samiot stres da te pobedi ne si prva ni posledna. pozdrav
     
  18. LostHope

    LostHope Нов член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Самата киретажа не е воопшто страшен процес. Јас лично отидов на клиника и сум презадоволна. Во вечерна смена се погодив и сите беа многу коректни, од сестри и доктори до пациентки. Условите се одлични откако е реновирано. Емотивната болка е многу поголема, но важно е дека поминува со време. Шансите да биде се супер следниот пат се на твоја страна. Со лесно!
     
  19. macunka

    macunka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Blagodaram feminki na odgovorite. Se nadevam denes ke otidam na kiretaza I se ke pomine.Od doma me sovetuvaat da pocekam sama da go isfrlam ama Ne mozam ova bese najdolgata I najlosata nok za mene.
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.799
    Допаѓања:
    325.278
    Пол:
    Женски
    Никако дома да чекаш.Парчиња може да ти останат и сепса да добиеш.Ке си одиш на лекар си имаат они анестезија,инструменти ,ехо и ке те исчистат за 15 мин.
     
    На Maceto123 и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.