Станава е само за производи на попуст? Оти скролнав и не видов регуларни цени. А, баш мислам би било фино и во "raw" форма да можи да се прај споредба на цените во маркетите. Ама и ова е доста добро. Фала за линкот.
Ги нема сите цени кои се на попуст. Во Китго орбитот е 109ден, а го нема на листата со Веро, Тинекс, Тамаро. Во Елкос е 99 ден. Сникерс 72 ден во Китго, 79 во Рамстор и Кипер, 85 во Веро.. А објавено само за Тамаро.
Моментално кафе и какао се многу дефицитарни, наскоро ќе бидат и екстра-луксузни...едноставно климатски промени го ебаа цело производство.
Јајцата во кам табла достигнаа 360 денари, просто да ти се одјаде и јајца… до Нова Година ќе бидат 500 денари сигурно, страшна работа
Во Рамстор Капитол дури и дијагнози добијаш од обезбедување, слушнав еден таков како преку воки токи вика за некоја жена дека е неарна,мислеше ментално, колку видов беше расправа за паркинг, некоја сељачина у голем џип се дереше, гревов нормално го бранеше. Простаклук и безобразлук, ионака ретко пазарам тамо, ама по ова ми се одвратни.
Црните чоколади веќе не горчат како порано, благи се речиси колку обично млечно. А цената повисока, "нормално". Превара.
Затоа што има помалку какао. Какаото е тоа што горчи. Порано имаше чоколадо со какао 90%, а сега нема ни во Африка.
Отиде до Африка да провериш дали има? Ме нервира тоа што намалија процент на какао, а покачија цена. Тие брендови што горчеа сега се благи, 50% какао според декларација. Mи се јаде горко чоколадо.
Прееска проверував на рафтовите процент на какао во црните чоколади. Благи ми се и оние со наводно 70-75%. Убаво реков, измама.
Не знам дали има врска но таблети за машина Финиш од Кам (и на паковката пишува дека е произведено за Кам) машината не ми ги раствора. Можеби се поефтини, но во зависност од тоа колку пати уклучив машина за садови и таблетката не ми ја раствори, подобро да дадев некој денар плус од друг маркет.
Истото и јас го приметив. Само кај мене беше со дезодоранс. Земав од КАМ еден за отприлика 80 денари. Си викам ај дезодоранс е, каков е таков ќе се најде. Сега ми е криво што го земав. Барем ќе дадев уште некој денар плус барем подобар ќе земев