Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. LittleMermaid96

    LittleMermaid96 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2024
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    а не ме оставиа да се исфрли само поради сомнеж за моларна бременост (што не беше).
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  2. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    7.001
    Пол:
    Женски
    Не се разочарувај и да не биде сега, ќе биде понатаму, само смирено и без притисок.
    Првиот пат беше изненадно кај мене, си се случи класичен спонтан, со болки и крварење, бета веќе беше падната.
    Вториот пат, не се развиваше плодот до 7 недела, ама беше останат во 5. Се појави ќесе, ама ништо повеќе од тоа. Сама почна да паѓа бета и ме оставија да почекам. Прокрварев нормално, дури ни болки немав, после тоа испитување на бета дали е под 5 и ехо.
    Фала му на Бога, со многу терапии успеав и да износам една бременост и имам едно дете.
    Ќе биде, не бил правиот момент :hug:.
     
  3. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Zdravo zensk8 ve molam za info dali ima nekoj iskustvo so trisomija 16??? Vi blagodaram od srce
     
  4. Mila29bt

    Mila29bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, само што имаб киретажа. 8ма недела природна бременост. Пред тоа имав биохемиска и еден спонтант 5та недела од инвитро. Докторот ми препорача кариотип за двајца - што нема да го правам оти ми рече за тоа што и да излезе резултат нема терапија. Исто NK killers, но за овие не ми објасна а и немав сили да препрашвам. Имам правено испитување на ендотриум во др држава оти таму седам и се беше во ред, дали е тоа исто или др испитување?
     
  5. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    За кариотип терапија нема, но затоа се прави ИВФ со ПГД во таков случај, не знам зашто докторот тоа не го кажал. Кариотип да си направите.
     
    На Bejb15 и Hope IT им се допаѓа ова.
  6. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    955
    Штом имаш неколку спонтани кариотип е доста значајно испитување. Ако еден од двата не е ок, тогаш како што ти пиша членката претходно, пожелно е да се направи инвитро со ПГД, ако сакате да не губите време. Зошто може и да се погоди здрав ембрион, а може и не, кај еден проблематичен кариотип шансите се 50/50. Во секој случај ќе си бидете на јасно. Ако имаш покачени НК клетки значи дека имунитетот ти е посилен и го исфрла плодот како страно тело. Во тој случај се дава терапија за репресирање на имунитетот како кортико и интралипидна инфузија.
     
    На Mumoftwo30 и Hope IT им се допаѓа ова.
  7. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Zosto da ne napravis kariotip?
     
  8. Mila29bt

    Mila29bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Во две клиники каде што бев за инвитро не ми предлагаат да правам испитување на ембриони, велат годините ви се сеуште добри за испитување на ембриони. Јас имам и еднорога матка па докторот ми вели или матката нема циркулација и не го храни плодот, или плодот не бил во ред. Како и да ќе размислам и за кариотип. Дали некој конкретно добил одговор за причина за спонтан после срцева реакција или само докторите сакаат да се ослободат побрзо од нас.
     
  9. МајаЃ6

    МајаЃ6 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Веројатно никоја не добила одговор за тоа, едноставно кажуваат дека најверојатно плодот не бил генетски добар и по природна селекција телото само го исфрла...за жал, за некои работи засекогаш ќе останеме со прашалници
     
  10. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Moze ako go ispratite plodot na ispituvanje kariotip na plod se pravi i se dobiva odgovor
     
  11. МајаЃ6

    МајаЃ6 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да, доколку те направат класична киретажа, но доколку е медикаментозен абортусот-во домашни услови и најчесто престанок на срцева акција е во рана недела, тешко дека некоја ќе успее да го прати плодот на исшитување...
     
  12. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Vakum pravev jass
     
  13. Mila29bt

    Mila29bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Јас правев киретажа, ми рекоа ќе го испратат плодот за испитување не во Ману, во некоја приватна, но да не се надевам многу дека ќе се добие конкретен одговор. Тоа е продолжуваме што и да било, наше е да си пробваме се додека не успееме
     
  14. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.053
    Пол:
    Женски
    Одговор може да добиеш само ако плодот имал хромозомски промени. Т.е тоа што го прават на плодот е исто така кариотип.
    2 киретажи имав, двајцата сме млади ,па сепак направивме кариотип. Тоа испитување не би го пропуштила, а годините си немат врска со ембрионите. Ако има проблем со кариотип, и на 19 ќе го има и на 20 и 30г. Така да жи нема логика во нивниот муабет ама нејсе.
     
  15. Ma4ence11

    Ma4ence11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    104
    Здраво, го изгубив плодот во 8ма недела, односно застанал со развивање некаде на средина на 6та. На почеток на 6та кога бев на ехо имаше срцева акција, но ете така требало да биде. Трудна бев по пат на ИВФ и чекав за ова 3 и пол години и мислам дека светот ми се сруши, но со нови сили мора напред. Докторот вика дека е генетска грешка на ембрионот, бидејќи бев покриена со терапија. Сакам да прашам кои дополнителни испитувања ги имате правено после спонтан? Кариотип имам направено уште пред инвитрото и е нормален кај двајцата, тироидни хормони исто нормални.
     
  16. Mila29bt

    Mila29bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Моментално поминувам низ тоа и точно знам како ти е. 6 години се обидуваме за бебе, ова ми беше прва бременост по природен пат во сите овие години и имав голема надеж дека ќе успееме. Имам правено 7 инвитра од кои два рани спонтани исто така.
    Докторот мене ми предложи кариотип, nk killers cells, и испитување на плодот кој го извадоа со киретажата.

    Имам испитано мутации и тромбофилија ако го немаш испитано, и истот така направив одма Торч кога ми константира миссед. Имам направено и биопсија на ендометриум за ендометриоза и бакетерии - тоа испадна чисто исто така.

    Можеби некој знае како се прави испитување на nk killers cells, ако има некој правено
     
  17. Виножито_8

    Виножито_8 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Веќе 8 месеци секој ден ја читам темава и после третата загуба во една година (прекин на срцева акција во 7ма недела, па биохемиска, па сега плод кој прекинал во развој во 6та недела), решив да се зачленам и да ви се обратам.

    Имено, само што се вратив од кај матичниот гинеколог кој не сака да чуе да ме прати на било какви испитувања. Вели дека се работи за хромозомски грешки и нема што да се прави освен ин витро.

    Затоа сакам да ве прашам за конкретен гинеколог од Скопје кој има склучено договор со Фондот и би можел да ме прати на испитувања на Имунологија и Трасфузиологија?

    Однапред ви фала, вашите одоговори навистин а многу ќе ми значат!
     
  18. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Koj ti e maticen mm neodogovornk
     
  19. Виножито_8

    Виножито_8 Нов член

    Се зачлени на:
    16 декември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Филип Исаијановски од „Ултрамедика“.
    Дефинитвно ќе го сменам, само поважно ми е да најдам некој кој би имал разбирање и би ми дал упат за потребните испитувања, затоа што колку и да сакам дете, не би ризикувала без да се проверам како што треба.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  20. livethelife

    livethelife Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Moze i maticen opst da ti dade inaku ja bi mu pisala mail odma da mi odobri sram da mu e