Сигурно е и индивидуално. И различно болно. За бетата сигурно повеќе денови ќе треба за да падне скроз
Различно е крварењето душо ,јас два пати имав спонтан и првиот пат крварев доста,а вториот пат помалку.
Бета скоро месец дена ќе и треба да дојде до 0 и ќе добиеш нов циклус. Јас сум крварела околу 7 дена плус минус ден два .
Мене тоа предолго ми се чини. Јас кратко крварев. Ќе мине до тогаш. Бета не се оптеретувај секој ден да мериш.ако ти кажал др да повториш, ок ама сигурно не треба да ја премеруваш повеќепати.
Па за денес ми кажа само, за натаму не ми рече да испитувам. Ама некако многу малку паднато ми се зачина, еве Бокаче вика нормално е така шо, ваљда вака си треба.
Да да , исто пример и после пораѓај ако провериш бета ќе биде висока. Можеби ќе имаш уште некој ден и симтоми на бременост од бетата.
Мојата бета ко имав спонтан беше 800 негде кога почнав да крварам и си крварев 7 дена баш како циклус, само што имав првите денови како засирена крв. После бев на преглед чисто да види докторот дали е се исчистено.
Бета не испитував. Дали ти дадоа капки за пиење. Како се викаа не ми текнува знам дека и праваа контракции на матката за побргу да се исчисте. Убаво е од кога ќе ти дојде циклус да си испиташ. Знам јас правев брисеви и тробмофилија. И знаеш како викаат после спонтан побргу се зачнува.
Да, Ерготил капки пијам. Ќе направам шо ќе каже матичната. А после прв одма се прават испитувања обично или?
Нормално е. Кај мене прво опадна побрзо па после поспоро. Беше 87 после 2 недели 27. Не се замарај со тоа ке си падне
Јас ти предлагам да направиш панел за тромбофилија, тестостерон, инсулин. Некакоо од мое искуство докторите само површно настапуваат. Многу спонтани се случуваат од генетски мутации, ама и многу ради покачен инсулин.
Да тие се капките. Јас правев после 1 циклус брисеви, и јас и мм правеше. Некои испитувања ги правев и на своја рака бидејќи матичниот сметаше дека нема потреба и као спонтаниот не бил со тоа поврзан и среќа што не го послушав. Некои препорачуваат 3 или 6 месеци пауза за следна бременост. Мене 2цата доктори ми дадоа одма зелено светло од кога излегоа резултатите чисти. Фактички после 2риот циклус.
Не била толку висока за недела време ќе падне. Мораш да проверуваш само да дојде на 0. Тоа е битно. Ако се тече како треба и соработува телото, ќе добиеш, па после од ко ќе ти заврши можеш на ехо и да провериш бета уште еднаш. Крварев секогаш колку и циклус. Малку поболно само. Ама не е ништо не издржливо. Не би требало ни толку многу хормоните да те шетаат оти не била толку висока бета. Гушки. Ќе помине . Едит сега гледам земаш капки. Почна да крвариш ти сама или фативте дека бета не се дуплира? Оти капки? Мене никогаш не ми дале капки. Три пати таква ситуација сум имала и секогаш ме исчекувале телото да си заврши работа. Многу различен пристап.
Мене не ме боли скоро ич веќе. Само кога го исфрлав имав ненормални грчеви, бетер пораѓај малтене. Почнав да крварам јас сама, во петокот бев на гинеколог и матичната виде топче минијатурно и ме стави на Утрогестан одма и вечерта почнав пообилно да крварам и саботата веќе го изгубив и топчето и ми ги дадоа одма капките. Хормоните не ме шетаат , среќа у несреќа. Немав ни симптоми на бременост додуша. Значи ако добро сфатив сеа ќе крварам шо ке крварам, бетата да падне на 0 па тогаш ќе добијам нормален циклус, така? Шпанско село, главата шашма
Така му доаѓа. Дури не дојде на 0 бета не доаѓа менструација. Кога прашав за колку треба да добијам ми рекоа ако за 40дена не добијам да појдам пак на контрола, но среќа добив. Значи јас имав спонтан на 8.1 и веќе средина на февруари добив. И добро е тоа што сам организмот го исфрлил плодот. Од капките немаш ли болни грчеви? Мислам тие грчеви ми беа поволни од моментот кога го исфрлував плодот
Не. Јас те сфатив дека бета сте провериле и виделе дека не се дуплира, туку паѓа. Не. Сега ќе крвариш, ќе падне бета на 0 после крварењето. И следно ќе си добиеш кога треба да си добиеш. Барем така кај мене било. Да изненадно може да бидат и болки и напони, не сакав да те исплашам. Еднаш па имав такви хормонски осцилации што ни после пораѓај ги немав. Два месеци ме нервираа сите и се дерев ко ненормална. Ама поминува. После следно добивање можеш и да пробуваш пак. Еднаш ми рекоа дека и после одма можам, оти беше се ок на контрола и крв, и имав фоликул. Ама јас не бев психички спремна. Сега веќе и желба ми се изгуби за второ. Јас се си имам и инсулин и мутации и автоимуни и така.
@LiquidLuna уствари ко што си пиша. Ќе крвариш и обично после тоа е на 0 и си добиваш циклус следно. Баш ко шо пиша. Вештерката дома еве не ме остава да дочитам извини што сто пати те збунив .
Искрено не Само пред да го исфрлам мислам дека ми се кинеше матката, после тоа се помалку и помалку боли. Денес не ме ни боли