Жал ми е за тоа што се случило. Имав и јас спонтан, без киретажа, скоро цел месец крварев по малку т.е имав некаков исцедок, додека се чистеше целосно матката. Добив после 28-29 дена. Забременив повторно после 3 месеци.
На терминот на кој си искрварила ќе го сметаш како циклус ..не сакам да те плашам итн. не сум најпаметна ...меѓутоа знам и дека кај некои жени може и повеќе да касни циклус кога се случил спонтан...јас добив на истиот ден кога ми беше спонтаниот точно некаде месец дена испадна и после тоа нормално се...поздравче и не се секирај,доколку немаш и после тоа компликации можеш за брзо повторно да забремениш И да не те плаши,ако некој ден подолго ќе трае...ќе се исчисти организмот сам по себе..јас сум слично со @duffi и да ти кажам дека нема правила во тоа...кога тоа ќе сака ќе биде.
Ти благодарам драга на советот. Јас сега го чекам следниот циклус за да правам инсеминација, бидејќи бев оперирана од ендометриоза сега др се плаши да не ми се повтори
Јас на пример искрено испитав после тоа само крв мокрача она најосновното...и после 2месеци пак останав ...во твојот случај сепак испитај си се ..верувам дека ќе останеш пак ..никогаш не се знае точната причината за спонтаните..ама ќе бидеме сите еден ден мамички
Мора да има среќен крај воопшто да не се грижиш. Јас што се не поминав ама издржав јуначки и еве сега за една недела влегувам во 8ми месец Ќе биде кај сите
За жал и мојата бременост заврши со спонтан абортус Се беше во најдобар ред, бременоста ми беше многу лесна, но во 8 недела, неколку дена пред да одам на контрола да слушнеме срце, го изгубив бебето. Најпрво сабајлето помалку ме болеше стомакот, вечерта посилно и почнав да крварам. Додека да се снајдеме да отидеме во болница, бидејќи не бев тука, ми испадна и ембрионот. Ми напраавија киретажа и матичниот гинеколог ми кажа дека за 4 месеци смеам повторно да забременам. Тоа е, многу болно искуство, не посакувам на никого, но така требало да биде. Се надевам ке имам следна прилика.
И моите испитувања покажаа мутиран ген Р13 кој ми ги предизвикал спонтаните,а другиот генР7 би имала нормална бременост.Е тоа било случаен избор.Така ни беше објаснето од страна на Др.Трајков.Другите испитувања се во ред.
Испитувањата ги направив поради 2спонтани и да по препорака од матичната а и ние со сопругот не можевме да чекаме и испитавме речиси се.После вториот спонтан минатата година ова време октомври и потоа испитувавме се до декември лани, нели некој резултати се чекаа подолго.Месичка така ми беше објаснето во мојот случај и мојата состојба и ќе примам терапија ако вредностите ми растат ако е Р13,а ако е Р7 ке имам нормална бременост со нормални вредности ако не ми растат.Морав да испитам не сакам 3спонтан.Едноставно морав.поздрв и чекориме храбро понатака❤
Денеска ми правеа киретажа... Во 11 недела, се откри дека мозочето не му е доволно развиено...холопрозенцефалија. Треба двајцата да направиме кариотип. Имал ли некој слично искуство? Некако едно ќе беше да е спонтан, да нема срцева акција ама малформација... Ме уби ова скроз