За во чаир, одиш сабајле гладна и жедна доле им се салите за киретажа, ќе те легнат на кревет и ке чекаш ред за киретажа. Кратко трае, се на се 5-10 минути со целосна анестезија. После киретажата те враќаат на кревет и 2 часа те следат и те пуштаат дома.
Брза е интервенцијата. Јас правев во Систина, ме примија, документација прашања неколку, ми дадоа да се пресоблечам и ме однесоа. Ми ставија анестезија, 15 мин трае се на се. Се разбудив и уште 2 саати лежев. Немав лошење ниту болка. За дома ми дадоа капки за да се намали крварењето .
Фала ви. Болките се индивидуални? Некои ми рекоа мн имале болки и мн крвареле. Јас веќе 10 дена крварам и немам веќе сила, валда и железото ми паѓа. Немам сили за уште потежок период. За болки шти може да се пие?
Мислам дека и Кетонал можеш да си пиеш, ама мене не ми беа толку неподносливи.. ментруални болки, а за крварењето крварев неколку недели ама не памтам точно
Јас слаби менструални имав скоро и ич, само првиот ден. Аналгетик можеш да си пиеш, а за крварењето је индивидуално,јас крварев 4/5 дена само. Ќе ти препишат капки за крварењето и антибиотик, најчесто вибрамицин освен ако не смениле последниве 3 години.
Jas izgubi dve bebinja poradi krvarenje vo 6ta I 7 nedela vo 7 nedela veke embrionot beshe mrtov I dva pati pravev kiretaza I dali znae nekoj od sto moze da se slucuva krvarenjeto I zagubata posto mnogu mi e strav za 3ta bremenost, da ne mi se sluci pak mnogu e tesko
Може да има неколку причини ама тоа мора да се провери.Генетски митации,хормонски-недостаток на прогестерон,инфекции,полипи итн.Пред да планираш трета бременост направи си испитувања ако веќе ги немаш.Жал ми е за загубата
Сите вие кои сте поминале низ неколку спонтани сте најсилните личности на светот... Јас ја изгубив мојата втора бременост во 12 недела... Од првата бременост имам прекрасно 3 годишно детенце, но оваа загуба буквално ме скрши целосно. Иако се поминати 2 месеци, сеуште неможам да си најдам мир во себе. На преглед 2 дена пред спонтан срцева акција и се беше во ред, грло затворено 4цм... и после 2 дена преобилно крварење... Во Ману испитан плодот без никакви аномалии, се било во ред со него. Недела дена пред спонтан чисти микробиолошки, два дена пред спонтан чист ТОРЧ... Неможам да разберам што се случи...
Девојки како се справувате после биохемиска и спонтан? Јас не можам да се смирам. Со денови плачам мислам дека светот ми се сруши
Неодамна ми се случи истото првите 2 дена ми беа најкритични.Сега после киретажата гледам да не мислам повеќе на тоа ,но се те навраќа на тоа пробај да разговараш со некое стручно лице психолог .Јас многу тешко го прифатив првите 2 дена,но сега гледам да не мислам веќе и да продолжам понатаму.Мора да си силна јака за да се преброди овој тежок период.
Каков е прегледот после киретажа, вагинален или со ехо? Помина месец дена и уште не отодов немам сила да одам по доктори повторно
Јаа закажав после 2 недели од киретажа ама незнам каков е прегледот.Најдобро ти е да закажеш,и јас немам ама мора животот продолжува понатаму мора да се бориме,треба и испитувања да се направат после киретажата
Вагинално ехо доколку е престанато крварењето. Доколку уште се крвари по престан на крварење најубаво да се направи ехо.
Природна селекција, мене така ми кажаа. Испитај си мутации пред следна бременост. И со лесно да го пребродиш сето ова.
Здраво на сите, се надевам дека некоја од вас ќе може да ми помогне...Јас сум 9+2 и имав хематом околу 2,5цм, кој пред една недела исчезна. 2 недели имав црна крв што беше од празнење на хематомот. Но од пред два дена имам силни болки во јајниците (докторот кажува дека се контракции на матката) и имам црвено крварење веќе 2 дена. Пијам Дабростон и овие 3 дена ќе се боцкам со пролутекс. Бебето е добро но болките и крварењето не прекинува. Лежам цело време не станувам воопшто......Не знаат од што крварам бидејќи хематомот го нема веќе ниту пак има некој нов, ништо нема на ехо...Дали можеби некоја од вас имала слична ситуација и се завршило со спонтан? Што чувствувавте при спонтан?
Здраво девојки, минатата недела имав спонтан абортус 13+1 ме примија во болница со контракции цервиксот беше дилатиран и имаше парче од постелката но бебето имаше срцева акција, после 2 дена лежење во болница бебето немаше срцева акција. Имав медикаментозен абортус и ме пратеа задоволително се чистев според нив, но мене не ме држеше место и отидов во Ремедика кај др.Симонида и кога ме прегледа ми вика па ти си преполна мора да те чистиме ми закажа за во понеделник со вакум. Потоа ми даде листа на анализи кои треба да ги направам. Иначе ми беше втора бременост, првата без никакви проблеми породена со царски 40+1. Дали некој има слично искуство причината е непозната, а јас сум тотално избезумена