Фала ти за поддршката се надевам дека ќе соберам сила за да имам повторно надеж Фала ти сепак ќе ми треба малце сила за да мислам позитивно
Ќе собереш верувај ќе ти биде тешко не викам не јас знам по три дена да се затворимво соба и да си плачем ама ке помине само мора позитивно да се мисли ке си останеш пак бремена и само без негативни мисли
Од киретажата поминаа месец и 10 дена и се уште немам циклус... Ми дадоа апчиња за да се предизвика циклус, но ми рекоа дека ако и после нив не добијам, значи матката е залепена и ќе треба пак хистероскопија... И стварно не можам веќе, едно бе нешто убаво да слушнев, веќе ми се гади од самиот влез во Ремедика...
Мила сите го викаме истото, на сите ни е тешко, јас уште сега се мислам како ке биде до наредното инвитро дали ке биде успешно или не, но мораме да бидеме смирени само така ке постигнеме успех, исплачисе нека ти олесни и со тек на време ке се смириш, ке се научиш да живееш со загубата и мораш да продолжиш, главата горе сите еден ден ке бидеме мамички
Се надевам дека ќе добиеш циклус и се ќе биде во ред. Јас после киретажата искрено добив прилично касно. Ама си чекав прилично долго. Се надевам и кај тебе ќе биде така и нема повеќе да се мачиш физички со тоа прашање.
Еве ме цел ден плачам ама никако да ми намали болката се повеќе и повеќе ме јадат неубави мисли дека можеби оваа ми беше шансата а јас не знаев да ја чувам баш се се погоди во таков период припреми за свадба, недела дена пред свадбата менував ново работно место, помина свадбата ден после тоа почнав на работа, ми требаше време да се привикнам во новиот дом и по не цел месец од ова дознав дека сум бремена, се ми беше ново но се прифатив иако од се ме фајќаше страв и на крај за да заврши на овај начин и тоа најболното нешто од сето тоа.
Мила мораш да продолжиш понатаму , Бог така сакал , ете ти си останала природно ке биде пак, знам дека многу боли но ке помине ке видиш, само немој да се обвинуваш себеси и не барај одговор на прашањето зошто јас? Едноставно така требало , плачи колку што ти душа сака ке ти олесни , но еден ден ке си кажеш тоа помина не можам да го вратам , морам да сум здрава и силна за понатаму , здравјето и смиреноста ке ти требаат , те гушкам
Исто ми беше. Еве, помина месец и пол и се враќам во нормала. Животот продолжува, уште трчам по клиники, правам испитувања, после ќе си дадам месец-два да си се посветам малку на себе и после ќе се проба пак. Тоа е тоа, работите мора малку да ги поедноставиме и да сфатиме дека не се зависи од нас. Некогаш природата одлучува. Пречесто се случува ова, многу почесто од што сум мислела и претпоставувала. Си имала стресни ситуации, но има и случаи кога се прават by the book, па пак може да се случи, дури и под стаклено ѕвоно да живееш. Природа е, против неа не се може. И јас се обвинував дека бев страшно анксиозна, неспремна, ме фати неочекувано бременоста, но сфатив дека апсолутно тоа не може да му наштети на плодот, едноставно ваквите случаи не се до нас. Направи ги потребните испитувања, дај си време да здивнеш, да се смират хормоните и телото, негувај си се сега И времето ќе летне, ќе си останеш трудна пак. Те гушкам
И јас те гушкам за поддршката што ми ја даваш но сепак ќе мора малце подолго да почекам ради тоа што денес бев повторно на контрола и ми препорачуваат одкако се стабилизирам да го одстранам миомот од 4см за посигурна бременост, па така да сега ми е тој следен чекор покрај и неколкуте испитувања кои ми ги препорачаа да ги направам.
Девојки да ве прашам каков ви беше циклусот? ЈАс одма добив после спонтаниот, а сега нецел месец пак крварам како за циклус но со мн мал интензитет слични искуства?
Јас ги дознав резлутатите од киретажата. Нее готова отпусната листа ама резлутатот ми го кажа сестрата. Вика пишува Дел од постелка ништо друго. Првата менструација дојде толно на 30 дена сега следуваат испитувањата.
И јас немам добиено месец и пол по киретажата, ми дадоа да пијам Дабростон 10 дена, па 4 дена откако ќе ги допијам, би требало да добијам. Иди на гинеколог нека те види
Јас овие два дена имам менструални болки, но сеуште немам добиено...еве веќе 47 ден после киретажата. Докторот ми вика да почекам уште неколку дена, а со болкиве не знам што да правам..ме мачат без потреба. Ви се случило нешто слично?