Da jas se onesvestuvav ama jas i obilno krvarev skoro mesec dena. Mene mi velea normalno deka gubam krv.
Здраво, после колку време од спонтан абортус сте останале бремени? на 10ти мај ме чистеа, на 14јуни добив, ми траеше околу 10 дена. И сега ми касни пак, дали е нормално?
Jas imav induciski poragaj Mart ,prva menstruacija maj poslem ispituvanjata pap,brisevi i hormoni doktorot ni kaza da probuvame od Juni,ama nie pocnavme od Jully pa sega cekame da ne dobijam kraj na mesecov .
Ako si imala bas spontan abortus teloto samo da go isfrli plodot so krvarenje mozes I posle 1 mesec, ama ako si praena kiretaza 3 meseci togas ne cekaj poise
Cekav 3m, kolku sto mi kazuvaa, posle 4tiot ciklus (poso kiretazata kako prv go racunat) probavme odma.
Здраво на сите. Пред 2 дена направив тест после едно 5-6 дена доцнење на циклусот и искочи позитивен. Следниот ден односно вчера околу 17ч почна да ми тече крв која повеќе личеше на розева. Прво беше малку а потоа се повеќе се зголемуваше крварењето и се претвори во свежа крв која беше обилна исто како кога се има циклус, дури и изгледот и беше сличен. Денеска крварењето е исто. Да не заборавам дека исто така имам и двата дена болка во стомакот. Вчера вечерта бевме на гинеколог каде што ме прегледаа на ехо и не видоа плод со што докторката кажа дека можеби е мн тазе па затоа не го гледа плодот, потоа тестот направен со урината беше негативен а тестот преку крв за БХцг беше точно на граница односно 5. Докторката ми кажа дека не сум ни била бремена туку дека ова ми е регуларен период…Кога и кажав како е тоа можно кога добив позитивен тест, имав и симптоми кои точно ги познавам после првата бременост на што она одговори дека мн често може да се случи тест да е лажно позитивен. Знам дека тоа не е точно но во ред не сакав да се објаснувам, само прашав што да правам со крварењето дали треба да ми дадат нешто но таа кажа дека телото само ќе ми се исчистело. Исто така ми предложи да дојдам во понеделник повторно и да направам крвна анализа за да видиме колкава ќе е вредноста на Бхцг. Јас одбив бидејќи мислам дека нема потреба од тоа, едноставно не верувам дека би се покачила туку верувам дека веќе плод навистина не постои. Сакам да слушнам ваше мислење/искуство околу се ова, за колку дена Бхцг ќе падне под 5 и ќе добијам негативен резултат бидејќи купив нов тест кој сакам да го направам меѓутоа не знам кога…збунета сум буквално околу се.
Најверојатно е биохемиска бременост за жал.Исто и јас имав во Април.Кај мене падна бетата за 3 дена.Исто почна два дена со кафеав исцедок и потоа со свежа крв.Најверојатно до понеделник ќе биде негативен нема да се детектира HCG хормонот
На моја блиска така Бетата 15+ и беше, па доби. И рекоа биохемиска бременост... Чим сеуште крвариш исто, најверојатно ти е менструација..
Што мислите дали ќе треба чистење или телото дамо ќе се исчисти затоа што било на почеток на бременост?
Што мислите дали ќе треба чистење или телото дамо ќе се исчисти затоа што било на почеток на бременост?
Многу ми е жал, сосема те разбирам како се чувствуваш. Имав биохемиска крај на јануари годинава, сама се исчистив преку добиеното. Мислам дека нема да имаш потреба од чистење, само провери ја уште еднаш бетата дали е целосно падната. Јас после биохемиската останав трудна после две 2 менструации во април и еве терам здрава бременост, фала му на Бога. Не се откажувај, после добиеното продолжи си пак со обиди. Ќе биде.
Мене ми остана остаток од киреражата. Др. Ми рече да испитам бета HCG, ако не е намалена рече пак ќе мора... фала богу Бетата беше падната...