Здраво, Повторно јас, започнав со испитувањата и прво ми стигнаа резулатите за генетски мутации за тромбофилија. Мутирани (на алел 2) ми се: Фактор V (R2), Фактор VIII и MTRR A66G. Денес трансфузиологот ми рече дека не се ова високо-ризични мутации за спонтани, а јас секако ќе одам кај добар гинеколог штом ги соберам сите резултати за интегрално да ги протолкува, ама во меѓувреме сакам да ве прашам дали можеби некоја од вас имала мутации баш на овие гени и дали навистина не се релевантни за спонтани абортуси? Фала ви, немате појма колку ми значат информацииве од форумов, искрено <3
Има два, првиот е Leiden, тој ми е нормален, а за вториов пишува (R2), тој ми е мутиран. Инече сега видов дека и за Генетски мутации има посебна тема, па ќе пишам и таму