Споредба на 1/2/3 бременост-пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 11 јули 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Најчесто ќе се чуе како на некоја трудница во втората бременост ќе и речат старите мајки, ајде ајде вториот е полесен е од првиот.
    А пак искусниве мајки ги слушаш се најразлично, те било полесно, те било пострашно од што знаеш што те чекало, дека биле исти, дека биле тотална контраст.....Па какво е вашето искуство, односно што беше различно помеѓу првата бременост и пораѓаот во однос со втората/третата?
     
  2. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    108
    јас имам слушнато дека второротките повеќе ги болело стомакот после пороѓај, додека прворотките не ... :wasntme:
     
  3. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Јас имам да пишам 2 примери.

    Другарка ми се породи со првото без анестезија и без болки доле или напред, туку само големи и вели страшни болки со кичмата, како со секира да те удира некој. Второто вели болка не осетила ништо во кичма, ама напред затоа :x

    Золва ми со второто толку брзо се отворила што не стигнале да и стават епидурална. И вели дека боли ама не до толку за да викаш. Второто породување и било далеку побрзо и полесно од првото.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.134
    Пол:
    Женски
    Јас имам слушнато дека трудниците поминуваат полесно вториот пат. Но не мора да значи. Моја прва братучетка со првото дете се породи за 5 саати, а за да се породи со второто и требаше скоро цел ден.
     
  5. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    46
    Ne e sekoj isto ,, na prvo e podobro zatoa sto ne znaeme ni za bolki ni nisto a na vtoro ke imame poveke strav zatoa sto ke znakme sto kese slucuva i kakvi se bolkite :-/
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Секоја бременост си е различна сама по себе,се согласувам со Мине дека за прво одииш на непознато и немаш некои големи стравови затоа што не знаеш што да очекуваш.
    Додека за втората бременост знаеш што ти претстои па имаш поголем страв во себе.
    Јас на пример со првото дете се породив со царски кој се случи во последен момент а за ова бебе би сакала да се породам природно боже здравје,ама сега чуствувам поголем страв и од едното и од другото :)
    Ама ме теши една работа која кога бев бремена со првото дете една акушерка во пензија ми ја кажа-„кога веќе сте останале трудни Вие сте го победиле стравот„
    Оваа мисла за првиот пораѓај многу ми помогна останува да видиме како ќе биде со вториот,па останува да се читаме во Породилни прикаски :lol:
     
  7. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    73.055
    Пол:
    Женски
    :) tocno e jas imav jaki bolki od kako se porodiv za vtoroto detence :) a se porodiv za samo 1 sat :D napraviv rekord vo bolnicata
     
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    10.742
    Пол:
    Женски
    Не сум раѓала сеуште но ќе ви кажам што ми има кажувано мајка ми...
    Јас сум прво дете. Мајка ми добила мали болки и веднаш тргнала во болница. Болницата ни е блиску па отишла пеш. Во болница стигнала во 7:30 а веќе во 7:40 јас сум излегла :D И после пораѓај немала ама баш никакви болки, ни стомак ја болело ни кичма, и често знае да каже дека се чувствувала исто како да не раѓала.
    Додека пак со сестра ми се измачила. Цел ден имала болки. Била во болница од утрото во 7 саат а дури вечерта во 20:30 се породила. И после тоа чувствувала како цело тело да ја боли...
    И ми велеше дека секогаш мислела дека со мене ќе се мачи дека нели прво дете но излегло сосема обратно...
     
  9. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Уште се немам породено со второто ама ке кажам споредба во носењето.Второто каде каде полесно го носам.Полесно во секаква смисла.Дали за првото се ми беше ново,а и бев разгалена незнам....
     
    На Kaetana и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.928
    Пол:
    Женски
    Леле ќути толку неубава бременост имав што немам ни слика трудна кај што сум :D гадење, вртење, повраќање, абе хаос... станував сабајле и прво одеше повраќање киселини па после миење заби, па се враќав да одморам и после неможев да станам да јадам ми беше лошо, ептен никаква бременост со повраќање се додека не искочи бебчо од мене :D сакам второ за брзо, а помислата на каква бременост имав хаос ме кочи, како ке се справам со мало детенце дома ако така пак ми биде се хаос :/ а самичка сум си од сабајле до 4,5 поручек :/ а за пораѓај само се молам помало бебе да имам, а имам читано дека и секоја наредна бременост бебето е поголемко :D се надевам на девојченце, па да биде ако не бар 4кг :D
     
    На Kaetana и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Не мора да значи дека секое наредно дете ќе биде поголемо, кај мене првото се роди 3.400 машко, а второто 3 кг точно, женско
     
    На Kaetana и Miss.Sweet им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.109
    Допаѓања:
    64.928
    Пол:
    Женски
    Па тоа викам, ако биде девојче се надевам дека ке биде помалечко, јас иако сум 180цм сега, родена сум 3200, 50цм , a мм е роден 4200г 54цм :D е на свекрва ми да и е алал, се попраила само 8кг, а каде каде е и пониска од мене :D
     
    На Miss.Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.660
    Допаѓања:
    251.979
    Пол:
    Женски
    Првата бременост школска,лесна без ниеден симптом,без приска,без 4д еХо ,без пазење,без ништо што се вика...се породив за час и пол


    Втората бременост мн лоша,крварење обилно,лекови за одржување на бременост,болници,низок притисок..пак се породив мн лесно
     
    На Kaetana, Kitten, Miss.Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    9.509
    Пол:
    Женски
    Нема врска дека второто ке е поголемо бебе, јас првото го родив 4 и 300 а второто 3и700 ,и второто многу многу полесно о побрзо од првото
     
    На mariz, Kaetana, Miss.Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.922
    Пол:
    Женски
    Првата ќерка 4020 гр. 53 цм.природно породување со провокација, еден ден после термин, пораѓајот почна во 7:30 па до 12:45- болно искуство но се издржува без анестезија. После пораѓај бев раскостена, крварев 40 дена, бебето нон-стоп ми плачеше - периодот го паметам како мачен и стресен!
    Втората ќерка ја родив 3860 гр. 53 цм. 2 дена пред термин со царски заради пукнат водењак, без болки, но психички измачена заради тоа што ме држеа над 60 часа со пукнат водењак. Опоравувањето тече добро, бебчето е помирно од првото а и јас повеќе уживам во мајчинството!
     
    На only44you, makgirl, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.134
    Пол:
    Женски
    Првата бременост ми помина супер. Немав никакви проблеми. Ама додека се пораѓав лошо поминав.

    Втората бременост ми беше потешка, ама пораѓајот беше полесен. Немав многу јаки болки, а првиот пат беше страшно.
     
  17. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    И двете бременoсти ми беa ТOП a пoрaѓaњетo и сo двaјцaтa леснo - прелеснo прoјдoa без урлaње без бoлки (oнaкa нoрмaлни) сo првoтo нa пoрaѓaј oпaшкaтa ме бoлеше нo не мнoгу , a сo втoрoтo oсеќaв декa ми се мoчкa мнoooгу и тaкa не изгoвoрив ни А ни Б ни пред бoкс ни нa бoкс :) и двaтa ги пaмтaм кaкo низ мaглa зaштo брзo све прoјде и дaј Бoже сите тaкa леснo и брзo дa прoјдaт без никaкви прoвoкaции и инекции:)
     
    На SamovilkaH, flower30, Smizzy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    73.055
    Пол:
    Женски
    Prvata brebenost mi bese lesna i porajgajot isto taka ..vtorata bremenost isto kako da nebev bremena :) edino sto osejcav bese mrdajneto na bebeto drugo nisto nikakvi bolki ..porajgajot mi bese kako pesna se na se traese 45 min..tretata bremenost mi bese najteska od pocetok bev so bolki i morav non stop da lezam :( porajgajot uzast bolki nevideni..vlakno falese da padnam vo nesv..cetvrtatata bremenost se super do 29 nedela posle to nonstop so bolki a porajgajot bolen ama kratok :) ..tuka se zavrsuva mojata prikazna sega zdravje boze ce si cekam vnucina hoooooooo:D
     
    На Ctete, Sunshine_1979, only44you и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Првата бременост апсолутно лесно ја поминав, со оваа бременост од старт со стравови лекарства, некако болки во кичма силни грчеви...тешшко вртење заспивање уште сега кога сум помала. Како ли ќе биде до крај ќе видиме.
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    23.961
    И првата и втората бременост ми беа лесни, со тоа што втората ми летна, не ги ни осетив тие 9 месеци поради тоа што бев ангажирана околу синчето и плус факултетот. Првото породување ми беше кратко и лесно, а второто нешто подолго и помачно заради тврдиот цервикс. Првото дете излезе со два напони, второто со еден (за една минута откако се качив на бокс).

    Како и да е, двете бремености и породувања ќе ги паметам како многу убави искуства што ми се случиле во животот и нешто кое би го искускила пак, здравје Боже.
     
    На Kaetana, Lepaaa, eleni27 и 5 други им се допаѓа ова.