Цедевита 1кг. во маркетите е 347 денари. Во Зегин 317 или 327 денари. Таа од 455 грама во Зур е 159 денари. Во другите маркети е околу 190 денари
Да се корегирам: капсули Долче густо во Стокомак се 370, а во Веро беа 470. Ослиќ филети 500 гр : КАМ 171 Стокомак 185 Тинекс 199
Лименка Нес кафе голема во КАМ 314 денари а во Веро сосема истата 459 денари. Мерси мала бомбониера во КАМ 325 во Веро 379 денари. Цените се редовни и во двата случаи
Мислам дека сегде се скапи на сецкање. Поефтино е во некои деликатесни продавници каде што сецкаат и на рефус, отколку во маркетите. Со тоа што таму нема толку голем избор на производи како во маркетите.
Ќе се надоврзам на постот некни купив Нескафе од кам баш поради цената што ја пишуваше ама ми ја наплатија на каса 419 ден. Ова била цената не била сменета
Предлог за такви продавници? Не ми е важен многу изборот на производи. Знам дека на сецкање доаѓа подкапо, ама многу ми е потешко да ги контролирам порциите кога јас пресекувам оти и не сечам баш најсразмерно.
Во Скопје има една во Аеродром, во зградата меѓу Веро и Капитол Мол, од задната страна гледа кон паркингот. Под него е КАМ маркетот во подрумот. Секоја сабота ред чекаат за да купат од тука. Друга таква имаше во Синѓелиќ кај пазарчето, карши амбулантата - меѓу пазарот и семафорите на самиот булевар. Други не ми текнува сега, ама сигурно има и по другите населби.
Би требало да ја има низ продавниците со прибор за јадење, евентуално Џамбо. Многу врши работа, ептен корисна е за во кујна.
Следи ги флаерите со акции, секогаш има одреден кашкавал што е на акција во тинекс, кит го, рептил... Убаво се сече со алаткава, но не е како од маркет ако ти треба баш така
Направиле измени во Законот за заштита потрошувачите, со кои маркетите ќе имаат обврска да ги објавуваат цените на производите на своја веб страна, со цел потрошувачите да можат да ги споредуваат цените на продуктите во различни маркети.
Чепкалки за уши Септона 300 парчиња во Тинекс 102 денари, а во Зур маркет 82 денари. Инаку во Тинекс нема пластични чепкалки за уши под 60-70 денари (макар биле и 50 парчиња), што е дупло поскапо од оние во КАМ
Ма какви акции, се се надувани цените. Прееска бев и од "акцијата" еве што видов: Орнел (оној големиот колку ли мл да е) омекнувач на акција "само" 299 денари. А прошлиот месец од кај нив го земав и поефтино само што два мириса беа само на акција тогаш.. Elephant грицки од малите по 70 гр. 49 денари, намалено од 70 демек Чипс две врсти едниот 99, другиот 109 (толку беа и пред некој месец пред да ги поскапат) Путерот 250 гр. најефтиниот беше 151 денар најскапиот 200 ама сите овие беа со жолта налепница демек сите намалени. Кока кола од 1.25 л.- 60 денари. Онаа од 1.75 беше 70 и нешто. И двете демек намалени со жолта налепница. Чоколада Дорина кекс од 80 гр. 49 денари, намалена од 70 Кашкавал само на Дејли ајдамерот е 299 ден за кило, а има некои и до 800 за кило (како тој Ливада) што им е редовна цена затоа ќутете и купете си од "намалениот". Да не зборуваме за ненамалените цени...надувани до небо, па кога ќе ги намалат ќе не израдуваат. Маж ми ми вика као на шала ај види пиперките дали се 300 денари да земеме и се смееме кога гледаме 295. Еј македонски зеленчук е ова...не е тропско увезено овошје.. И утре за викенд, ќе "намалат" во пиљара. Инаку се излепено налепници за замрзнати цени, а под нив цената прескапа си стои..