Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    @lovely-girl како е можно?
    Вие ми бевте единствената светла точка во целото ова црнило од случувања, а, сега...??? Жалам, навистина.
    Инаку, јас за неполна година имав две киретажи, ама и во двата случаја, ја примив истата терапија- капсули Doxicyclin и капки Mehilergometrin- за да се спречи крварењето и да се собере матката...
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lavica26

    Lavica26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    @zaMiG moras da se smiris.mene eden blizok denta na kiretazata mi rece `placi denes isplaci se,utre nemas vreme-od utre e nova borba.`
    Taka i napraviv.sekogas ke me boli i ke go posakuvam no isto taka i me potsetuva deka MOZAM da bidam MAJKA.ako ednas se fatilo ke se fati pak VERUVAJ.GOSPOD E GOLEM!.samo smiri se i ubedi se sebe si deka ke bide zasto navistina taka e :) :hug::hug::hug:
     
    На Libra88, lovely-girl и zaMiG им се допаѓа ова.
  3. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    (tumbleweed):sun:
    Благодарам најмногу... Јас истото постојано си го викам, но, ете, доаѓаат моменти кога сум премногу скршена- не го наоѓам излезот... Сепак, ваквата поддршка и утехата многу ми значат. Ти посакувам среќа во најскоро време :rain::sun:
     
    На Lavica26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ете @zaMiG можно било сррќна бев што го зачував бебето првиот пат на првото крварење но немав сењќа. Најжално е што не и објаснија од што дошло до овој спонтан и најболно ми е што си го видов бебчето пред да искрварам и беше пораснато и оформено точно за 12 недела... о болките беа како за пораѓај ... оваа не мислев дека ке ми се случи...како и да се тешам душата плаче ... бедно и болно ми е мм е скршен го гледам се труди да заборави како да нд било . А знаеме дека е невозможно ... си мислам дека жената е створена само за болка бидејќи е моќна и може да преброди се .... но ... паѓаме стануваме се смееме и позади нас оставаме лошо искуство, лош почеток на веќе завршена работа.... И почеток на нова борба се разбира. Поддршка до сите вас кои ја имавте оваа болка ,но .. заедно сме посилни од се !!! Ве бакнувам !!!!
     
    На zaMiG му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lavica26

    Lavica26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Malku mi e sram za prasanjevo ama... posle kolku vreme od kiretazata imavte odnosi? :tmi:
     
  6. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    @zaMiG , @monik55 , и сите други во групава, незнам дали и е местото тука, но би сакала да најдете малку утеха во мојата приказна, па затоа ја објавувам тука!
    Пред 12 години го добивме нашето бебенце, нашата Мила. Непланирана и неочекувана бременост во вториот месец од бракот.
    Потоа довршување факултет, бркање кариера ...дури после 5 години се сетивме дека време е за уште едно бебе и веќе следниот месец останав бремена! Првите три месеци ги поминав со енормно гадење и повраќање, двапати завршував и во болница заради дехидрирање, но при сите прегледи бебето убаво се развиваше. Во 20 гн се намалија мачнините, беше 24 септември- време за редовна контрола, првпат облеков трудничка туника, купив бонбоњера и отидов кај матичната среќна што конечно се чувствувам добро!
    Но брзо-брзо ми ја однема насмевката- докторката ми кажа дека приметува проблеми во стомачето кај бебето и ме упати на клиника.
    И почна голготата - клиника, Систина, Ремедика, Џиков и... очајно одев од лекар до лекар барајки трошка надеж дека имаат згрешено во дијагнозата! Така 5 недели поминаа, направивме и амницинтеза и кариотип, резултатите беа во ред но прогнозата за мојот Попај остана иста - омфалоцела и неразвиена десна комора на срцето...нема надеж! 30 октомври 2009 се откажав од моето чедо, ми ставија инекција но моето тело 2 цели дена не ја пушташе рожбата...2 дена во физички болки кои ми го параа телото и духовна болка која до ден денес ми ја пара душата, сѐ заврши после 2 дена ... ме испратија дома...зад себе го оставив мојот Попај, големо момче од 660 грама!
    После некое време ги направив основните гинеколошки прегледи, брисеви, пап и сл но одговор не добив што го повреди моето бебе. Ме убедија дека така требало да биде!!!
    Плачев и страдав, се обвинував себеси и го обвинував маж ми, ќерка ми се будеше ноќе и си го бараше братчето...побудалевме од болка! Најтешки беа деновите кога ќе слушнев за некоја неверојатна приказна од типот "преживеано бебе...чудо се случило и го излечило после 3 операции и сл" тогаш се прашував во исправноста на мојата одлука и повторно во мислите го преживеував секој миг од индукцијата и плачев, постојано плачев!
    Во 2011 после консултации со 3 гинеколози пак се решивме да се обидеме и пак среќата ми се насмевна уште следниот месец и пак кратко ни траеше среќата... немаше развивање на плодот! Чекавме сѐ до деветтата недела и потоа ми направија киретажа. Повторно ми се урна светот, на Велики четврток 2011 година излегов од болница со празна матка и празно срце! Единствена утеха ми беше моето девојче, секој ден му се заблагодарував на Господа што ми ја даде пред да ги дознаам маките и страдањата на загубата!
    Потоа продолжив да ги барам одговорите зошто ми се случија овие трагедии но гинеколозите не ми даваа ништо конкретно - едни те исти испитувања - брис, крв, пап и едно те исто објаснување - така требало да биде. Единствено на имонологија добив конкретен одговор - покачени ССА и ССБ антитела, зголемана АФА и ТСХ, ТПО, ТГ што укажуваше на Хашимото тиреодитис и Системски лупус. Ме упатија на Патофиза, Ревматологија и Трансфузиологија. Од таму добив терапии, правам редовни контроли и испитувања. Месечно во просек трошам 100 евра на лекови и испитувања но морам, се работи за сериозни автоимуни заболувања!
    Штом ги дознав дијагнозите, почнав да се распрашувам дали е можна следна бременост но никој не ми гарантираше ништо. И се откажав!!!
    Доволно ми беше мојата Мила оти, тогаш се тешев, и сонцето е едно па сите не грее.
    И дојде мај, 2015, штотуку добив унапредување и уште траеше пробната работа, веќе комплетно беше потисната желбата за второ детенце кога сфатив дека ми доцни циклусот неколку дена! Ми уступка срцето но несмеев да се радувам - направив тест, почнав со контроли, добивав добри резултати но сеуште не смеев да се радувам! Благодарејќи на Господ и д-р Весна Ливринова, после девет месеци буквално поминати во кругот на болницата, после стотина прегледи, анализи и испитувања, на 30 јануари на свет ја донесов Магдалена, сонцето на мојот живот, светлата точка што ми ја врати вербата во бога и волјата да се борам со болестите!
    Среќата дојде после дождот и громотевиците! Јас се откажав но Господ не се откажа, ја знаеше мојата потисната желба и ми ја оствари!
    Никогаш не го заборавив мојот Попај ...но сега животот ми е комплетен со моите две сонца.
    Кога нешто ни бега од раце, има три можни причини: не е за нас, не е вистинското време или не чека нешто подобро!
    Моето подобро спие до мене...
    а вас ве чека многу наскоро, дај Боже!!!
    FB_IMG_1453875662195.jpg
     
    На Joanna28, Aleks@and&ra$, naturally и 24 други им се допаѓа ова.
  7. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    Душо, ништо страшно, ни срамно не е тоа..., па нашата цел не ни може на поинаков начин да се оствари...
    Сепак, киретажата не е така едноставен зафат- сепак, во матката почнало развивање на плод, таа се променила со зачнувањето и сега, треба да се стабилизира, да се одмори и да закрепне...
    Мое мислење е да се почека некое време, да си се стабилизира сѐ, да се направат потребните испитувања, па, со Бога напред, непосредно пред планот за повторно забременување, да се фрлите на работа..., или, Ако планираш подоцна бепче, остави 2- 3 циклуса, барем, па тогаш....
     
  8. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    @Sunshine_1979, иако не се познаваме, драго ми е да слушнам дека од толкава голгота некој излегол како победник, дознал за причините и сега е најсреќен со своето дете (деца).
    Сега и мене ми се разрешуваат дилемите околу тоа дали да одам на Имунобиологија, иако неизвесно ми е што ќе произлезе од таму :-/
    Ќе направам испитувања, па, можеби, малку полесно Ќе ми биде секогаш штом здогледам некоја среќна трудница...
     
  9. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    :$
     
  10. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, еве ме мене пак, оваа тема ми останува неизбежна за разговор. Ми се вртат прашања милиони , сама как и и од каде да си објаснам. Единствено нешто е што ве молам за совет, да ми кажете што се јас да барам од гинекологот на следниот преглед, какви испитувања да ми направи ? Бидејки сум цела во забуна и не ми е јасно дали јас сама да барам да ми испитаат се што треба или ... Ви благодарам, убав ден !
     
    На zaMiG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zaMiG

    zaMiG Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    25
    @lovely-girl вака: докторот да те упати на соодветните клиники за
    1. Хормонални испитувања (тоа се неколку вида хормони), FSH, LH, PROLACTIN, ESTRADIOL ( ова се репродуктивни хормони) и TSH и f T4 ( ова е тироиден статус).
    Овие испитувања треба да ги направиш на 3., 4., или, пак, на 5. ден од добиен циклус.
    2. На Имунобиологија и хумана генетика ( така се вика институтот кај нас) се испитува:
    - имунолошки испитувања за жената ( мора да им кажеш за спонтаните абортуси- која гестациска недела се случиле, па ќе ти кажат што конкрентно треба; мене ми рекоа да испитам Хомоцистеини и витамин D, а, сопругот ASA ( антиспермални антитела), па на вториот ден мислам и Спермограм.
    - генетски испитувања CVD ( двајцата)
    - HLA типизација (двајцата)

    3. На Институт за трансфузиологија
    - Основен специјалистички пакет
    - основни тестови за хемостаза
    - крвна слика
    - Д- димер
    - ЛА скреен, ЛА конфирм- Лупус антикоагулант
    -протеин C
    -протеин S
    Антитромбин III ( коагулационо)
    Антифосфолно антитела - АФА
    - мутација на генот за фактор 5 лајден- РЛС
    - мутација на генот за протомбин РЛС
    - мутација на генот за МТХФР ( Ц677 Т)- РЛС

    Овие испитувања на Трансфузиологија се поклопувааат со некои од Имунобиологија, па, затоа прво оди на Имунобиологија, (таму испитуваат подетално), потоа оди на Трансфузиологија и испитај ги потребните преостанати нешта...

    4. Испитувања за КАРИОТИП ( за двајцата) и тоа се некои генетски...

    5. Јас си проверив и брисеви од уста, нос, урина, фецес

    6. На крај, ќе направам и гинеколошки проверки:
    - ЕХО, брисеви, ПАП и TORCH ( вирусолошки испитувања), а, ако се работи за еден спонтан, можеш прво ( и единствено??? не сум баш ЗА) овие..., па, потоа другите...

    Поздрав и извини на долиот одговор, но се потрудив сѐ да напишам...

    П.С. Сите испитувања освен брисеви и сл. се преку земање крв :)
     
    Последна измена: 21 март 2016
    На danichap и lovely-girl им се допаѓа ова.
  12. Lavica26

    Lavica26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    @zaMiG blagodaram za odgovorot :) za bebce ke pocekame barem 3 ciklusi.mislev za zastiteni odnosi od koga.. za ispituvanja nisto ne mi kazaa bidejki prva bremenost mi bese,zdravje so Gospod napred ke probame uste ednas i so silna verba vo Bog se nadevam ke e vo red.
     
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    @zaMiG ти благодарам што ме упати се надевам и овде ке се снајдам, доколку не сакаат да ми направат испитувања кога ке си дојдам дома ако треба ке платам па се ке направам . Многу ти благодарам :*
     
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    И да прашам уште нешто , дали некоа од вас има правено прегледи во Штип кај Др-Органџиски, јас овде на нетов ја најдов неговата веб страна и има објаснато какви испитувања се прави и секако ценовник, па слушнав доста позитивни критики за него. Доколку некоја правела прегледи таму колку сте задоволни ? :) :*
     
  15. skorpija091

    skorpija091 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    20
    @Lavica26,за односи почеκај баρем 20 дена да се стабилизиρа матκата,и на неа и тρеба одмоρ,може и поρано но не ти пρепоρачувам,сепаκ твое си е ти ќе си одлучиш.Јас чеκав месец ипол и паκ не ми беше κаκо што тρеба.
     
    На Lavica26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavica26

    Lavica26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram :)
     
    На skorpija091 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    jas sum nova na forumot i sum vo pocetok na bremenost denes bev na eho i mi se vide edno crno krugce ne sum zapoznaena mnogu so tema bremenst pa imam prasanje vo vrska so spontan abortus dali moze da se sluci na pocetok i koi se siptomite isto i za patoloskata bremenost me innteresira
     
  18. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Zosto se interesiras za spontan,patoloska...?
    Velis na pocetok na bremenost si,pa imas soodvetni temi,zemi tamu citaj si,informiraj se...
    Batali ova ovde,sto ke ti e.
    Opusti se i uzivaj,so lesno:)
     
    На Bebulleee, zalosna и mariz им се допаѓа ова.
  19. agapii

    agapii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2016
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    zatoa sto pusam po kutija dnevno poradi stresni situacii sto sum imala tesko mi e da gi otkazam pa zatoa se interesiram kolku e vozmozno os toa na pocetokot na bremenost da dojde do spontan abortus ili patoloska bremenost
     
  20. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.225
    Пол:
    Женски
    Izvini,ama prasanjevo ne ti e na mesto,da ne recam istovremeno i smesno i glupo.Pa i malo dete znae kolku se "zdravi"...I jas pusev po kutija i vo dvete bremenosti.Prvata mi zavrsi so spontan vo 19-ta nedela,vtorata so sreken kraj.Suma sumarum,se e ostaveno na tvojata sovest.
     
    На DigY и Mariangel им се допаѓа ова.