Значи може и општата матична докторка да ме упати? Јас пак мислев дека само матичен гинеколог може. Ајде, ќе пробам со матичната тогаш. А, за него не ми се ни мисли, многу непрофесионално и без трошка емпатија.
Најпрво ти праќам голема поддршка и гушка! Јас го поминав еднаш патот со губење на бебе во 18та недела и не сакам да замислам како се осеќаш после 3. Матичниот веднаш смени го, нашите животи не се за играње, се работи за огромна болка низ која се поминува и те поддржувам итно да направиш испитувања за тромбофилични мутации, кариотип, хормони. Те охрабрувам дека со добра терапија и увидување на реалната ситуација ќе успееш и ќе станеш мајка! Моментално сум бремена 4ти месец и со навремена терапија уште од позитивен тест сега се изгледа поразлично од мојата прва бременост - се надевам дека така и ќе остане до крај и ќе успеам да донесам на свет здраво и живо детенце во 9ти месец.
Ako si od skopje otidi direktno mene licno mi kazaa deka za imunologija za konsultacija ne treba upat pa oni od tamu ke ti dadat upat za bockanje no sekako najbitno ti e kariotip da proveris i nk kletki
Ти благодарам многу на зборовите, навистина значат! Од срце ти посакувам совршена понатамошна бременост. Кажи ми уште, дали можеби имаш препорака за добар матичен гинеколог кој има познавања или барем разбирање за вакви ситуации?
Немам препорака за матичен јас се што правев беше од само истражување, форуми домашни и странски, разговор со луѓе со слични судбини. Мојата матична ми служи за администрација што ќе и речам тоа ќе ми даде упат и завршувам работа после се си видам во систина кај докторка што и верувам и што ми ја води бременоста.
Истото сакав да пишам @Виножито_8 најди соработлив матичен да ти дава упати за тоа што сакаш да испиташ. Нешто приватно ќе направиш собери си информации и после е мн полесно. Да знаеш на што си, кога ќе видиш една мутација може ти прави проблем. Доктори ете читаш од систина од ремедика има одлични за дополнителна поддршка сите сме по двајца доктори . Види по групиве многу жени пишале испитувања.
Vekje posle 3 posledovatelni abortusi treba sam da se zaangazira I da te prati na ispituvanja odma da go smenis ima dobri maticni ginekolozi vo skopje zasto da pravis invitro ako si ostanala 3 pati prirodno bremena pretpostavuvam
После сето ова не знам како не те упатил да си испиташ. Па и да правиш ивф ако имаш мутации ќе бидеш покриена со терапија.
Леле ми се темни името кога ќе му го слушнам, петарда тешка, мене ми го издрори истото, као зошто не го испита плодот, па после тоа ми викаше ај еднаш се смета за нормално, епа мене не ми е нормално извини вака, па се фати после за маж ми да правел спермограм кај него било проблемот, па запна он да ми ја стави инекцојата за рх негатив иако јас инсистирав сестрата кај општата матична да ми ја аплицира зошто има ств лесна рака, па ми се праеше фраер дека и он имал лесна рака па коа ми ја боцна инекцијата ѕвезди избројав и капак што сестрата седи на метро од него и не можеш приватен муабет да направиш, битмо он за него си раскажа 300 глушости божем мене на цела мака и разочарување ме заболе за негов приватен живот и зошто он млад се оженил. Одма да го смениш. Види Лолита Грковска распрашај се таа мислам е ок за давање упати, не праи проблем. Иначе јас да сум на твое место би инсистирала за упат, ако не секаде ќе го пријавам нема он на мене да ми кажува може не може и а природни бремености да ми сугерира ивф. Мене не ми се чекаше па со упат од општ матичен отидов на трансфузиологија, на преглед кај докторка и имаме прати во лабараторија. Ако одиш на тој начин само гледај да е почеток на месец прегледот зошто се чека 2 недели за резултатите и во истиот месец да ти ги прочита зошто упатот 1м трае или бар така беше пред скоро 2.5г јас коа испитував. За на имунологија упат исто земав од општ матичен и си завршив работа. За кариотип треба преку гинеколог, така да смени го или инсистирај, качи му се на глава.
@Виножито_8 ги прочитав последниве мислења и можам да кажам дека се согласувам со членките. не оставај на тоа дека така требало да биде, сигурно имаш нешо шо ти прави проблем, најди си асален гинеколог пред да планираш следна бременост, тоа се трауми и не се играчки. јас првата бременост го изгубив бебето во 18 та недела, мојата матична исто така ладно ми рече е добро де ,, еднаш ко ниеднаш'' . си отидов во систина таму имав друг пристап од докторката, нејзиниот став беше да се случува, ама кога се сличува толку касно во втор триместар има причина, ми запиша на лист шо се да испитам, си ставив нова матична про форма за упати и такви работи, втората бременост си бев покриена со терапија и и ја доверив на докторката во систина и имаше огромна разлика. а кога ко изгубив првото бебе и пишувам на матичната ја прокрварив, она ми вика добро ништо страшно имаш преглед за една недела закажано ќе видиме шо е тогаш, до вечерта веќе крварев многу и завршив на дежерун и на киретража, со плод шо нема срцева акција, па уште кога отидов да земам боледување кога ми рече еднаш ко ниеднаш ми идеше да и ја мавнам една
искрено јас плодот не го испратив на испитување, докторката се сомневаше на тромбофилија, испитав генетски мутации и се консултирав со трансфузиолог, втората бременост бев покриена со клексани и терапија и си беше се најнормално
Здраво, после киретажа и поминат прв циклус од киретажа каква контрола треба да ми направи лекарот, дали се некои испитувања или само ехо, да напоменам не планирам друга бременост, само да се направи потребната контрола. Ви благодарам.
После колку време од спомтан абортус ви се врати менструацијата во нормала? 7 месеци се поминати, сеуште ми касни по 10тина дена.
Ja se si napraviv kariotip kir tiroidna genetski mutaciii se sto e najbitno homocistein tiroidnaaaa a doktorite ke kazat deka nema potreba no oni ne se vo nasa koza