Јас правев киретажа на 2 јануари и ми рекоа еден месец ништо да не праиме. Пред два дена добив така што ќе чекам да ми заврши. Сакав да прашам каков ви беше првиот циклус после спонтаниот?
Мојот многу оскуден, ама па и цел месец си крварев розе-кафеав исцедок. После ми беше ептен обилен. Па се нормализора на третиот. Четврт немав, останав пак бремена.
Мене ми е многу обилен и затоа прашувам. Со лесно нека ти е бременоста. Мене ми рекоа пауза да напраам 4 месеци па после пак на работа.
Ние немавме односи повеќе од месец, а добив на 36 ден после киретажата, првата менструација ми беше обилна многу а другите 2 нормални. Поминаа 3 менструации, уште една и почнуваме со работа па да се надеваме на убави резултати
Женски, крварењето после киретажа ми траеше околу недела дена..е сега ме интересира за прв однос колку да чекам, гледам некој 2недели некој повеќе..вие што чекавте 1 месец и повеќе така ви кажаа или? Мене ништо не ми спомнаа а и не ми текнало тогаш да прашам и сега не знам колку би било ок да чекаме? Мислење, искуства? Месец се чека за да не случајно настане бременост или од др.причини?
Мене не ми спомнаа ништо,освен дека ке крварам 10 дена, разлистав по нет,и она што разбрав е дека грлото на матката се затвара откако целосно ке запре крварењето, и после тоа е дозволен заштитен однос, е ама на некои места и форуми гледам и по 3 месеци немале одниси и сега не знам што..Јас сум во план некои 20 дена да чекам, ама си мислам да не е грешка..
Јас си имав увртено во главата дека ќе чекам да ми дојди прво па после ќе имам односи. Не знам,можеби дека матката е истрауматизирана од киретажата и треба да се среди се како претходно. Само мое мислење
Mene pak ne mi bese ni do odnosi togas si cekav malku da se sredam psihicki posebno vtoriot pat inace preporaclivo e da se ceka 1 ciklus da pomine
По спонтаниот абортус во 8 недела докторот ми рече дека не смееме да имаме односи 2 недели, а потоа може ама со заштита (кондом).
Јас во петок одам кај матичната па неа ке ја прашам може ке знае да ми каже. А да ве прашам, после абортусот дали имавте болки во грб, половина, докторкота рече можно е да е од тоа, инаку никогаш ме нема болено половината така?
Мене ме болеше грбот долу уште првите недели, сега ми е 7 ден од спонтаниот и болките престанаа пред 2-3 дена. Јас да прашам нешто што многу ме интересира, после колку време од спонтаниот останавте бремени? Читам на интернет, пишува побрзо се останувало. Инаку деновиве ќе седнам, ќе ви ја пишам мојата приказна, така ми е полесно кој читам туѓи искуства..