Dobar psihilog i dolgi prosetki donekade moze da pomognat.Kaj mene tesko odi se zatoa sto se poklopi so problemi i so drugoto dete pa vlegov vo nekoja epten crna zona.
Здраво... и јас сум во слична ситуација 22 + 4 предвремено породување пред 12 дена бев отворена 9цм, бебе во родилен канал и ме породија. Немам крварење никакво и не сум била на контрола сеуште... не знам ни што да очекувам после ваква траума...
Баш мие жал, како се случило тоа дали имаше некои болки или симптоми нели можеше да се среди со серклаж
Немаше ништо што укажува на тоа, никакви промени, ни болки, ни крварење, сукрвица - ништо, појдов на кафе до чаршија но како се движам осетив умор, како да ме притиска стомакот ниско многу, веднаш појдов кај матичната да проверам од што имам таков притисок излезе дека сум 9цм отворена, и бебето е во родилен канал во таква ситуација нема назад - претпоставувам серклажот требало да се направи порано во 4ти-5ти месец бидејќи е бременост после конизација/скратено грло на матка.
Страшно еј, па нели ти мереше грло матичната на 2 скрининг, сепак си 5 месец нели 22 недела до која се недела се прави нз баш. Сигурно е многу болно тоа, жал мие како и да е биди цврста ❤️
Да, јас секако спаѓам во ризична категорија, на почеток грлото беше 3,5цм на последна контрола 3цм и сепак не ми предложи серклаж... мислам дека поради гужви со термини и пациенти некако доста неодговорно "водење на бременост". Никому не посакувам такво искушение во животот, физички човек закрепнува што и да е ќе помине, но емотивно после таква трагедија не се заздравува ни брзо, ни лесно, но ете човек мора да продолжи со животот колку и да е тешко
Ах, колку само боли... Мораш да стиснеш заби и да бидеш силна, за да продолжиш понатаму. Оваа е траума што ни на најголемиот душман да не му се случи. Најубаво ти ја разбирам болката.Исто во 5месец ги изгубив близначињата и се породив. Поголема болка од ова нема. Ќе ти речет ќе помине со време ќе заборавиш. Не се заборава. Јас и ден денес плачам на улица кога ќе видам близначиња. Ќе ти биде тешко, но мораш да се избориш. Ми беа потребни месеци за да тргнам во нова битка. Паѓав психички, но се кревав.Желбата да бидам мајка беше поголема. И ете после таква траума успеав да станам мајка на едно сонце, што ми ја топли душичката. Од ти посакувам едно да ти ја стопли душичката како мојава... Силно те гушкам
Да, кај мене беше иста ситоација само што јас природно останував трудна првиот спонтан беше во 21ва недела другите во помала недела. Моја топла препорака Др Митко Ивановски во систина да даде мислење за ситоацијата. Не сум стручна меѓутоа мислам дека серклаж дали обичен во почеток или трансабдоминален пред бременост би ја спасил следната бременост. Точно знам низ што поминуваш само упорност и смиреност се ќе биде.
Ќе ве,молам за искуство, 1 месец после миссед и медицински абортус уште имам позитивна бета на тест за бременост, дали е нормално?
Јас имав позитивна бета после месец дена од медикаментозен, некаде околу 1000 и ме правеа киретажа бидејќи се сомневаа дека не сум добро исчистена со апчињата
Moras da meris kvantitativno, za da vidis dali pagja i vtoro, testovite ne se bas relevantni za vakvi postapki, ke si odis na bhcg i zadolzitelno doktor ubavo da te vidi na eho
Девојки здраво, За жал повторно се вратив на оваа мрачна тема.Жално е колку не има.Да ви ја раскажам и мојата судбина.Пред околу 8 месеци прв пат останав трудна и тоа по само еден обид,многу се радувавме со сопругот.Закажав преглед кај матичната,ми ја потврди бременоста ми даде некои витамини.Мислев се е така лесно и дека ќе си се радувам на бременоста но животот ми ја удри првата најголема шлаканица по само 7 недели кога ми кажаа дека бебето не се развива,нема добиено срцева акција и дека треба да се отстрани.Тука започна мојата агонија.Абортирав со медикаменти.Се влечев 5 месеци по болници и 300 испитувања (тромбофилија,генетски мутации,торч тест,брисеви,некои разни испитувања на ревматологија и што ли уште не) физички се исцрпив а да не зборам психички.На крај се заклучи дека абортусот го препишуваат на некои мутации што ми беа пронајдени и некои промени во тромбофилија.Веднаш по препорака на трасфузиолог и гиниколог започнав со терапија за тромбофилија(дозиран аспирин прво по пола па ми менуваа цел по потреба зависно резултатите).После 5 поминати месеци се обидовме повторно со сопругот и повторно останав бремена по првиот обид.Изгорена од првиот пат се трудев максимално бременоста да не ја споредувам со предходно и да се се плашам,но сепак колки и да се трудев имав огромен страв да не ме снајде истото.Бев на гиниколог ми ја потврди бременоста и земав соодветна терапија (многу повеќе од првиот пат фолна од 1000,б12,б6.дабростон,витамин д,магнезиум,аспири.Поради првиот случај ми беа зачестени контролите и кај гиниколог и кај трансфузиолог се беше добр,слушнав и срцева акција неколку пати.Во 11 недела ја попив и втората шлаканица од шивотот.Почнав да крварам незначитело и по три дена со консулатија на гиниколог дека ништо не ми е дека тоа е нормално да го зголемам дабростонот и случно.отидов на преглед кај матичната и виде дека бебето ми умрело и дека треба да го абортирам.Абортирав во систина со вакум и плодот го однесов во ману на испитување.Загубата ми е огромна,многу сме покостени со сопругот,тој ми е голема подршка ама и него ич не му е лесно.Сега следно чекам резулатти од ману и треба да направиме кареотип (првиот пат никој не ни кажа за тоа).Од ваше искуство што уште треба да испитаме,и да ми препорачате некој гинеколог што има поголемо искуство да слушнам и други мислења.Извинете на долгиот пост но морам некаде да се исповедам.Се надева од срце дека еден ден и ние ќе си дршиме среќички во раце <3
Прво ќе ги почекате резултатите од Ману, да видите дали имало проблем со хромозомите. Второ, побрзо земај упат за кариотип зошто се чека многу. Трето, ао немаш направено антитела на имунологија, да направиш и тоа. Одново земи брисеви и пап (за секој случај), ама треба и маж ти да се испита, не само то. Остануваш лесно трудна, спермограм мислам не ви е потребно, ама спермокултура да. И на крак, 4Д ехо, дали се забележуваат промени во матката дали можеби би требало хистеро да направиш. Со лесно.
Многу многу ми е жал што го поминувате ова по втор пат.. господ сила да ви даде да го издржите периодов и во скоро да си имате полни раце среќа. Имав и јас мисед пред 6м и еве сега сум трудна, рана бременост ама искрено ми е*а мајката психава.. уште правам тестови и се боцкам за бета, сакам да кажам дека после тоа што го поминавме секоја следна бременост е во страв.. барем за повеќето жени. Ама верувам дека господ си ја знае работата и ќе го прати нашето чедо кога сме спремни и ние и тоа. Во однос на испитувањата, истите ги правев и јас и плус сопругот спермограм и спермокултура, ако немате направено нека направи обавезно. Кариотип не сме правеле. Кај кој трансфузиолог одиш? Да не треба и клексан да боцкаш од старт на бременост? Моментално и јас сум со аспирин и метил фолат, се слушнав со Јани ми рече нема потреба од клексан сега за сега, ама во пон ќе одам кај него на преглед па ќе видиме, тука на форумов скоро сите членки со мутации се на клексан. Уште еднаш ти ја праќам целата сила на свет за да издржиш и да знаеш дека што е наше ќе си дојде, дај си време да се исплачеш, времето ја намалува болката.
Mногу, ама многу жалам за Вашата загуба и сочувствувам, бидејќи и јас поминав низ истото... Јас секако би препорачала да се обратите кај специјалист во некоја од приватните клиники кој би можел малку подетално да се позанимава со Вашиот случај. Освен кариотип, убаво би било ти да си направиш едно хсг, да нема некој септум кој би бил пречка во развојот на плодот. Од Ману што Ви кажаа ?