Normalno eist da si nervozna taka si ja isfrlas bolkata.Me interesira ti kazaa koj se pricinite za toa ili ne Fala mnogu Izvini sega procitav deka i ti si imala 2 spontani koj se pricinite ti kazaa
Ист случај сум јас. Ни ден не останав дома. Од болница право на работа. Исто бременостите беа две кај мене загубени во рани недели. И јас се прашувам да не реагирам премногу ладно во врска со двата абортуси, но можеби тоа ми е заштитен механизам за да можам сето тоа психички да го сварам. Добро е да останеме со здрава психа, зошто ќе ни треба. А плус, кога се кревам на нозе за ден или два, и моите околу мене ги штедам од секирации. И да, велам Фала Ти Господе што во раните недели ова се случува, отколку бременост да заврши го поодминати месеци. Со лесно да ни биде понатаму, само Господ помага.
И јас имав спонтан во 3м. т.е прекин на срц. акција. Kога дознав се расплакав, нормално и толку беше. Имам читано доста а и ми се погодија добри лекари што ми објаснија мн. добро дека тоа е нешто најнормално и дека ја не можам да му влијаам т.е немам направено ништо погрешно. Од 100 бремености, само 30 успеваат. Па зошто би се нервирала и ако да, што би постигнала? Имам и јас некои проблеми (не ептен сериозни) ама останав природно. Докторот после тоа (ја сменив матичната поради недовербата што ми ја влеа од сам почеток на бременоста) ми рече жал ми е што се случило ама и најискрени честитки - ти можеш да останеш бремена и тоа е најважно! Тоа ми го кажаа и во клиниката. Другото е психата. Ако мислиме позитивно, ќе се случи. Ако не, секогаш ќе има проблеми. Ја не жалам, дури сум благодарна и сметам дека следниот пат ќе биде многу подобро. Имам умствено стресна работа (многу задачи-малку време) и многу си земав сé при срце. Сега сум поопуштена и не ми е толку гајле. Едноставно тоа што се случи ме натера да сватам што е најважно а што многу поневажно. Сконцентрирајте се на убавото што сакате да се случи а не на она неубавото што се случило.
Точно така се е како што сте напишале, но знаете мене ми се погодија многу битки и таман помислив дека победив ми се случи ова, за среќа успевам да се исправам морам да бидам здрава и силна а не сето ова да ми удри на психа, знаете многу е битен и односот на докторот на пример мојот мн ме разочара, ме пречека со муабет што зарем трудна остана? бидејки имавме само едно ембрионче дали е тоа однос на доктор? не сакам да го иманувам има феминки кои се задоволни од него, секоја сме приказна за себе нели така да не би се задржувала мн на него, но си велам ако не му фаќало око зошто воопшто започнувал нешто?? и уште на крај вика битно можеш да останеш бремена компатибилни сте со мм, али било поминало, се трудам да си најдам причина можеби било до прогестеронската терапија може нема врска но си поставуваш прашања, но ете поминаа 3 дена и сега почнувам да планирам за наредно инвитро секако кај друг доктор, само ве молам за инфо што се сте испитувале? и дали чекавте да заврши циклус? јас сеуште крварам по малце не ми е ништо стабилизирано но да знам каде се прават испитувања??
Бидејки немав киретажа циклус кога би можела да очекувам? Засега имам само мало крварење но ова не е циклус .
Верувај дека те разбирам потполно. И ние видовме 2 цртки после година дена обиди. А и мене ми изреагира докторката неубаво. Дури кога и реков тестот беше позитивен ми рече ама не секогаш тоа значи бременост без да дочека да кажам дека сум била во клиника (она беше на одмор) и дека таму видоа и сакус. Ама искрено не ми беше многу гајле. Во медицината нема 2+2=4. Не барај причина. Никој не ја нашол до сега, не се оптеретувај. Мене ми рекоа нема потреба од испитувања. Тие се прават после неколку последователни аборти. Тоа додатно стресира. Јас само си земав превентивно фемибион со метилирана фолна. Претходно пиев обична. Крварењето ми траеше неполна недела и отпосле имав исцедок уште недела дена. Не ми правеа киретажа туку ми дадоа апчиња под строг надзор. Тоа е и најнештетната варијанта. Док. на клиника не сакаше киретажа, за да не мора да чекаме неколку месеци со обиди. Без киретажа некои препорачуваат 1 месец чекање, некои не. Зависи ти како се чувствуваш. Мисли само позитивно и радувај се што се случила бременост. Ќе се случи пак и со позитивни мисли ќе биде се во ред!
Сега веке почнав да сум позитивна, сепак јас ке морам да чекам 6 месеци до нареден ваучер но таман се да слегне , да се избистрат мислите да се опуштам, јас ке правам мала пауза од фемибион и овунорм, овунормот посебно ми сметаа на желудникот па ке продолжам од нова година натаму, секое лошо за добро е , мене не ми дадоа никаква терапија после спонтаниот немало потреба , се надевам нема да имам компликации.
Во петокот ми кажа дека ке добијам за брзо, па кога ке престане крварењето на контрола , но јас ке отидам на матичен за секој случај.
Поради тоа крварење, дежурниот доктор ми понуди уште ноќта да ме чисти, без анестезија. Секако дека не прифатив и ми рече оваа одлука е на твој ризик. Среќа не крварев многу па сабајлето завршивме работа. И другиот доктор истото ми го препорача..да не чекам, веднаш да се јавам на преглед.
Јас со крварење отидов као на прво ехо но за жал докторот не виде бременост и фала богу што сум поминала без киретажа , испитав бета беше драстично падната , ембрионот не се развивал и ова била најддобрата варијанта , на ехо виде само сакус но јас за секој случај ке отидам до матичен ,на извештајот пишува само спонтан и дека следи менструација и тоа .
И кај мене беше исто и ако матичниот ми кажа прекинувај терапија и чекај да добиеш како да добијам бе човек кога кесето беше големко нема шанси да се исчистев сама,само едниот плод сама го исчистив и тоа со минимално крварење а другиот потхитно на киретажа. Мој совет тие да одиш на дежурен и они да те видат дали уште стои плодот ако стои уште да се договорите што понатака. Во секој случај не седи дома со обилно крварење.
Многу ми е жал што повторно си доживеала загуба. Биди силна и позитивна! Обично викаат дека после загуба секој човек различно реагира. Нервозата е исто манифестација на тага, ама без разлика кое чувство да ти надојде - остави го нека помине затоа што да собираш во себе е многу лошо. Силата со тебе и наскоро ти посакувам трета среќа.