После 6 месеци ми беше кажано за првиот абортус,сега за вториот не ми кажале. Во понеделник сум во државна треба инекција да примам бидејќи сум негативна крвна група,па ќе прашам после колку време.Но мислам додека не ги направам сите испитувања не би ризикувала.
А дали кај тебе се формираа ембриони? Едно ми е на мисла за мојата ситуација, дали од физичка активност, чистење дома, и поткачување може да се случи да не се формира ембрион, а сакусот да расти... Цело време сум во дилема, дали јас нешто сама си направив со чистењето..
Од чистење ништо не можеш да му направиш на ембрионот.Тој е толку мал и заштитен во матката.Ембрионите не продолжуваат од генетски грешки.Или од неповолни услови во матката.Немој да се обвинуваш.Направи си испитувања за да не го преживуваш ова пак.Со среќа
Кај мене се формираше ембрион кој одговараше на 7-ма недела, но срцева реакција воопшто не беше забележана, бидејќи претходно бев на преглед во 5-та недела. Јас сметам дека во бременоста не треба да се форсираш со тешка физичка работа, кревање тешки работи, често клекнување и станување. Сепак, најважно е да не се обвинуваш себеси. Ако бременоста требало да продолжи да се развива, најверојатно би се развивала и покрај тоа што си чистела, работела или можеби не си знаела дека си бремена. Сега најважно е да ги направиш сите потребни испитувања и да му дадеш време на телото да се опорави. Немој да брзаш веднаш повторно да останеш бремена. Верувам дека со правилните испитувања и соодветна грижа, кога ќе дојде вистинскиот момент, ќе имаш уште една здрава бременост. Јас досега немам родено дете, но планирам да ги направам сите потребни испитувања за да откријам која е причината за загубите и да направам се што можам следната бременост да помине добро.
Не си направила ништо, не се обвинувај. Зарем сите жени што останале трудни пазеле на движење во првите недели? Има причини зад тоа што се случило но не такви кои ти ги контролираш на свесно ниво. Тоа што е пожелно е да си ги направиш сите испитувања на можните фактори. Те разбирам и те
Не може од тоа, јас со син ми имав најлесна и најубава бременост, со лесен порагај, активна на работа 10 часа плус дома. После тоа не одев на работа па имав неуспешни бремености, нема врска, едноставно понекогаш де случува. Или така требало да биде за жал. Кај тебе правилно се дуплираше бетата?
Кај вас кога не се развива плодот или без срцева акција се чека плодот сам да го исфрли телото? Без апчиња, киретажа или со вакум? Извини така те разбрав. И кај мене телото само го исфрлаше, можеби така е најдобро. Па и помалку стресно на сета мака, не дека и ова не е ама сепак..
Доколку не се развива плодот, колку докторите оставаат телото само да го исфрли? Од мое искуство мислам дека кога не расте за 10 тина дена, веќе телото го исфрла. Мислам дека приватните повеќе форсираат веднаш тие да завршат целиот процес или сум грешка.
Јас имам впечаток дека не се чека природно да се исфрли кога има вклучено прогестеронска терапија, т.е при процес на ин витро. Зошто, во тој случај самиот прогестерон го отежнува процесот и би траело подолго. Инаку мислам ако е природно настаната бременост без "клукање" со хормони,.би се случило, а колку да се чека не знам. Од утврдување на настаната бременост до исфрлање кај мене имаше повеќе од две недели, скоро три. Можеби е и различно кај секој, зависно кога прекинал процесот. Сега се мислам и на државно колку оставаат за природно, имам впечаток дека веднаш предлагаат киретажа.
Сепак мислам дека телото побрзо се враќа во нормала кога само,, соработува. Тие два пати што ми беа различни подобро поминав кога само си ја заврши работата.
Не, не мислев со хормони и кај мене утрогестан го одложуваше процесот, природна бременост беше. Зборувам за без никаква подршка.
Да. Прво на ехо кога ќе се утврди дека не се развива и бета се намалува или не расте правилно, се прекинува терапија и се чека одредено време дали ќе почне крварење. После крварење една недела се мери бета и се прави ехо. Да се види дали соработува телото. Може не е кај сите иста постапка, зависи од организам, моето искуство било вака. Со прогестерон, клексан и кортико терапија сум била секогаш од позитивен тест. Веројатно зависи и од кој стадиум е бременоста и колку долго не се развивал плод.
Здраво, бидејќи и јас имав два спонтани после прва успешна бременост, ме интересира која беше причината кај вас за клексани и дали ви делуваа позитивно , односно доизносување на плодот?
На првиот спонтан не испитував бета, а на вториот спонтан испитав добив вредност и после 3 дена пак имав иста бројка и почна крварење и после не проверив имав киретажа.. Дали после спонтаните испитавте што е причината и дали имате повторно бременост?
Ќерка ми ја родив со терапија клексан и аспирин. Имам мутации некои, кои точно не знам сум заборавила.
Се нервирам бидејќи имам мутации а трансфузиолог ги виде и дека немам хомозиготи и таму лајден дека е во ред ми вели ништо не треба да земаш, а ваму два пати ми се случуваат спонтаните.. Која доза ја земаше и кај кој трансфузиолог беше?