Јас само 3 часа имав обилно крварење, нема 2 дена од мед. абортус јас сосем малку имам. Ми рекоа нетреба да крварам повеќе од 4 дена.
Zdravo srceto na bebeto prestana vo 7 nedela da cuka i se odluciv za medikamentozen pred dve nedeli. Denes bev na pregled ima uste materijal i doktorkata ne saka so kiretaza pa mi dade citotek za da se docistam.nekoj so slicno iskustvo kako e podobro so kiretaza ili pak so apcinja? Da napomenam vtor spontan mi e
Пробај уште еднаш со Цитотек, не е штетно. Посакувам да се исчистиш, но ако пак не се исчисти тогаш оди на киретажа.
Vcera probav so citotek i imam kako kafeavo vcera i denes no nr krvatenje neznam kolku r normalno za neloj den sun na kontrola. Doktorkata ne saka da me cisti so kiretaza zosto imam i miom. Dali ako ne sum iscistena moze da se ceka do sledna menstruacija za da se iscistam? Imate nekoj vakvo iskustvo
Не знам. Сепак се остатоци од бременост и мислам дека не би требало долго да седиш неисчистена. Докторката ќе ти каже најубаво, оди и на второ мислење ако има потреба.
Здраво! Дали има некој искуство со необјаснети повторливи спонтани? Имам веќе 4, со инвитро сите, на две различни клиники. Направени сите испитувања за кои знам, тромбофилија, имунологија, кариотип, хистероскопија... Последниов пат бев покриена ама баш со сѐ од терапија. Клексани, пролутекс, депо, циклогест, дабростон, сиофор, еутирокс... Ама пак се случи истото. И докторите немаат веќе ни објаснување, ни идеја како да продолжиме.
Не се разбирам многу на темата инвитро, ќе ми извиниш ако тропам глупости. Имам две неуспешни бремености во рок од 6 месеци, настанати по природен пат. Не најдов проблем кој би укажал на причината за неуспехот и имам страв да се обидам за нова бременост. Разговарав со инвитро специјалист и ми рече да соберам сила и да се обидам уште еднаш и ако пак се случи исто да одам со инвитро со тоа што (ако не сфатив грешно) ќе се испитаат ембрионите дали се во ред. Дали сте пробале со тоа?
Здраво, немам искуство со ин-витро, но имам доста прочитано на темава. Дали е исклучена бактерија на ендометриум? Имаш ли направено брис од ендометриум? Имаше и тука членки на форумов, не памтам точно кои беа, што имаа успешна бременост после неуспешни инвитра, откако открија и третираа бактерија во матка. Тоа сценарио мене ми текнува... во тие случаи брисевите беа чисти, воспалението се виде со брис од ендометриум.
Тоа е ПГТ, немаме правено до сега, само newborn го нудат тоа колку што знам, а до сега бевме во други клиники.
@Angella7 И јас не сум сигурна дали се испитуваат кај нас но можеби ги има во соседството. Се надевам ќе има некоја членка искуство да сподели. Инаку поврзаност се гледа преку тоа дека го препознаваат ембрионот како страно тело и делуваат му дејствуваат негативно.
PGD ti treba.....kaj nas nema. Care da si baras vo stranstvo Ne znam sto pokriva siofor, inaku ti treba vo terapija vajda i kortiko....drugo ne znam ni jas
Девојки како ви е ситуацијата со циклусот после спонтан или предвремен пораѓај? Кај мене се случи пукање на водењакот во 18та недела каде бев породена предвремено природно, прв циклус добив по 40денови. Сега вториот повторно изгледа доцни…денес е 29ти ден. Како беше ситуацијата кај вас?
Од третиот циклус веќе имав некое стабилизирање. Кај мене па вториот циклус многу кратко траеше. Нормално е да биде сѐ пореметено во првите неколку месеци.