Nisto zastrasuvacki ne e, dva pati minev nis taa procedura. Zavisno koja nedela si ili so apcinja ke se iscistis sama ili kiretaza.
Podobro e so apcinja ako moze, toa pravi procenka doktorot vo zavisno od golemina na plodot. Jas dva pati so kiretaza bev i pominav dobro
После медикаментозен абортус, колку дена крваревте? И дали денот на исфрлање на плодот имавте обилно крварење? Пс: имав мисед и се одлучив на ова.
Жал ми е што поминуваш низ оваа состојба, ти посакувам побрзо да пребродиш и да се радуваш на здрава и успешна бременост. Јас бев со киретажа па немам баш лично искуство за медикаментозен аб. ама другарка ми беше со медикаментозен пред месец и пол и она ми кажа дека денот кога го исфрлила плодот и следниот ден имала обилно крварење и јаки болки, слабо крварење имала 8 дена. Споредбено со мене физички закрепна побрзо и си доби циклус на време.
Normalno e, ke ti dadat i kapki, jas po dve dozi piev iako so kiretaza, bitno e dobro da se iscisti. Ako te zagrizuva i e mnogu obilno krvarenjeto i ponatamu, potrebno e na lekar da se obratis
Немам обилно крварење, да не речам како прв ден менструција може ни толку, затоа ме интересираа искуства.
Zdravo, denes bev na lekar bebeto prestanalo da ima srce, 11 nedela sum E sega maticniot sabajle mi kaza da se napravi kiretaza i da se odnese vo manu, a vo gak dvajca doktori mi rekoa so medikamemten abortus so tableta Sto e podobro, koj nacin ve molam za mislenje preplalav denes cel den
Многу многууу ми е жал што поминуваш низ оваа ситуација.. исплачи се нека ти олесни, со тек на време се намалува болката. Јас пред 4 месеци бев на киретажа, интервенцијата е рутинска и завршуваш за 15мин, за 2 саати веќе ќе те пуштат дома. Од резултатот во ману не очекувај многу, затоа што ретко кој добил некое објаснување зашто настанал абортусот. Ако ти предлагаат од ГАК медикаментозен аб. јас би ги послушала. Да сум сега со овој ум дефинитивно би одбрала медикаменозен абортус.
Од Ману можеш само да дознаеш дали било со синдром или не, повеќе од тоа нема да дознаеш. Јас така исто инсистирав и немаше синдром, а зошто имав абортуси ден денес никој не знае, препишаа на мутации. Јас се одлучив за киретажа заради ова, сега да се навратам веројатно би пробала со медикаментозен. Знам и мојата матична не беше за медикаментпзен а во Систина ме советуваа да одам на ГАК за медикаментозен, за да нема гребење. Како и да одлучиш, со лесно да биде, жалам што поминуваш низ ова, боли во душа. Собери сила и правец на испитувања едно по едно дур ди дојдеш при себе. По медикаментозен можеш одма да пробуваш, по киретажа 3-6м. Но мој совет, прво испитајте се, може ќе треба терапија од типот на аспирин пред бременост, клексан во бременост и слично.
Јас пред неколку дена исто се одлучив за медикаментозен како најнеинвазивна метода, поради истата причина… Болки јаки имав 2/3 часа.
Здраво вчера бев на плеглед и д-р ми кажа одлепена плацента и срцева реакција прекината во 10+3, а јас вчера правев 12+2. Утре одам на киретажа и ве молам за искуство дали е поминато многу време или има некој искуство како оваа ,и дали поминало без последици за во иднина. До вчера примав терапија бев инвитро.
Многу ми е жал што треба да поминеш низ сето ова. Кај мене исто снемало срцева реакција во 8 +4 недела а јас дознав во 10. Ме направија класична киретажа со гребење, ми рекоа дека помалку гребеле и дека ќе имам повеќе крварење со парчиња, затоа што ми беше прва бременост, за да не оштетат нешто. После на контрола се’ беше во ред. Не плаши се од процедурата, се’ ќе помине како што треба. Те гушкам.
Фала многу за споделеното искуство,и за дадената подршка која и многу ми значи. Се надевам на најдоброто но сепак постои страв за поматаму .
Може некој да сподели искуство со медикаментозен абортус колку дена се крвари, јас веќе скоро и да немам крв а веќе е 4 ти ден Првиот ден имав ептен обилно крварење ама после од следниот ден почна да се намалува Дали е нормално ова?? Во гак ми рекоа дека ќе има крварење од недела до три недели плус и капки пијам уште, ама незнам дали да ја завршам терапијата со капките па да одам на лекар или порано да одам?
И кај мене ми констатираа плод без срцева акција од 8 недела, а веќе 13 требаше да бидам. Утре ќе одам на медикаментозен абортус. Со лесно на сите нека ни е. Како Господ никој не е