Нема врска државно/приватно,ти си бираш каде сакаш хистопатологија да се прави. Дали на приватно или оставаш ако се правиш во државна тие да си го пратат па чекаш малце подолго. Приватно за 1 недела се готови наодите
И мене не ме прашаа ,аботирав во Чаир ,сега не знам кога ке добијам резултати...Само отпусно писмо зедов.Знае ли некоја отприлика колку се чека?
Здраво Девојки! Вчера добив бев правена киратража 27.09.2018,сега ги чекам резултатите од пап тестот и од бебчет сеуште не се стигнати.Матичната ми даде цикло прогинова,дали има некој некакво искуство со овие треба да ги пијам по шема од кога ќе ми заврши.Исто сакам да прашам за хистероскопија највероватно ќе треба да правам бидејки имам септум,колку време се чека?
Цикло прогинова ке ги почнеш од петиот ден на менструација,а за хистероскопија ти требаат и чисти брисеви , и екг ако одлучиш за во Чаир.
Брисевите ми беа чисти само моркача имав бактерија при крај сум со апчињата веќе втора доза да завршам па за една недела ќе одам да проверам повторно дали сеуште е присутна.
E па тогаш ти останува само да се одлучиш каде ке правиш хистероскопија,упат од матичниот ке ти треба и на констултација со докторот,немој на приватно да даваш пари ,државна или чаир види.
Здраво. Во 8 недела престана срцева реакција утре ќе ме чистат. А пред 1 недела бев болна кашлав и повраќав. Можно е од тоа да ми умрел плодот? Мн се плашам.
Супер ти се, се е негативно. На денешен ден пред 1 година на моето прво бебенце престана да му работи срцето. А на утрешен правев киретажа не ми се верува дека цела година помина. А сега болката скоро и да ја нема, бебенцево во мене мава дали мава 33 недела ја полниме. Храбро само за сите има убави денови.
Неможам да ти гарантирам.. На консултација со доктор ми рече со вакум е помал процент од такви последици да не се плашам за после тоа дека сум млада ке си останам бремена да не се секирам. Ми рече да не пробуваме од 3 до 6 месеци за да ми се собере матката. Кога ке имам 2,3 редовни менст тогаш да пробаме . Ние се пазевме 6 месеци и 3 месеци пробувавме и останав бремена. Сега сум 6 месеци и беба е супер
Честитки а има ли врска годините имам 30 год. Мн се плашам за забременување. Имам и пцсо пак останав без проблем. Фала
Па незнам мене ми рече дека потешко се забременувале 30+ што не мора да значи. Само позитивно мисли ке си дочекаш и ти дај боже . Ке разговараш со доктор кога најрано да почнеш пак. Мислам млада си да не би можела реално..
Нема никаква врска кашлицата со тоа. Да не се плашиш во однос на идни бремености, јас исто имав спонтан во 8ма недела и ме чистеа и после тоа три деца родив. само обавезно да направиш пап и брисеви можно е да има некоја инфекција која го причинила тоа и мора да ја лечиш. и да ни пишеш како си
Еве и јас да те олабавам малце. После една успешна бременост имав втора која заврши со киретажа во 10та недела поради престанок на срцева акција. После киретажата ни рекоа пауза 4 циклуси пред да почнеме повторно со обиди. Ние чекавме повеќе и после 11 месеци од прв обид останав бремена повторно. Сега за сега се е во ред. И јас сум 30+ инаку. Не се оптеретувај со такви мисли и грижи уште од сега. Знам дека е посилно од тебе ама ако си ги направила испитувањата после спонтаниот и си добила зелено светло само позитивна мисла и ќе биде пак. Ти посакувам среќа.
Здраво јас имав мисед абортус престана срцето на бебето во 8ма недела и ми правеа киретажа, пред една недела. Сега незнам дали да правам испитувања за причината , зашто брисевите све беа во ред...