Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 28 јануари 2011.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто девојчиња, моја позната беше бремена 5 недели. На клиника сакаа да ја чистат пред некој ден, во Систина рекле има постелка не се гледа плод, и на крај приватно ја пратив кај мојот гинеколог и тој и рече да почека ( по пресметки денес требаше во 6та да влезе) .
    Отишла денес и и рекол дека нема бебе... :(
    Јас се испорасплакав, она крвареше кафеаво, но од денес црвено почнала. Кажано и е дека по природен пат треба да се исчисти, ако не да оди на чистење за 10тина дена... ;(
    Ме интересира од ваше искуство ве молам споделете, дали има и најмала шанса да крвари а да е во ред (мада знам дека црвено не е ок, но јас крварев во 4ти месец- кафеаво да напоменам, и еве се породив) и пример да се види плод за 10 тина дена?
    Не ми се смејте за прашањево, очајно сакам да и помогнам...
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Штом почнала да крвари со чиста крв, не ќе да го биде бебуш :(
    Истово и' се случи на моја другарка пред месец дена, иста недела. Ни утрогестан не помогна, крвареше недела дена кафеаво, па продолжи со чиста крв. Дај боже кај пријателкава твоја да се исчисти природно, да не треба да ја чистат.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Ох, многу ми е криво... Многу спонтани има не знам што е ова... :(
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Ист случај беше кај мене Лејди. :(
    Што и да и кажеш сега болката е таа . Ама гушни ја , ќе и значи.
     
    На Lavica2602, mal.ecka, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Можеби грубо звучи, но докторите тоа го викаат природна селекција :(
    Претпоставувам денешниот стресен начин на живот и исхраната си допринесуваат.

    А девојкава здрава права, физички многу активна, плус е премногу позитивна и приземна особа, беше свесна дека тоа ќе се случи НО сепак заедно си поплакавме.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    И јас имав вкупно 5 спонтани,првите 4 сите ми беа во 5-6 недели освен последниот во 8
    Би требало да почне со испитувања
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.426
    Пол:
    Женски
    Ќе се испитува, но мора да се исчисти прво... Се утепав од плачење цел ден, 100 пати и се јавив, ја мислам цело време...
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. veljanoska2

    veljanoska2 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Имав спонтан 6 недела почнав да крварам, го исфрлив плодот и сеуште крварам, парчиња излегуваат при мокрење, бев ноќеска на дежурен гинеколог ми вика седнувај одма на киретажа имаш мало парче останато и ќе го извадиме. Одбив затоа што матичната ми кажа да чекам до понеделник (утре) и сам ќе се исчисти плодот, ќе падне. Сакам да знам дали може да имам последици од киретажата.. Прва бременост ми е незнам што да правам на цела болка од губитокот на бебето уште нервози со ова. Совет мислење ваше што да правам, закажав и систина кај Панчевски на 4ти јули. Ви благодарам
     
  9. LSP

    LSP Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за загубата, знам колку боли, но така требало да биде :( Закрепни сега малку, па Господ нека ве израдува со живо и здраво бебенце. За киретажата немој да се секираш ако е потребна, според мое искуство не остава последици. Јас бев правена киретажа, во 11недела го изгубив, па после тоа откако решивме со мм дека сакаме бременост за неколку месеци повторно останав бремена. Фала Богу еве утре ја почнувам 28ма недела. Види во Систина што ќе ти речат и ако речат дека треба немој да се плашиш. Господ нека е со тебе и за брзо нека ти подари бебенце :l: Силно те гушкам :hug:
     
    На veljanoska2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veljanoska2

    veljanoska2 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    ти благодарам на охрабрувањето и јас те гушкам силно, болката е неизмерна. Ќе ви пишам што сум направила (моето искуство) ❤
     
    На LSP му/ѝ се допаѓа ова.
  11. veljanoska2

    veljanoska2 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Девојки бев на гинеколог матичната ми препиша после спонтаниот вибрамицин и капки за матката по 15 капки 3 пати на ден.. Дали имате и вие што сте имале спонтан ги земавте овие лекови затоа што вибрамицинот ми е мн јак ме боли желудникот.
     
  12. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.298
    Допаѓања:
    170.493
    Пол:
    Женски
    Земај и витЦ илјадарка. Ако ептен не можеш вибрамицин,прашај ја да ти смени со друг антибиотик,цитерал на пр. И рупурут си земи за желудник
     
    На veljanoska2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. krstevska123

    krstevska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас од 3 спонтани 2 со киретажа ги имам примано

    Не се секирај нема последици јас 3 спонтани имав првиот пат само ми се исчисти а 2 пати киретажа ми правеа и сега пак сум бремена 9 месец. Баш ми е жал знам како ти е но ќе помине
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2017
    На veljanoska2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LSP

    LSP Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    И јас ја примав таа терапија после киретажа. Прашај ја докторката да ти го замени вибрамицинот и обавезно земи нешто за желудник штом имаш мака. Брзо заздравување :l::l::l:
     
    На veljanoska2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Делфина_

    Делфина_ Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки,

    Креирав профил само да се заблагодарам на сите вас кои активно дискутирате баш на оваа тема, кои несебично го споделувате вашето искуство. Да знаете само колку сте ми помогнале , кога ми се случи бев некако психички поспремна за се' што следеше само од тоа што внимателно ве читав...Во секој случај искуството е непријатно, болно, тажно и вечно црн ден во животот, но да не бевте вие ќе бев тотално избезумена низ цела таа голгота...

    Го изгубив моето бебеце во 9та недела. Симптоми слични на тие што веќе ги споделувавте: имав кафеав исцедок од 4та недела (тоа не значи дека ќе следи спонтан), во 7ма почнав да имам и темно црвена крв па покрај Утрогестан и Дабростон примав и Прогестерон инекции (една на пет дена). Генерално се осеќав добро, сепак резвојот на плодот не одговараше со гестациските недели и тоа длабоко во мене ме излудуваше...Во 8 недела почнав да осеќам менструални болки и имав повеќе крв, сепак беше ок, но неколку дена подоцна со мн јаки менструални болки и крварење завршив на ГАК каде што веќе не гледаа плод и ме пратија на киретажа истата вечер. Искуството во ГАК е непријатно, груб персонал и малог раѓанштина, но повеќе ме плашеше крварењето кое беше толку обилно што ми течеше по нозе, и да тоа беа едни лоши моменти...Киретажата помина лесно, и не се плашев кога влегував во сала, само поради вашите несебично споделени детали...Се' заврши ок, утредента бев дома, имам уште болки и повремени крварења иако поминаа 3 недели од тогаш...После прва менструација ќе ги направам сите испитувања за кои исто така дознав од вашите дискусии...

    На кратко тоа е моето искуство, некои ја викаат природна селекција, јас повеќе Божја воља.
    Се надевам на поубави денови, ви посакувам убави бремености и здрави и живи дечиња <3
     
    На mariz, forumce и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    55
    Прво се извинувам за рефератот...Ама баш за ова и се зачленив овде, да можам да се искажам, да можам белким нешто да симнам од душава.. За џабе не рекле мајчинството е господов благослов.Ми се случи нешто што мислам дека ми го смени животот....добив "циклус"( Што уствари не било циклус туку крварење) А точно за 30 дена...Што нонстоп ми е така од 28 до 30 дена добивам.Ми заврши циклусот(крварењето) за 10 дена јас пак прокрварев и тоа обилно ....Добивам страшни болки и на лекар...Ме прашуваат дали сум бремена а јас цела сигурна НЕ.Ми ставаат инекцика за болки.После 5 6 часа ме гледаат на ехо ми кажуваат бремена си ама ова е многу ризична бременост...Мислев дека ќе се онесвестам...Значи 4 ипол години сме во врска нонстоп пазиме се немаше случено да ејакулира во мене..Незнам како се случило нонстоп ејакулира надвор.(Јас мислам од онаа предсемената течност што ја викаат)Не планиравме во скоро време да имаме дете..Башка крајта на јануари треба да идеме во странство на работа...Конечно после толку време ни се посреќи да можеме да идеме...Работа све најдено...А ова ко гром од ведро небо.Докторот толку арогантно се испонаша со мене пошо почнав да плачам...Шок врз шок...Неможам да опишам како се чувстував.Луѓе верувајте нејќев дете.Плачев цела избезумена....Не се ни осеќав спремно јас за дете...Од секогаш си велевме ќе се земеме прво па кога ке бидам подготвена психичќи ќе имаме бебенце...Незнаев што ми се случува.Утредента бев кај друг гинеколог тој ми потврди исто...А јас за цело тоа време крварев ненормално.Ми кажаа дека имам огромен хематом.За плодот за крварењето ми даде лекарства и ми рече се надевам ќе престане крварењето со ова.Доколку не престане ќе мора киретажа...Незнаев што да правам толку бев неспремна за дете сите планови во вода..Се осеќав премногу млада за дете...Уште не регистрирани.Ризична бременост...Си отидов дома избезумена а болките се зголемуваа со секоја минута а крварењето исто...Од таму пак во болница...Ме задржаа таму.Исто лекарста, се што беше можно направија...Како што докторите се трудеа да го спасат плодот така со самите нивни зборови така и јас почнав да чувствувам некое друго чувство..Нејќев да прифатам али длабоко во мене почнав да чувствувам дека нешто почнува да ме врзува се повеќе со тоа внатре....Имав ненормални болки 2 дена и крварење.Докторите ме храбреа да издржам...Бев силна најмногу што можам...Последното ехо беше пресудно дали ќе треба киретажа или ќе престане крварењето и болката.Ме гледаа на ехо и ми кажаа.ДВЕ СЕ.....БЛИЗНАЧИЊА..Едвај се гледаат едно позади друго.....Почнав да треперам цела како лист...Од стрес од болка од чувства...Рекоа ќе издржиш уште малку па ќе видиме....А јас од болки веќе ќе се поместев во паметот.Си давав сила самата...после саат време ми се приоде у веце....Таму едниот плод падна......во рок за 30 мин и друѓиот во креветот ми падна....Не знам како да го опишам чувството колку ми беше болно...За 3 дена моите чувства се сменија 100% Како 2та плода се скинаа од мене во исто време срцето ми се скина....Моите 2 близначиња отидоа....А имаа срцева акција...Ми извршија киретажа али ми кажаа дека минимално е гребната матката пошо јас све сама сум исфрлила и вакумсќи е се друго извадено...Дека шансите да останам понатака бремена се 99%.Си отидов од болницава со грижа на совест...И ден денеска си велам да можев бар да ги почувствувам пред да заминат....Да не го помислев тоа што го помислив на почетокот можеби ќе останаа..Моите 2 близначиња...Моите 2 души.....Ама за жал си отидоа.....;(;(
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    @Кита џабе се обвинуваш сега не можеш ништо да сториш. Понатаму ќе ти било потешко да се случило дури се поголемки. Ете не си била спремна,за следно ќе си планирате убаво и ќе го дочекаш бебулето со радост :hug:
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Кита

    Кита Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    55
    Да помислив и на тоа..Фала ти мила.Се надевам повторно ке бидат близначиња❤

    Девојки сакав да ве прашам пошто не сум многу чепкана на матката туку минимално после колку време смеам да имам односи?И дали смеам да се бањам во море? Пошо планиравме да идеме на одмор сега.Да знам дали да го одложуваме или не?
     
    Последна измена од модератор: 1 август 2017
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Најдобро докторот ќе ти одговори.
    Секој организам е приказна за себе,а пред се се зависи и од причините за спонтаниот како и во кој период од бременоста е настанат.
     
    На BlackNight и Кита им се допаѓа ова.
  20. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    После киротажа ние немавме односи фазла од месец а искрено ниту јас ниту тој имавме желба за секс оти сепак губиш нешто драгоцено колку и да мислиме дека е лесно тешко е и за двајцата.. Ти препорачувам ептен ретко да влегуваш во вода ама и ичч барем 2 месеци од киротажа ако ти праеле оти инфекции да не закачиш па за второто да си ископлицираш и плус нас не советуваше докторка шо ме чистеше еден месец односи само со кондом ради исто така инфекции така да еден месец немав ништо а наредниот месец цел заштитен однос.. Сепак прашај си ја докторката најубаво ќе ти кажи
     
    На Кита му/ѝ се допаѓа ова.