Dali ste go ispratile plodot na biopsija, da se pokaze pricinata za spontaniot, ili site spontani se slucile vo mnogu rana bremenost?
Кај мене беа во рана бременост, првиот пат беше мисед, вториот пат спонтан телото го исфрли не стигна до срцева. Бојаџиев од Систина уште првиот пат ми кажа дека ништо посебно нема да ми кажат џабе парите да не си фрлам. Не сум го испитувала.
Имаше некои симптоми за спонтан или? Со вакум ли беа? Кај мене вториот пат самото тело без ништо го исфрли, ама јас имав 2,3 дена прво кафеав исцедок, третиот ден имав благи менструални болки.
Јас имам исто позитивни. Ми рекоа само имунитет и дека за една од причините на спонтаните се и овие. Особено според неделите на загубите, 6, 12, 16, 20 недела.
Кај мене сите беа со крварења, едниот пат беше миссед па затоа со киретажа чистеа. Другите природно со капките за чистење и собирање матка.
Здраво женски, ми треба совет или некое искуство Во петокот бев за срцева акција треба да сум 8+2 меѓутоа имам покасно овулација и плодот беше 5+5. Докторката рече дека не и се допаѓа како напредува плодот и да направам бета (излезе 4600 а пред 2 недели беше 3400) ми даде упут за на ГАК и ми рече да и дадам време до понеделник да одлучиме што понатаму. Во саботата се разбудив сабајле со крв на бришење и отидов одма на ургентно на ГАК. Докторката што ме виде ми рече дека сум статус кво дека или ќе биде или не... да оставам до петок вака и да дојдам на контрола ( евентуално ако имам ептен силни болки и свежа крв да одам веднаш тогаш). Ми рече дека она препорачува природно да видиме што ќе се случи. Денес цел ден имам крварење и ко менструални болки ( меѓутоа не се многу јаки). Сакав да прашам дали доколку природно го исфрлам вака плодот да одам порано на контрола или да оставам секако до петок? Дали е страшно доколку не се исчистам целосно неколку дена да бидам во таа состојба? и како да знам дали воопшто сум го исфрлила плодот ( во случај ако не го видам/осетам)? Се извинувам за долгиот пост меѓутоа ми е прва бременосѕ и немам некоја блиска личност со вакво искуство
Јас од лично искуство ќе ти кажам. Кај мене во петок имав кафеав исцедок, така беше до недела,во саботата бев на ехо и докторката кажа дека не е ок плодот, кога во недела вечерта почна со црвена крв. Јас бев преплашена немој нешто да ми се случи. Во сред ноќ се јавив кај Бојаџиев испаничена, ми рече дека и за два дена да одам на доктор ништо не може да се случи, можам да се напијам било што за болка. Јас имав многу благи менструални болки, апче ни не се напив. Во паника тргнав ноќта за Ск додека стигнав таму на влошката сум го исфрлила без да осетам. Ќе приметиш на влошката. Немав никакви страшни болки или обилно крварење. Моите менструални болки се вообичаено многу болни а овој пат поминав и без апче. Не се плаши, нема да имаш болки некои јаки, а штом е таква бетата очигледно дека не се развива. Најдобро е самото тело да го исфрли, ќе ти дадат после ссмо капки. Сосема те разбирам за психичкиот дел, тоа е како кај повеќето што се случува за жал, нема утеха освен дека следниот пат ќе биде успешно За да си мирна отиди си утре кај твојот матичен да те види, ќе ти каже до каде си. Штом е почнат процесот најверојатно телото само ќе го исфрли. Ама никако не се оставај без ехо да те видат.
Отиди си на матичен чисто консултација совет Спонтан е и ке пуштат да,се изчистиш природно ако не тогаш киретажа Но отиди може ке ти дадат некои капки
Не се откажувај, тогаш кога не се надеваш, ќе биде... Имам 2 спонтани, мислев дека не можам да го задржам плодот, без срцева акција беа во рана бременост, не сум правела испитувања никакви... И тогаш, мин година се случи, непланирано бремена, ама ете уредно си беше се и ќеркичката спие до мене сега