Кога ќе си најдеш нов матичен гинеколог,ќе му ја објасниш убаво целата историја околу тоа што и како си имала и што си примала и по извршениот преглед ќе се консултираш со него.Не е опасно во бременост да се користат вагиналети ,безмалку скоро секоја од нас користела ,но никако на своја рака.Кандидата во бременост доколку ја има се лекува со вагиналети или евентуално апчиња се со цел да се исчистат каналите како подготовка за породување.
Благодарам АИТ,меѓутоа поима немам кој да го изберам за матичен гинеколог,значи не сум од Скопје,а наскоро се враќам Кочани,а за таму немам слушнато добар збор за ниеден. Тоа ми е мисла цело време,маж ми ќе ми ја остави колата,ама зарем, јас натака ќе се стегнам за Ск за прегледи? Евентуално Штип ми е напамет,допрва ќе треба да се распрашувам,ми кажаа за некоја Магдалена добра била,ама не примала повеќе за матични Така да сега ме фати паника и за тоа,незнам дали да купам вагиналети или не?
^ Маца има и во Кочани добри гинеколози еве сега да не испадне реклама мене матична ми е Сузана Слишкович, жената се објаснува и обрнува внимание на пациентот, сепак распрашај се да не луташ на далеку ,за во Штип за Органџиски имам слушнато дека е доста добар доктор само мислам дека не работи со сини картони
И јас да се надоврзам, и мене ми е матична Сузана Слишковиќ, јас сум многу задоволна, жената си ја знае работата, а и многу е пријатна. Ти ја препорачувам!
Јас кога си одам Кочани, а и уште се водам како заведена матична ми е Билјана, за презимето не ми текнува сега во моментот, кај неа сум од почеток уште од првиот ми гинеколошки преглед во мојот живот и сум задоволна до сега, немам никакви забелешки, ти кажува се што треба, што знам фина е, ако сакаш ќе ти дадм број од неа па да си закажеш, а додека за Сузана не сум слушнала пофални зборови, од другарки кои одеа кај нејзе што ми имаат кажано дека не е добра во работата,
вака да ви се надовразам за изборот на гинеколози бев и кај билјана и кај сузана од билјана воопшто не сум задоволна бидејќи на 2 пати кога ми зимаше примерок од мокрачата ми вели- иди во вецето и доле кај шолјата има пластично канче и во него ми донеси мокрача,а замислете тоа беше на подот и не е тоа како да биде пакувано во ќесе стерилизирано за да можеш само да го користиш туку го дава и на др пациентки видов и со свои очи др пациентка дека сестрата ја упати во вецето и потоа го изнесе истото во које јас и јас и дадов мокрача на докторката билјана и замислете не е ни содветно тука на надворешното пакување стои дека е од пакување од еурокрем од 200 гр хихи и кога го видов тоа дека сестрата го само исплакна тоа само со обична вода и го врати назад во вецето и за тоа реков веќе не одам кај неа еве веќе пола година ми е матична др костанда и сум премногну задоволна од неа можам слободно да ти ја препорачам гледам кога чекам во ходникот на преглед кај костанда во исти ходник е др сантица нема мн пациенти ама кај костанда е гужва и обавезно се закжува инако не прима она ќе те прими ама ги пропушта тие што имат закажано доколку сакаш ќе ти го дадам нејзинот број на др костанда и секогаш кога и да и сум се јавувала на мобилниот за да ја прашам за нешто што ми треба секогаш е достапна пиши ми лична порака иќе ти го дадам бројот доколку ти треба поз
Маца во Кочани има добри гиниколози еве јас ти ја препорачувам Александра Крушарева, жената стварно си ја знае работата, но знам дека повеќе не прима пациенти за матична да е, исто така и за Слишкович Сузана имам слишнато добри мислења. Или пак во краен случај Органџиски во Штип, но тој не работи со плави картони и еден обичен преглед му е 1500 денари што е многу, многу е, но ептан си го бива човекот и него, а и сун му. Јас пак незнам зошто мислев дека си од Прилеп Да се надоврзам на девојката од погоре Сандица е всушност Александра јас што ја препорачав и да во исти ходник и се ординацијата, но работат различни смени и затоа не си видела пациенти, а јас за Костанда знам случај во кој девојката благодарение ама буквално благодарение на докторката го изгуби бебето е сега ќе речете што е крива докторката епа вака девојката поточно женичката од 34 години со прва бременост со болку во стомакот оди кај докторката и таа ни да ј прегледа само ништо не ти е пиј само увин чај ни да ј прегледа ни ништо, утредента женичката пак исто кај докторката и таа ништо не ти е само пиј увин чај несакала ни да ја прегледа и вечерта женичкта го изгуби бебето.
Jaс Билјана не ја ни сметам за доктор,а не пак специјалист Жената е фина,ама искрено си нема поима.Мислам дека јас повеќе се разбирам од неа.Еднаш имам појдено,за првата бременост,и муабетот беше колку железо да внесувам.Она ме праша-а колку е дневна потреба ? Што и да ја прашав мислам дека посоодветен одговор јас ќе дадев,иако сум стоматолог. И сестрата еднаш ме изнервира,стриктно работат до 12,па ме врати ,сум седела цел ден,па ми текнало дури сега,а беше 11ипол,имав само прашање до докторката.
Тој во Струмица што е?? Ептен добар доктор е, и јас имам проблеми со менструацијата, и сега планирам да ме префрлаат кај него, оти не сум ич задоволна од мојот гинеколог.
Здраво! Веќе втор пат го читам форумов, ама еве сега конечно решив и јас да се приклучам, да ги споделам моите искуства и да побарам информации од вас. Имам два спонтани абортуси оваа година, кои завршија со киретажа, едниот во 6 недела (март), кога докторот утврди дека има само гестациска вреќа, а плодот угинал, и вториот сега во септември во 11 гестациска недела. На редовна закажана контрола докторот забележа дека срцето престанало да работи и плодот престанал да расте. И првиот и вториот пат се појави сокрвица (кафеав исцедок), првиот пат во 5 недела, а вториот пат во 9 недела. Двата пати користев утрогестан и во двата случаи д-р како причина наведе вирус, во што не сум многу сигурна. Пред да останам вториот пат бремена направив микробиолошки испитувања и ТОРЦХ (за вируси: цитомегаловирус, херпе симплекс, и сл.) и резултатите покажаа дека претходно сум го имала цитомегаловирус. Сакам да ве прашам кои испитувања би требало да ги направам и на кои места кај нас ги прават. Д-р прво ми посочи само хистеросалпингографија.
zdravo devojki meni mi se sluci i tretiot abortus znaci veke nemam sila ama eve pak se obidov edvaj cekam da pominat 2 nedeli.megutoa drugo mi e prasanjeto imam slusnato deka ko makedonija ako ti se sluci ednas abortus vtoriot pat bremenost ti davaat nekoi apcinja za da plodot izdrshi ili taka nekako da ne dojde do abortus,jas sum bila na ultra okolu 12 i se bese vo red i okolu 17 casot krvarev i odednas abortus neznam sto da mislam veke pomognete mi .
Odbijete za latinicava,od mobilen pisuvam.. Apcinja za poddrska na bremenosta postojat dusicke, se vikaat Utrogestan. Jas od pocetok gi koristam,I mi pomognaa dosta. Imav krvarenja nekolku no mi se spasi bebeto. No isto taka ima I inekcii Progesteron depo,koi se dosta efikasni. Mene do 5 mesec gi stavaa,a nekoi do kraj gi primaat. Ednostavno na nekoi zeni Im e potrebna poddrska za da ja iznosat bremenosta. Koga Veke site ispitivanja ti se vo red,I znaat doktorite deka imaš spontani abortusi pozadi sebe, covecki e da ti pomognat I da ti dadat vakva terapija,normalno I povele miruvanje. Sledniot pat sama predlozi Im. I slednata bremenost da ti završi so živo I zdravo rođeno bebce,crveno kako jabolce. Pozdrav I so sreka.
^ По муабетот сватив дека девојкава не е во Мк... Претпоставувам дека во таа земја, како и во повеќето за кои имам слушнато во Европа и УСА, докторите не се замараат многу со прогестерон и задржување на бременоста, без разлика колку абортуси имаш. Кај нив важи девизата „Што не треба да преживее - само ќе се абортира“, и одбиваат да изиграваат Господ за да се борат да го задржат плодот, за жал. Овој муабет ми е од врвен гинеколог наш, кој пола век го помина надвор, и ден денес прима пациентки од држави од Европа (наши македонки), кои не можат никако да останат бремени таму (или да задржат плод), па доаѓаат кај нас, да си го решат проблемот. B-baby, ако имаш кој да ти прати Утрогестан 200мг од МК, одма нарачај 4-5 кутии (околу 380ден се) и почни да ставаш веднаш штом ќе дознаеш дека си трудна. Немаш негативни последици од него, чист прогестерон е, служи за задебелување на ендометриумот за да може да се задржи плодот во него. Поздрав и секое добро! Пиши ако треба да ти испратиме, ако немаш некој во МК.
^^Јас би рекла, ако има шанси, да дојде во Македонија, ако веќе не може во странство, да се направат генетски испитувања зошто се случува спонтаниот абортус - мора да има причина зошто е тоа така.
^ Таа вели дека направила испитувања и дека се` е во ред, ама се сомневам дека генетските им ги направиле.....да, и така можат, да проверат прво генетски, па ако е се` ОК да си остане уште кратко во МК за да забремени и направи се` да го задржи плодот
Ке Ве замолам, доколку знаете, да наведете кои се испитувања ги прават кај нас? Јас сега треба да почнам да правам, нешто читав на интернет општо за испитувања, ама не знам што прават конкретно кај нас. И дали знаете кој д-р кај нас е најдобар за ХСГ и хистероскопија? Ви благодарам!
Јас имам слушано дека за хистероскопија најдобар бил др Глигор Димитров од ремедика,по слушање од други со такво искуство Инаку и јас го имав ова болно искуство пред неколку месеци,заврши во 6 недела без киретажа,само што дознав дека сум бремена и после некој ден имав спонтан со крварење како менстриација сам се исчисти плодот.Др ми рече дека била ептен рана бременост и добро е што немаше потреба од киретажа.После два месеца направив брисеви микробилошки,пап ехо и уринокултура.Се е во ред немам некоја бактерија,ниту септум па така да веројатно така требало да биде мајка природа.Не губам надеж и ви посакувам на сите со вакво искуство да дочекате што побргу две цртки
lelele silk fama mnugu neznaes kolku mi go razubavi denot mojot problem e sto ziveam vo stranstvo i tuka o paracetamol ne ti dava totalno nishto drugo
Apsolutno e taka tretiot abortus mi se slucuva vo stranstvo i nisto odgovor dobivam deka e normalno sekoja zena da ima 3 do 4 abortusi i bla bla bla i bas e taka i vo mk imam napraveno ispituvanja se e vo red no pak mi se sluci istotot i mnogu sum isplashena