Мила не се вознемирувај од тугата срека,Господ и нас ке не израдува,и јас се наогам во една слична ситуација со повеке трудници што галат стомак и тоа гледајки ме во очи и знаејки низ што поминувам,на почетокот и јас се осекав лошо и им бев лута на бремените жени ама сватив дека тие не се виновни за мојата ситуација.Си почувствував вина на себе што им љубоморам сватив дека е проблемот мој,опушти се и немој да се нервираш сите ние минуваме низ истото.
Има поболно а поболно е да те застануваат на улица и да те прашуваат што имаш син или ќерка цела година тоа ми се случува. Јас не бегам од деца и неми криво за нив,јас бегам од народот што прашува.
Мони,сигурно не се информирани,затоа прашуваат,не ти мислат ништо лошо....Господ на сите ќе ни даде,не бегајте од трудниците,разберетеја нивната среќа и бидете среќни за нив,има Господ и за нас.
Знам дека не мислат ништо лошо дури и кога ќе им кажам дека немам ништо им паѓа криво а мене па покриво. Јас не бегам од трудници и деца бидејки ја знам таа среќа и ме траеше скоро 7 месеци.
@QueenP @monik55 ..не дека јас им љубоморам , едноставно се осеќам грозно, два месеци по ред ништо, а редовна менструација.. овој месец решив да не се замарам ни со овулација, ни со плодни денови,ама баш со ништо. И долку и овој месец не се случи ништо, ке одам на испитувања па макар и приватно овде ке си платам . Не бев јас во такви кризи... не бев ... сега се држам доста слабо , на моменти дури се губам , не се препознавам самата себеси. Знаејќи дека сум борбена, дека ке издржам се ... јас сум катастрофа ...
Катастрофа сум и јас мила моја,по 2 години чекање забременив и имав спонтан, мојата психа не може да издржи толку нервоза,ама морам да имам сила знам дека еден ден ке станам мајка ми треба сила за да си ги чувам дечињата биди силна 2 месеци не се многу.Те гушкам и знам како ти е.
Zdravo doktorkata mi spomna deka po spontan abortus pokraj brisevi i papa test se pravi i analiza na krv.iskusto! Ah sum bila vo ista situacija decki rodenden i na site majki so deca pokrat tortata im davaa i mafina op.koga dojde red zamene nema poso nemam dete.
Девојки здраво, ме интересира овде, дали има некоја со обрната матка, и дали има со матка малку повеке повлечена навнатре од нормалната положба !??! Што ви рече докторот кога бевте на преглед после спонтаниот, и за нејзината положба !??! Фала многу
И мене ми кажаа дека е можно да имам преграда,и ми препорачаа хсг и хистероскопија така најдобро ке знаеш во каква положба е матката.Ако не си направила направи си.
Mене после пораѓај ми е завртена на другата страна... retrovertred uterus, на тоа мислиш? другарка пред да остане бремена и кажале дека и е таква, најдобро за забременување кучешка поза, зашто незнам.. но стварно така и забременила бар тоа беше нејзиното искуство...
Здраво девојки, јас сум во таква ситуација да тука неможам нити на приватно да правам испитувања, а ниту во болница да ми ги направат, по што не е тоа како кај нас овде прават конкретни испитувања по 3,4 повторувачки спонтани, до тогаш ништо не е страшно . Инаку преграда немам , матката и јајниците ми се во добра состојба барем така ми рече докторот кога бев на контрола после спонтаниот. Е сега, од редовна по редоцна менструација здравје, на 29 дена... Е сега, по што јас имав жолчни камења ( правев операција) , на интернет доста прочитав дека , доколку имаш камења во жолчка , и останеш бремена таа го намалува прогестеронот,а нели прогестеронот е тој сто ја одржува бременоста, и затоа доаѓало до спонтани... сега треба на 22 да добијам ( се надевам дека нема ) , и немам никакви симптоми, единствено пред некој ден една толку силна силна болка во левиот јајник да морав да седнам за да не ме боли ... Инаку јас една недела пред да добијам имам болки и во грбот, стома ме боли, јаници ме болат, гради ме болат а сега ништо од тоа.. Инаку фала ви за советите,убав Неделен ден на сите .
девојки, после спонтан абортус во прво тримесечие, дали некоја правела имунолошки и генетски испитувања на Институт за имунологија и хумана генетика?
Да ајаја 95 јас имав два спонтани и ги правев овие испитувања и кај мене испадна дека е од имунолошки карактер па сега ќе видам понатака што ќе правам.Ги земав резултатите неделава.Испитувањата се од крв нели даваш крв од вена и малку повеќе ги чекаш отприлика 15 дена едино ако немаш врски за побрзо.Сите испитувања чинат околу 9000(груба пресметка) денари со плаво картонче,а приватно се многу скапи (ги прават и ги добиваш брзо но чинат многу околу 50.000 ден(груба пресметка).За испитувањата со крв закажуваш преку мој термин....
Правев јас . Уште хла го чекам . Јас имав спонтан во второ тромесечие 24 недела. Имај на ум да си спремаш пари малку повеќе и за хла можеш да се зачлениш за донатор ќе ти објаснат таму , и со тоа ќе заштедиш 4000 денари и би требало да платиш околу 3000 ден само.
Правев и јас,чекам резултати.. твоите рез како се? Што се всушност овие резултати? Ддали навистина може да покаже дека партнерите не можат да имаат здраво дете?