Taa e a ako ti pobaraat hla mozes da se pises donor na koskena srz I da ne plakas 4000 den plus za nea
@Missy980 Мила ја го прочитав постот и ислрено жалам за загубата за два месеца ќе правам 39 години бебето го иагубив во 42 недела од бременоста цело износено бебе и еве ме глава крената,позитивна а што друго може да се прави,искрено три месеци бев во депресија плачев секој ден,ноќта не ми поминуваше без седативи и си реков еден ден па добро јас што сум жива сепак на господ не сум флала со камења па што ме казни вака,но животот е тоа подобро сега отколку покасно ти удира шамар а ти му го вртиш другиот образ.Ме свати што сакав да ти кажам те и придружи ни се во ПОДДРШКА ЗА СИТЕ ОНИЕ ШТО САКААТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ ЌЕ СИ Размениме искуства Се извинувам за долгиот пост
Уффф, колку ми е жал... Страотно е ова, страотно, не можам ни да замислам како ти било Утврдија ли од што се случи, пробувате ли за друго? Јас туркам некако, од утре ќе почнам и со работа, решив да се изборам со тоа, па здравје боже, кога и да биде...
Утврдија,никој не примети дека папочната врвца е замотана во чвор и дека бебето престанало дасе развива ни мојот матичен Коруновски кој сега го сменив нит па докторот во Чаир сега се обидуваме повторно со сопругот ќе правиме инсеминација.
Ти ја посакувам сета среќа на светов! Ќе биде се, штом си останала еднаш, ќе биде пак. И да, мењај гинеколог
Здраво, После 2 спонтани абортуси гинекологот ме праќа на генетски испитувања. Во МАНУ ќе ги правам. Бидејќи не сум од Ск, ме интересира што се може да испитаме во еден ден, и дали треба да се оди на трансфузиологија и имунологија? Ако може да ми одговорите тука или во лична порака детали и околу цени, упати од доктор и сл. Ви благодарам
Јас правев кариотип и мутација на МТХФР ген на трансфузиологија. Дополнително и ова ми го правеа на трансфузиологија, не знам дали и колку е битно.
Девојки да ве прашам... ми рекоа да испитам холопроцеин (имево гарант не е точно, заборавив како се викаше, нешто што требало да покаже како ми се абсорбира витаминот Б). Е сега за да го испитам, не сум смеела да пијам никаков вит Б 1,5-2 месеци. А јас сакав 3 месеци после киретажата да се обидеме повторно... За тие 3 месеци морам да пијам фолна, па ова би ми го одолговлекло процесот. Некој со слично искуство?
Најверојатно хомоцистеин. Јас испитував и да, претходно не пиев витамини. После 3 месеци пиев и останав бремена. И мене не ми се чекаше но стравот да не се случи истото беше поголем. Пријателка, после еден месец пиење остана бремена и роди здраво и право бебенце.
На трансфузиологија Уште нешто само... колку време крваревте после киретажата? Јас 10 дена крварам по малку, ме мава паника
Јас крварев 40 дена. Се породив во 24 недела. Таман ќе престане и ќе добиеш циклус . Болна тема , срцево ми се кине кога ќе прочитам од тука пост, бидете јаки , времето само учи како да се живее со таа болка, еден ден Господ сите ќе не благослови , кај некој побрзо кај него малку покасно . Глава горе и Господ чува нешто подобро за нас
Првиот пат 3-4 дена, мисед абортус беше, а вториов ми беше спонтан, пред киретажа си крварев по малку (кафено) два дена, а после киретажата скоро ич и да не крварев и не ги ни испив капките. Само цитералот го испив. Читав низ темава имаше предлог од една феминка да се направи група на тема Испитувања после спонтан абортус...и треба...еве јас на пример не знам од кај да почнам. Лутам низ лавиринтот т.н. што потоа? Докторот вика ќе те пратам на генетски испитувања, арно ама ништо подетално не кажува во смисла што сѐ треба да се испитува. За во МАНУ ме праќа, а читам има работи што треба и на трансфузиологија да се испитаат. Има и нешто што се испитува и на имунологијја. За торч никогаш не ми ни спомнал. Доктори се и тоа им е работа, но за жал мора сами да се снаоѓаме. Хелп...
Душо пошто на обдукцијата немаше причина и др Снежана Георгиева Јаневска мр прати на ТОRCH што ми кажа уште ова ако р во ред тогаш помири се со ова како да е Божја работа..торч прават во институт за јавно здравје во Ск. Можеш да идеш кај др супер жена е па да си на чисто бар да се осигураш...