Ти благодарам на убавите зборови.Одам кај Дејанова она ме води и мене тоа не ми беше зошто не добив клексани туку само аспирин ама оставив да ме води Дејанова.Сега не знам дали фанпобарам мислење и од друг трансфузиолок илинда продолжам со Дејанова.
Го имам и тоа испитано,заборавив да напоменам и тоа е добро нема проблем.Од ману чекам резултати ми рекоа околу 4/5 недели
Ве молам за мислење, имав мисед абортус во 8 нед . Киретажата бесе на 18 март, но и ревизија на 10.04. Инаку ги направив скоро сите испитувања и се е ок, освен денес ги земав резултатите од хормони и фцх ми е 24 високо. Инаку последно проверени ми беа уредни сите. Циклус добивам еве веќе втор пат по киретажата редовно. Дали ова му се случило на некој дали е пореметување од абортусот, киретажата. Се плашам многу да не се работи за предвремена менопауза. На што би се должело високата вредност. И кое Вашето искуство кога треба да се проверат хормоните и дали е потребно повеќе време да се стабилизираат. Фала ви.
I jas imav missed abortus vo mart mesec, za hormoni doktorot mi rece tek posle treto ili cetvrto dobivanje da ispitame kako se, deka vo odnos na hormoni na teloto mu trebalo poveke vreme za da se vrati vo normala Ova mene mi go kaza maticniot
И кај мене втор циклус после абортусот беше висок фсх, на третиот циклус беше висок естрадиолот заради фолекуларна циста, а веќе на 4тиот циклус сите хормони беа во нормала. Можеш да провериш на следен циклус пак.
Zosto kleksani nevi dale,i tie gi prepisuvaat za mutacii.Tiroidnata dali tie ispitana i taa znae da pravi komplikacii dosta.Kariotip obavezno toa dasi ispitas.Zalam za zagubata i nese otkazuvaj nikogas,mozebi e problemot mal ama treba dase otkrie
Имам испитано и тероида добро е со со неа,за клексани и мене не ми е јасно зошто не ги добив ама размислувам да се префрлам кај Јани може он друг ќе ми каже.Кареотип обавезно ке испитам.
Obavezno dasi odis kaj Jani,covekot e vrv i ke vidis deka ke nemas problem.Neznam zosto i maticnive ginekolozi se tolku neuki i neznaat da dadat eden kleksan dami se nevidi.
А да испиташ да не имаш преграда па да нема доволно простор плодот да расти,јас имав два спонтани,со сите тие испитани резултати скоро се беше во ред,и јас имам генетски мутации за тоа бев покриена,после втората направив хистероскопија имав преграда кој никој не ја виде,ја остранив и сега си имам едно мало сонценце кое има 14 месеци. Направи 4д ехо некаде убаво да ти ја видат матката или оди дирекно на хистероскопија. Ти посакувам то поскоро да си имаше едно мало сонценце.
Многу ми е жал мила. Знам точно како се чувствуваш, јас до сега имам поминато 3 спонтани и една биохемиска. И те како боли помислата дека телото иде против тебе и стварно не е фер што тебе ти се случува тоа. Прашања милион, барањето одговор и причина зошто се случува ова што се случува станува опсесија. Сакам само да ти кажам дека не си сама и единствена на која и се случува ова. За жал не е се секогаш така едноставно, а и медицината не е стигната до тоа ниво за со сигурност да се дознае што е најчесто проблемот. Тука кај нас спонтан најчесто го поврзуваат со мутации и мислат дека клексанот е решението. Но, не за сите мутации треба клексан. Всушност во Велика Британија, каде што се наоѓа и единствената клиника за miscarriage и единствениот research center на темава, после низа истражувања дошле до заклучок дека клексан е потребен само кога има мутации во MTHFR (A1298C и C677T), Factor V Leiden, PAI и Антифосфолипиден Синдром т.е Лупус антикоагулант. Во последните години во Велика Британија даваат клексан исклучиво само за овие мутации. Друга причина за спонтан може да е ниското ниво на прогестерон. Пиша дека си била покриена со Дaбростон, но може не било доволно. Разговарај со гинеколог специјалист дали може треба да се зголеми прогестеронот. Од останати испитувања што ги немаш спомнато дека ги имаш направено, добро е да направиш ХСГ ако немаш направено до сега, да се провери да не има некој септум или други деформации на матката, панел ANA - автоимуни заболувања, ти хормоми а сопругот да направи спермограм, спермокултура и дна фрагментација затоа што хромозомски проблеми на ембрионот може да настанат од неквалитетни јајце клетки и сперма, а токму хромозомските проблеми се најчеста причина за спонтани во прв триместар. Знам колку е тешко, но те молам не очајувај. Кога тогаш ќе се поклопат коцките и се ова ќе биде минато. Посвети си време на себе, прави работи што те прават среќна. Немој да губиш надеж! Појди и на консултација кај некој гинеколог специјалист за инфертилитет, да те види убаво на ехо, може ќе ти предложи и некои дополнителни истражувања. Ќе биде се во ред
Исто сум и јас, после 2 спонтани без одговор за причина за истите...кариотип имаме направено и двајцата, но како што ми објаснија премногу се мали некомпактибилноста на кариотипот на партнерите да биде причина за абортусите. Паралелно одев кај д-р Ана Данева Маркова на ГАК и д-р Хаџилега во Њу борн. Многу ми е жал за се што поминувате
Значително зголемени се шансите за коагулација кај хомозигот на Factor V и MTHFR C677T. За PAI обично се зема во предвид и MTHFR, како и 4Г варијантата која се поврзува со зголемено ниво на PAI-1 генот, а со тоа и зголемени шанси за тромбоза
Јас имам хетеро MTHFR 677 и PAI 5G/4G. Разговарав со др. Елена Ристовска на трансфузиологија и ми рече дека нејзиното мислење е дека не би требало да примам клексан. Дополнително што ме замисли е тоа што ми кажа дека клексанот влијае на зглобови, коски, а јас сум вежбач долги години и веќе доволно ми се оштетени колената. Секако би примала доколку морам, ама кој да ми каже дали морам
Ќе пробам да ја најдам статијата која ја прочитав за врската меѓу PAI i MTFHR и ќе ти ја пратам ако ја најдам. Ако си на мисла консултирај се со уште некој трансфузиолог, за мирна душа. А ова за коските искрено прв пат слушам, баш ќе истражам
Секако имам во план да барам и второ и трето мислење ама доволно ме замисли и првово Фала ти, ако најдеш прати ми.
Здраво феминки, би сакала да ве прашам доколку имате информација, колку треба да се чека после киретажа за ПАП тест и брисеви. Имав мисед абортус, киретажа беше на 28 мај, матичната веднаш после две недели ми закажа за ПАП и брисеви, но го откажав терминот бидејќи по некоја логика некако ми е сеуште рано. Дали некоја имала искуство и кога најрано може да се направат тие испитувања? Ви благодарам