Седма недела бев. Чекав 5 дена да прокрварам па имав 9 дена обилно и болно крварење. После недела дена како престанав да крварам пак од почеток ама тогаш беа само 5 дена послабо крварење. Матичната ми рече дека второво ке го рачунаме како циклус. Иначе имав среќа поминав без киретажа. Денес баш бев на контрола и матка добра фоликул на десен јајник. Успеав брисеви денес да направам на микро и торч и на трансфузија се комплет.Ти посакувам лесно да поминеш и посилна понатаму.
Гледав неколку видеа, ама ќе пррашам овде некој искусен..во вторник ми закажаа за киретажа..болна ли е постапката и дали е со анестезија. Многу ми е страв од анестезија после се што се изначитав по нет..и уште ова, пред некој ден матичната ми даде да правам некој тест за алергија од што стално имам затнат нос ама уште не сум ги правела, треба ли да спомнам на докторите пред киретажата или нема врска тоа?
Со анестезија не е болна постапката, вториот пат ми предложија на живо да ме прават, ама ни за жива глава не прифатив. Пред да ти стават анестезија ќе те испрашаат за алергии и претходни бремености и сл. Цела постапка трае можеби 10 - 15 мин. Се будиш како од сон, ти препишуваат капки, ти ставаат ако е потребно инјекции и си одиш. Претпоставувам дека овие анестезии не се можеби исти како оние за царски рез што ги ставаат. Не знам, не можам да знамно мислам дека нема место за паника. Два пати сум правела, досега се било во ред, фала му на Бог. Не се секирај, брзо ќе помине
киретажата не е болна под анестезија е може да спомнеш нема ништо лошо ако кажеш со лесно и ме интересира зашто да чекаш до вторник
зависи каде ке правиш?Порано немаше целосна анестезија во државните(сега незнам како е).Мене тогаш со локална ме чистеа и осеќав се,непријатно чувство е доста.Вториот пат во Систина со целосна.Венска анестезија добив ,се разбудив во соба.После три часа повратив и како ништо да не било.Минимално крварење и минимална болка,наредниот ден се вратив на работа
Благодарам девојки за мисленњето, инаку не сум во Мк. па овде имаат различен начин на работа и кој знае што и како ке тераат, претпоставувам е слично како и кај нас. Па јас вчера бев на преглед и ми рекоа бременоста била прекината, ако почнам да крварам да идам веднаш ако не во вторник насабајле. Ептен сум си исплашена ама тоа е..
Каде живееш и јас не правев киератажа во МК во Германија сум тука процедурата е со анестезија ништо болно после неколку часа ке те пушта дома не се секирај ќе помине се во најдобар ред
Во Италија сум јас. Па мене баш анестезијата ме плаши,не сакам да е со целосна.. ова ми се немаше десено ете сега и тоа ќе знам како е, а ти со целосна ли беше? Инаку ако ме земат веднаш до вечер ке ме пуштат, ако не рекоа морам да преспијам таму
Да со целосна бев не мисли премногу на тоа мене ме пуштија после неколку часа а ти сеуште немаш прокрварено
Со целосна е многу подобро. Мене пробаа преку вена пуштаат две инекции па се нафрлав на градите и вратот па докторот проба неколку пати ама матката не ми се отвори и чуството е неубаво болки сеќаваш и се. А после тоа пробаа со целосна анестезија и таа е многу подобро ни сеќаваш ни ништо за 10 мин готова си. После за 3до4 саата те пуштаат дома и тоа е тоа. Маки само нека минат
devojki sakam da ve prasam posle kolku vreme od spontaniot gi dobivte rezultatite od obdukcijata na gak kaj mene pominaa 6 meseci i se uste ne se gotovi
Само позитивна мисла и без грижи и наскоро мекици во темата едит - друго е резултат од 26та недела а друго од рана бременост. Јас на второто потенцирав.