Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споредба на цени во маркети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 30 јануари 2025.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    5.732
    Пол:
    Машки
    Не знам за месото, но сувомеснатото и кашкавалите им се скапи.
     
    На Cosmic Girl и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Не да се скапи, изгор.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.414
    Пол:
    Женски
    Нема врска мало или поголемо место. Влегуваш - прашуваш. Ако дадеш повеќе пари и на крај на месец ти недостасуваат, нема тие да ти ги дадат. Затоа, за твои пари ич да не ти е гајле. И за поголемо место, таму каде што пазаруваш пак си редовен така да воопшто не треба да ти е тоа на памет.

    Браво за пензионерката, така треба. Нема потреба да дава екстра пари кога може со нив да си купи уште работи, а и знаеме какви им се пензиите. За губење време? Може тоа ѝ е хоби плус е добро да се движи и шета наместо да скрола на фб како останатите. За други со поразлични обврски можеби не е толку одржливо ама за нејзе е.
     
    На Romina, kikin, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  4. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе се скапи во Веро имаш 10 различни видови кашкавал и салами, наспрема другите маркети. Месото им е со врвен квалитет, таков квалитет никогаш не можеш да добиеш во Кипер или Стокомак. Затоа цените се високи.
     
    На JoyJoy и vans001 им се допаѓа ова.
  5. vans001

    vans001 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    34
    Жито маркети ај што имаат ултра лоша атмосфера па и некои од продуктите поскапи и од Веро |(
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Жити се со коментаров. А другите артикли потполно истите а со дупла цена во веро што е разликата?
    Не знам кој уште пазари во веро.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Машки
    ЈАС секој ден.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Разликата е во тоа што во Веро имаш огромен избор на производи наспрема евтините маркети. Веро постои уште од многу оддамна и секогаш има уникатни производи кои не се достапни во другите маркети. Прво таму почнаа со месара, пиљара, одел за сувомеснати, одел за сирења и кашкавали, играчки и друго што другите маркети по долго време започнаа со ова. Ако ти не пазариш таму многу луѓе пазарат.
     
    На JoyJoy, m346 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    26.997
    Рекламен блок за Веро ли е ова :rofl:
     
    На anggell, Cosmic Girl, The_Doctor и 7 други им се допаѓа ова.
  10. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Не само беше посочена разликата зошто се таму високи цените. ;)
     
    На JoyJoy и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Хаха најде мене баш да ми кажува за веро што имам информации од прва рака. Ова може на друг да му го продава :)
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.334
    Пол:
    Женски
    Не зборам за уникатните производи во Веро, зборам за оние секојдневните, од брендови што ги има и по останатите маркети. Не зборам за Бри сирење, туку пример за обично од Вемилк или Трница пример, што се поефтини на другите места. Поскапи се и тоа доста. Ама за свежо месо се добри.
     
    На Cosmic Girl, SummerGirl, Erika.greeneyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Чувај си ги за себе информациите и пазари каде што сакаш никој не те примора да пазариш во Веро. Слободен избор имаме нели.
    Тоа го зборувам затоа што имаат избор ги креваат цените на уникатните производи и на обичните производи што ги има секаде. Дискутабилна е темава ако зборуваме за најевтини производи такви се во Кипер, но колку им е квалитетот добар. Добро им е месото, јас секогаш пазарам месо и сувомеснати кај нив.
     
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    7.954
    Пол:
    Женски
    Супер. Продолжете да го богатите гркот, за исти артикли плаќајте дупли цени.
     
    На theunforgiven, Mumoftwo30, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  15. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Леле со коментаров значи да го богатиме гркот, сите некого богатиме зависни сме од маркетите.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.130
    Допаѓања:
    4.153
    Пол:
    Женски
    Месото во веро Битола…. По смрдено не постој. Открив една месарница каде што месото е за три класи подобро и се куртулив од смрдливото и стојано месо во веро.
    Веро и вемилк сирењето биено што го има секаде е со 200ден поскапо од кам. И, поквалитетно да не им пуштаат баш за веро?
     
    На SummerGirl и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.675
    Допаѓања:
    16.125
    Пол:
    Машки
    Такво такво, ако сакаш да се почувствуваш елита пазариш само од Веропулос пак каква и да била цената и квалитетот шо го добиваш :wasntme:
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  18. FlowerMarija

    FlowerMarija Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Супер што си нашла, твои пари ти одлучуваш каде ќе купиш. Јас основни намирници пазарам во Кам, а некои што ги нема, месо и сувомеснати од Веро. Од исто место набавуваат роба Кам и Веро. И да во Кам исто свежото месо е многу добро.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    13.945
    Пол:
    Женски
    Истиот кашкавал, слајсови 100гр, го гледав производството од исто место, во Веро беше над 150ден, а во Стокомак беше 60ден. Од лани е покачено и во стокомак, мислам околу 80-90 ден е сега, ама пак е скоро дупло поефтино од Веро.
    Нема врска квалитетот на вакви работи, маржа само имаат поголема.
     
    На Mumoftwo30, SummerGirl, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    9.287
    Веро, Рамстор, Тинекс, Кит-го секогаш ќе имаат поскапи цени, затоа што земаат помали количини и по поскапа набавна цена, немаат попуст на фактура, за разлика од Кам, Стокомак, Кипер кои земаат поголема количина директно од магацин на добавувачите и сами си ја носат до маркетите.

    Продавам на сите овие маркети и знам дека сите земаат по различна цена и од таму сите имаат различни цени за еден призвод.
    Пример ако овие имаат набавна 34ден и продаваат 42ден, тогаш Кам, Стокомак и Кипер истото го земаат со камиони по 28 ден и го продаваат 36ден.

    Месечно хардисконтите земаат роба од кај нас колку заедно сите други. Околу 5 пати поголема количина од Веро, Рамстор, Тинекс, Кит-го итн.
     
    Последна измена: 1 февруари 2025
    На JoyJoy, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.