Сите маркети, до средината на април ќе имаат обврска да ги објават цените на сите производи на нивните веб страници. За да можат граѓаните да одберат, од каде ќе пазарат.
Убави млечни производи има во специјализираниве дуќани за тоа по пазариве на зелено, буњаковец и се со понормални цени од овие по маркетиве а квалитетот е врвен мавровско сирење, кашкавал, павлака, урда..... Убави млечни производи има во специјализираниве дуќани за тоа по пазариве на зелено, буњаковец и се со понормални цени од овие по маркетиве а квалитетот е врвен мавровско сирење, кашкавал, павлака, урда.....
Во Кит го каква манипулација со цени на рафт една цена на каса друга цена незнам има ли инспекција во оваа држава
Ами инспекцијата знае ама молчи ете и на страната нивна му пишат се жалат муштерии ама ѓабе е во оваа проклета држава
Започнувајќи од петок, маркетите ќе ги објават и задолжително на дневна основа ажурираат, цените на сите артикли на нивните веб страни. Ајде да го видиме и ова чудо.
Мислите дека ќе фунционира ова чудово? Тие цени на рафт не можат да сменат, не па секојдневно да ажурираат цени. Инаку, добра замисла им е ова, ама колку во пракса ќе биде успешно, ќе видиме.
Епа задолжително ќе биди. Објавување и ажурирање секој ден до 10ч. Во спротивно им следат казни. Тоа што на рафт и на каса не се исти цените е проблем, секако. Јас лично, секогаш проверувам сметка и посочувам по шо разликата ми била вратена, бидејќи по закон, производот треба да ти се продаде по таа цена на рафт. Како ќе се решава ако на веб е една цена, а на каса друга, ќе видиме допрва. Ја поддржувам меркава, тој шо знае ќе ја користи, тој шо не знае можи да научи да ја користи, нема оправдување.
Да само имај на ум дека маркетите ке треба да плаќаат за постојаното апдејтовање на цените на веб страната и ред други работи....со што под дифолт цените на сите производи би се зголемиле за некој денар...ова им се фаќа како да вработиле уште неколку луѓе. Пример цената на х производ била 300 денари, сега ке биде 320 денаари...и да купиш од најевтиниот маркет пак би било поскапо, него претходно без разлика што си ја избрал најефтината понуда.
Каде ќе бидат објавени? Кај секој маркет посебно или да не има страна каде што ќе пишеш производ и ќе искочи во кој маркет која е цената? Или многу замислувам?
Ова ти со сигурност го тврдиш или така претпоставуваш? Бидејќи вакво нешто досега не беше кажано… На веб страните од секој паркет посебно. Меѓутоа вчера маркетите бараа одложување на рокот бидејќи наводно никој не бил спремен…
Веро, Рамстор, Рептил и Супер Кит-Го имаат објавено цени на вебсајтовите. На Дим и Зур им се во обработка.
Глупости. Сериозно некој ќе земе и ќе гледа цени на фајл од 3000 страни. А за цени различни на рафт и на каса не е намерно, туку едноставно вработените не се замараат со менување на цени. Секое сабајле имаат извештај за промена на цени или сменат на едно место, а на друго не. Работам во дистрибутивна фирма и колку пати од моите производи кога се на акција не ми е сменета цената или завршена акција си стои акциска цена цела недела плус... Прашувам зошто не ви се сменети цените, па ете тука се цените, ама немам време да ги сменам, одговор од вработена. А она си прави муабет со купувачи, па си седи на каса и на мобилен си чепка на фејсбук...
Јас па очекував како на флаерите, со сликче, цена, подредени по категории: козметика, храна, пијалаци итн. Какви се овие листи, немам друга работа ќе вртам и барам за да правам споредби. Меркава е жива глупост, колку да се донесе нешто. Треснале ексел документ, хаотично подредени производи и wow, каква револуција, меркиште.
Всушност на ceni.mk ќе можи да се споредуваат цените на производите од оние маркети кои веќе објавиле цени. Така да мислам дека веќе нема изговори за некој да не го применува ова.