Форумџика на годината

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    1.382
    Пол:
    Женски
    Докторите обично те праќаат после неколку спонтани. Но јас ти предлагам да си направиш самоиницијативно на трансфузија комплет испитувања за мутации. Јас така направив, барем ќе бидеш сигурна што да пиеш и дали ќе треба со време клексани.
     
    На Suze18992 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  2. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво женски, се изначитав и уште сум збунета. После еден спонтан со киретажа, по колку време правевте испитувања и кои?
    Причината била хромозомска абнормалност според испитувањето на кариотипот, која што според нив нема индикација дека можела да се повтори во следна бременост. Не сакам да оставам на случајност, плус имам и пцос, така да што би било најбитно да испитам после ваков случај?
     
  3. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.257
    Пол:
    Женски
    Не можеш да превенираш хромозомска абнормалност во следна бременост, освен да одиш ивф со PGD испитан ембрион што и тие со ивф ретко го прават.
    Ваш кариотип имате испитано, на тебе и на маж ти? Тоа евентуално можете, за мирна глава.
    Чести се вакви абортуси, всушност, скоро секој ран спонтан се препишува на хромозомска грешка и најчесто следната бременост е уредна.
    Можеш да испиташ ниво на д витамин и хомоцистеин на имунологија, да се консултираш за витаминска терапија, панел на тромбофилија и вродена и стекната, иако овие работи не биле пречка за настанатиот абортус.
     
    На Lor му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    37.984
    Пол:
    Женски
    Чисто за жал тие понатаму шо ќе ја читаат темава;
    Ми излегоа резултати од брисеви, имам Уреоплазма која шо е најверојатно причината за спонтаниот. И Ешерихија коли.
    А пред само 3 месеци брисевите биле чисти ама ете така требало.
     
  5. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Немам испитано ништо, пред недела дена се случи сè. Докторот ми рече после 2-3 спонтани обично правиме кариотип од двајцата, ама исто и дека уште од прв ден од следна бременост ќе ме стави на прогестерон, аспирин и сè друго што може да помогне. Во план ми беше секако да направиме за кариотип и тромбофилија, ама добро е и другиве да ги знам и направам, баш за мирна глава. Фала ти
     
  6. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Сигурно сега ќе ти дадат терапија за уреаплазата, може и мж да прима антибиотик за тоа. После тоа правиш пак брис да видиш дали е чист и на акција
    Лично јас со душа чекав да биде се чисто и да завршам со антибиотици и вагеналети бидејќи мислам се отрув колко испив и јас не знам.
    Психички кај мене подобро ми делуваше тоа што кратко траеја сите испитувања околу 2 месеци и што одма ми дадоа зелено светло за следна бременост.
     
    На Rozevata и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  7. emilijag

    emilijag Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    18
    Здраво,после колку време по спонтан сте се обиделе пак за бебе? Јас имав спонтан во 12 недела пред 1ипол месец ,причината беше хромозомско нарушување,докторката ми рече дека сега е се во ред и да не чекаме долг период со следен циклус пак да пробаме
     
  8. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Дури да завршат испитувањата и да бидат чисти сите брисеви што ги правев. Ме фати околу 2 месеци после спонтаниот и одма после тоа почнавме со обиди.
     
  9. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Мојот спонтан беше во 9та недела, со киретажа со вакум аспирација. Докторот ми рече обиди пак после три циклуси, крварењето после интервенцијата ми рече да го сметам како еден циклус, и после него уште два. Ама како што читам секој доктор различно кажува, исто зависи и од неделите и од процедурата.
     
  10. emilijag

    emilijag Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    18
    Кај мене крварењето после интервенцијата прекина може 2 недели траеше и толку и докторката рече може да се обидеме пак со следен циклус 2 месеци ќе поминат од интервенцијата,јас лесно поминав после интервенцијата без компликации
     
  11. emilijag

    emilijag Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    18
    И одма останавте бремена после 2 месеци?
     
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Да одма, првиот месец кога почнавме со обиди. И тоа немавме многу 2 или 3 пати во месецот. А претходно скоро година ипол ме фати дури да останам бремена и заврши со спонтан. Дури траеја испитувањата и јас и мм пиевме фолна. Јас метилирана заради мутациите.
     
  13. emilijag

    emilijag Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    18
    Пијам фолна од како беше направена киретажата после одреден период почнав и докторката ми препиша и јод пијам .
     
  14. Lor

    Lor Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2025
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Колку денови после пиење цикло прогинова имавте циклус? Докторот ми рече после 3 до 7 денови од последно апче, но јас моментално сум на 18 апче од 21 апчиња и денес забележав розево, како пред добивање. Дали е нормално да прокрварам иако сум при крај со терапијата?
     
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    37.984
    Пол:
    Женски
    Имам болки/пецкање во јајници и некој густ глуп исцедок кафеав, можно е да добијам толку брзо после спонтаниот?
    Само шо прекинав да крварам шо се вика, пред некој ден.
     
  16. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    Да можно е , можно е од спонтаниот да е реакција сеуште.
    Колку дена крвареше?
     
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    37.984
    Пол:
    Женски
    Бааги, од 20ти декември до 3-4ти јануари
     
  18. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    3.944
    Пол:
    Женски
    А користиш ли некој вагиналети за бактеријата?
    Ако да , може и од тоа да е.
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    37.984
    Пол:
    Женски
    Не, само антибиотици
    Може да е овулација, а не менструација у најава?
     
  20. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    3.429
    Пол:
    Женски
    Колку време помина од абортусот ?