Дел од постелката е тоа што останало јас сама се исчистив ама мораше и киретажа. Како и да е се ќе направам.
Резчутатите не укажуваат од што се случило туку ако имало нешто во матката така нешто. Останало дел само затоа така пишувало.
Претпоставував, јас не правев анализа на материјалот пошто ми кажаа дека ништо значајно нема да се дознае, ама деновиве почна црв да ме јаде, па затоа те прашав.
Јас вчера читав една статија и ми текна на тебе,мораш да направиш испитувања на трансфизиологија. Бидејки два пати престанува срценцето. http://www.fakulteti.mk/mobile/news..._trombofilija_procentot_e_drastichno_zgolemen
Да ама јас имам правено дел од таквите испитувања... Можеби треба подетални, планирам после нова година да се фрлам на испитувања затоа што сега немам ниту енергија ни желба.
Zdravo sakam da te prasam kolku vreme traat ispituvanjata na transfuziologija oti jas sum zakazana za tamu a sum od Bt i sum so vreme ogranicena ,jas sum zakazana kaj dr.Kiril Lazarevski
Kako mislis kolku vreme traat ispituvanja ta ako mislis na cekanjeto jas si vleguvav kaj Dr pred 2 god na zakazaniot termin ne cekav mnogu a ako mislis na rez Oni izleguvaat za 2 ned od prilika
Девојки, ве молам за инфо дали некоја имала проблем подолго време со циклус, јас не сум добила 40 дена после спонтаниот, немав киретажа, но проблем е што на секои 4-5 дена крварам но мн малку, матичен гинеколог ми даде примолут нор да ги пијам 20 дена, сега имам уште 5 но крварењево не се стабилизира? Совет?
Крварев скоро месец дена. Т.е од кога започна крварењето се до следниот циклус. Бледо розево, па ќе немам некој ден па пак. Така се до циклусот. Ми заврши циклусот и се вратив во нормала. Не пиев ништо освен антибиотик превентивно.
@PeachGirl Мислам дека го има истиот проблем. Јас добив дочно на 1 месец од киретажата,најнормална менструација како што си имав малце пообилна беше но тоа нормално. Ние ќе почнеме со испитување но ме јаде црв и нестрпливост. Имав спонтан поради што имав празна кеса без плод blihted ovum. Имала ли некоја ваква ситуација и дали се воспоставило од што се случило или останало на природна селекција?
И јас конечно добив после 47 денови. .добив нормално, за после еден цел ден да не ми протече ни капка. Следниот ден пак се врати сѐ во нормала. Ми трае подолго малку и малку пообилно. Сега веќе ми завршува. Докторот секогаш ме советува сѐ природно да си тече, избегнува колку што се може хормонски терапии. Инаку после првиот абортус добив точно на 40от ден.
Ви благодарам девојки , кај мене докторот кажа дека било притодна селекција но ме мачи што не можам да се стабилизирам , циклус добив веднаш по прекин на терапија, всушност тогаш се чистев , од тогаш немам добиено само крварење на секои 5 дена , гинекологот матичен нишо посебно не кажа , само дојди оо циклус за пап тест па ке видиме , ке правам на трансфузиологија испитувања за секој случајни од таму на ману да видам што друго би можела да испитам , тежок е патот но мора да го изодиме , ве гушкам сите и што поскоро да си станеме мамички ***
Имам едно прашање до феминките кај кои е правена киретажа: дали ви се промени мензисот после киретажата? Кај мене пред киретажата беше пообилна и вторит и третиот ден ми беше со партали ( како парчиња црн дроб). Сега ми е само чиста крв, средно обилна. Треба ли да бидам загрижена? Ако има некој искуство нека ми пише
И кај мене беше исто парчиња поголеми ама кога бев на контрола кај матичниот ми кажа матката ти е во вратена е во нормала и така демек се чистиш
Мене ми беше слично...матката како орган сама се чисти најдобро. Уште еден до два циклуси сѐ ќе си биде нормално. Уживај си
Секако дека следните неколку циклуси ќе бидат различни, тоа е очекувано. Е сега кај која колку зависи од самиот организам. Јас после киретажа имав 3 циклуси, 2 многу поболни од било кога до сега, а обилност иста. На почетокот на првиот циклус и партали а потоа не. Мислам дека полека се нормализира. Можеби и вагиналетите помагаат а можеби и навистина треба 4 циклуси да поминат како што ми кажа гинекологот додека се се нормализира. Како и да е мислам дека не е за потценување ефектот на пробиотик вагиналетите, кои и да се.
Мојата приказна ќе ја споделам и тука. За мотивација и поддршка. Се надевам дека и мојата приказна, со среќен крај ќе биде мотивација за сите. Ќе бидам кратка.Со мажот ми одевме 9 години и решивме да се земеме. После свадбата, направив тест, позитивен. На среќата и немаше крај. За жал кратко траеше, во 8 недела плодот се исушил. Се помирив. Ок, се случува.По 6 месеци повторно обид, повторно позитивен тест. За жал биохемиска бременост. Ок сите др викаа нема потреба од испитувања. После 5 месеци, повторно две цртки. Среќа имаше срцева акција. Го поминавме и вториот скрининг. Песреќни, се опуштивме. За на вториот да се открие дека бебе има аномалија. Зошто баш ние, зошто пак но сега многу поболно, веќе ги чѕвствував и движењата ба бебуш. Повторно излегов од болница со празни раце. Но не се предавав, ниту се затворив во себе. Напротив... Помина една година, јас секој ден, секој празник, родендени мислев на моето бебе. Колку многу ми фалеше...По две години позитивен тест, во 7ма недела имаше срцева акција.. Супер. Во 12та недела шок, плодот престанал да се развива во 8ма недела. Овојпат знаевме смо јас и мажот ми. После киретажара,одма на работа отидов. Не ми се веруваше дека мене ми се случува ова. За се друго сум имала к'смет и среќа. Ок си реков и покрај се, млада сум 29години. По 7 месеци, кога најмалку очекував повторно позитивен тест. Повторно триста прашалници во глава и со страв одење на контрола. Но среќа овој пат со среќен крај. Сега до мене си го гушкам моето синче, и на сите ви посакувам оваква среќа. Не губете надеж, и не се откажувајте. А во меѓувреме уживајте во животот. Кај мене проблем била тромбофилијата.