Многу е тешко, се сложувам. И јас сум скршена, солзите сами ми доаѓаат, а уште повеќе ме нервира кога некој од страна ќе ми каже дека не е страшно и дека се случува ова. Но лесно му е на некој што не поминал низ ова да кажува и затоа некое време одбегнувам контакт со некои луѓе. Јас по втор пат поминувам низ ова и ме уништува психички. Маж ми вели ќе имаме бебенце и дека Господ го дава потешкиот пат на посилните, но не можам повторно да се помирам. Боли. Кога ќе поминат овие претешки денови, се прашувам.
Здраво девојки еве ме пак овде... оваа тема не ја сакам.... врака спомени, ама само овде можам да прашам што ме интересира... Не заборавив, нема ден да не се разбудам и да не помислам на тоа што ми се случи, ме прогонуваат тие никакви мисли, никако не успевам да ги избркам. Ме фака некоја криза, не разговарам ни со мм ни со некој друг.. овие денови пак тивка сум, незнам ни што да му кажам . Многу проблеми ни се јавија општо во фамилијата, се влијае на нас... Еве ме се оперирав од жолчката, по една недела сум како нова, раната се зараби, нема ништо...поминаа 3 циклуса, ( ги чекам како ладна вода ) , сега чекам 4ти ... што мислите, од кога да престанам да се чувам , и да пробам пак со бебенце ?? Ме фака луда криза, неможам веке, со партнерот сме скоро 7 години заедно, 2години брак, и скоро 5 години во врска бевме... очајна сум и навистина кога ке видам количка и бебенце, и срекна мајка јас сум скршена ... сите мислат дека сум заборавила се што било, дека сум цврста а јас јадна ... ... болка не минува ....??
Зависи во која неделати бил абортусот. И како ти кажал гинекологот. Инаку и мене ме фаќа таа криза. А кога ќе отворам на фб се гледам како некој добил дете, е тоа повеќе ме уништува. Нека им е за убаво, ама не можам да сфатам зошто сум јас вака казнета да не можам да родам што се вели. Кај сум јас се прашувам. Тоа е. Еве и кога пишувам, солзи ми доаѓаат. Со лесно нека ти е и операцијата.
Абортусот беше во 13та недела .... Не сме казнети, нас не одбрала природата, и тоа е... Незнам што да кажам ,гинекологот рече од 3 до 6 месеци ... во Март имав јас спонтан ......
Мој совет ти е да почекаш 6 месеци,тешко е знам ама бргу ќе поминат ќе видиш за тоа време ти земи да пиеш фолна и витамин Е а сопругот само витамин Е.
Потполно те разбирам,мојот абортус беше во февруари бев 22недела,и еве после 5 месеци секој ден сум со прашањето зошто...но одговор немам...од една страна се одговорите дека така требало да биде...од друга страна ајде што чекате кога ќе имате...уууфффф...но само позитивна мисла и ќе се сложам со @monik55,почекај уште 2 месеци и опушти се повеќе психички се ќе биде во ред...Господ е голем
Ајде сега и ти опуштисе имаш уште еден месец чекање,сега психата одморија витамини зимајте и двајцата и и овој пат ќе биде се супер ќе видиш.
Нема проблем секако ке купам Е витамин и фолна киселина ... доста читав дека е препорачливо да се пие нарем 3месеци пред забтеменување и 3месеци по забременување. Кас тогаш не пиев ништо ме беше страв, но сега не се оставам така. Тогаш Елевит пиев и тоа почнав некаде од 8та недела... сега повеќе ле се грижам за себе... фала ви девојки за мислењата. Убава вечер !
Само тој што на себе ја почувствувал горчливата болка од губењето на нероденото бебе, знае... Не е лесно ни еднаш, а не пак и вторпат да се изгуби... И јас два пати искусив... тоа чувство на беспомошност, празнина, тага, огорченост кога некој близок добил принова, објавил слики, му прават мекици.......убива, ги прободува градите, срцето како да престанува и плачам, плачам, го напрегам грлото, но без да пуштам глас- никој да не ме чуе, да не биде сведок на таа неподнослива и само моја болка... До кога, Боже, ќе ме челичиш уште, не ли е доста?
Ajde gospod gi dava najteskite bitki na najsilnite borci nie sme silni zeni drugite duri i ni zaviduvat kako izdrzuvame no ke izdrzeme i ke imame i nie da objavuvame na fb sliki od nasite bebcinja i za nasite bebcinja ke se davat mekici ke videte oti ke e taka i jas imav dva spontani vo 4 i 6 nedela bremenostite mi bea so ivf posle 7 god ostanav bremena i dojde do spontan prviot pat vtoriot posle 9 god i posle 11i pol god me drzi pozitivnata misla
Alal da ti e za tvojata pozitivna misla i hrabrost. I barem na vakvi forumi mozeme da si kazeme sto ni lezi zasto pominuvame niz toa. Boli mnogu. Daj boze da bideme srekjni vo skoro vreme i da ne ni se trgne nasmevka od liceto zasto mojata iscezna, osobeno po vtoriot pat. Sakam da se nasmeam, no ne mozam. Se zatvoriv doma zasto mojot abortus bese i pokasno, 13 nedela, i ne mozam nikako da prebolam. Takva licnost sum. Posilno e ova od mene. No Gospod ke ni dade veruvam. Ve gushkam site
Значи не сум била единствена што се чувствува така. Сега во скоро време треба да се породат од фамилија. Не знам како ќе го издржам тоа. Се чувствувам празно, а тие бебе ќе си донесат дома. Зарем не сме заслужиле ние женички да си донесеме бебе дома. Зошто ние да се вратиме од болница со празни раце. Веќе не знам што да правам, сакам на некоја планина да одам да се извикам зашто срцево веќе не може да ми ја издржи оваа тага.
Ne se sporeduvaj so drugite. moze tvojata srekja kje e duplo pogolema, samo malce podocna od nivnata kje dojde...
И мене ми се случи спoнтaн aбoртус вo 6тa неделa. Oтидoв нa гинекoлoг превoзбуденa пoсле тестoт зa дa нaпрaвиме ехo дa си гo видaм срценцетo и се рaзoчaрaв... Беше мaлечкo зa 6недели и нaпрaвивме bh тест ...првиoт тaкoв тест гo нaпрaвив пред 10 денa вo 4тa неделa и oдличнo се рaзвивaл плoдoт. И пo 9 денa бев нa преглед кaде пoсле ехoтo нaпрaвив усте еден тaкoв тест преку крвтa. Дoктoрoт ме виде и рече декa не бидувa ништo нo сепaк дa нaпрaвиме тест. Дoдекa гo чекaв резултaтoт се случи oчекувaнoтo... Прoкрвaрив и гo изгубив резултaтoт беше сaмo пoтврдa декa вo тие 9денa вooпштo не се рaзвивaл плoдoт. Се чувствувaм мн лoшo и тешкo ми е се прaшувaм зoштo прв пaт ми е не веше плaнирaнo aмa се случи нaвреме и бевме пресреќни. Oтидoв зa дa гo видaм и јa дoбив нaјнеoчекувaнaтa вест. Вo oвoј случaј дoбрo беше штo сеуште бев вo бoлницaтa кoгa прoкрвaрив и вднaш се видoв сo дoкрoрoт. Дa ми се случеше дoмa незнaм штo ќе прaвев ќе се мрднев oд умoт. крвaрев 8 денa и се исчисти прирoднo без киретaжa. Плoдoт бил мaл и немaлo пoтребa. Сегa здрaвје Бoже ќе пoчекaме некoе време дa ми се среди циклусoт и ке се oбидеме пaк. Е сегa oвa крвaренјетo дa гo сметaм кaкo циклус или не ... Не гo прaшaв дoктoрoт. Дaли ќе ми дoјди пo еден месец или не незнaм кaкo дa гo сметaм тoa?
Lele bas mi e zal Ajde cim bidnalo ednas, kje bidne pak i uspesno. Inaku drugarka posle takov abortus si dobi i porano od mesec, no zavisi toa valjda... Ova mislam da ne go smetas za ciklus, sepak kje mora da si dojde organozmot na mesto, no sigurno ako si imala redovna menstruacija kje si dobies po eden mesec..
Девојки, Бог пак ке не дарува со таа убава вест, и тоа убаво треперење во стомакот, ке издржиме ние ... Силни жени сме, не смееме да се предадеме !!!!