1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Споредба на 1/2/3 бременост-пораѓај

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 11 јули 2013.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Првата бременост ми траеше подолго од оваа сега. :)
    Започна со мачнини, веќе во второто тромесечие се чувствував одлично, додека на крајот пак имав големи проблеми со кичмата.
    Од болка ми беше отежнато и одењето. Проблемите со кичмата ги имав и месец дена по породување.
    Син ми беше мирно бебенце во стомак, многу често икаше, а движењата најчесто му беа нежни.
    Во 7-ми месец беше завртен со главата надоле. Тогаш ми кажаа дека имам и лакуни на постелката заради кои примав фраксипарин до крајот на бременоста.
    Породувањето траеше предолго и беше прилично мачно. Споро се отварав. Терминот ми беше 26.03.2014, на 28.03.2014 почнаа болките и неизвесно беше на кој начин ќе се породам до самиот крај.
    Го родив синко природно дури на 30.03.2014.

    Оваа бременост не знам кога летна. Еве ме на прагот на осмиот месец. Мачнините и овојпат не ме избегнаа само што почнаа нешто подоцна.
    Бременоста ми започна со мало крварење. Ништо страшно, до првиот скрининг примав утрогестан.
    Од тогаш па се до сега немам ама баш никакви потешкотии.
    Бебушка за разлика од брат и во стомак е многу бесна. До сега немам почувствувано да ика. :)
    И таа како и брат и со главчето е завртена надолу уште во седми месец.

    Се надевам дека ќе биде мирно бебе, зошто брат и е ѕвер.
    Во однос на породувањето пак очекувам брзо и лесно да се породам, па како Господ никој не е. Како треба да биде, така.
    Да се роди мора, кај мама во меше не може вечно да престојува. :)
     
    На Kaetana, Lepaaa, mariz и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Поубава споредба од двете приказни самостојно нема,...и дефинитивно нема правило дека ако првото е лесно и второто ќе е така раѓала таа. Влијаат многу фактори од годишно доба, до годините, организмот и уште 1001 причина
    Првата:

    Втората:
     
    На martty06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    106.356
    Пол:
    Женски
    Првата - ужас!
    Прворотка, те чекаат за природно до крај и кога се искомлицира итен царски. Не станав од кревет месец и пол :(
    Врот пораѓај, си отидов на договорен царски и си поминав царски:D
    Третиот па исто на договорен царски уште поубаво и полесно си поминав :D:D
    Доста беа три пати:inlove:
     
    На m.i.g, irenadaniel, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  4. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.329
    Пол:
    Женски
    Прва бременост исто како да не бев бремена немав маки никакви ,отидов на договорен царски и ок поминав,оваа бременост имав мачнини ,лошење и еве сега и настината се чуствувам смачкано , за породување пак одам царски е како ке поминам ке ви кажам боже здравје за еден месец:)
     
    На m.i.g и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  5. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    А како се вративте на нормална тежина после втората бременост? Јас имам 16 полни неделни и доста ми се познава стомакот, а првиот пат почна да ми се познава дури после 20та недела. Имам 2 кг качено од почеток на бременоста, стомакот ми е доста поголем.
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.768
    Допаѓања:
    40.246
    Пол:
    Женски
    Мене првиот пораѓај ми беше полесен. Ме сечеа и некако бебето полесно излезе. А во вториот брзо се отворив оти со провокација бев, а кога дојдоа напоните ми беше потешко и поболно, а и не ме сечеа и затоа се помачив повеќе за да излезе бебето. Опоравување сега ми е многу полесно од тогаш, баш поради тоа што не сум сечена, мислам само малку испукав, 1 конче имам и не ми прави проблеми. Како и да е, веќе мина сѐ.
     
    На martty06, Kaetana, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    За трето уште полесно :)
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Прв царски рез опуштена и среќна што едвај ке се запознаеш со бебе. Опоравување многу брзо.
    Втор исто царски,катастрофа. Бидејќи без без едното дете и потешко ми беше ама психички:sweat:
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NikoNiko

    NikoNiko Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2025
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Не е приказна туку прашање до мајките што се пораѓале по втор пат - дали одеше побрзо и полесно од првиот пат? :) и дали се породивте иста недела ко со првото?
     
    На Bebence2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.428
    Допаѓања:
    18.667
    Да,со двајцата во 39та недела се породив. Полесно од аспект на тоа што знаеш што да очекуваш, знаеш што следува,искуството си го прави своето. Со второто малку побрзо одеше отворањето и на 8 прсти веќе ми ставија провокација да се доотворам за пораѓај.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.806
    Допаѓања:
    77.193
    Пол:
    Женски
    Кај мене не одеше побрзо и полесно.. Иако првото го родив 4400г природно, разликата беше 2г и 5м меѓу нив... јас пак и второто го носев 40+8.. исто тешко одеше отварањето, па по 36ч со напукнат водењак си завршив царски..
     
  12. DolceVita3

    DolceVita3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    23
    И побрзо и полесно го родив второто, во иста недела и двете. Единствено различно беше што поболен беше вториот пораѓај, од толку брзо што одеше процедот немаше време за епидурал..
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Прв пат 37 ма недела
    Второ 41 ва (facepalm) ама многу залежав од страв и влијаеше веројатно тоа :)
    Со второто полесно поминав.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    14.719
    Пол:
    Женски
    Првото 37ма второто 40та недела. Побрзо се отворив, со првото преку 20 саати, со второто 12, од пукање водењак и почнати болки до пораѓај.
    Повеќето викаат второто е полесно, најчесто зошто знаеш што те чека. Јас многу полошо поминав со второто иако објективно се беше подобро. Траеше пократко, добив епидурална, многу поддршка од персоналот, ама поголемо бебе, дел од цервиксот не ми омекна и потешко идеше целиот процес. Најголем удел мислам дека беше што со првото до последен момент бев активна, со второто бев многу улежана. Плус постара, со некое кило плус. И после пораѓајот со второто имав преголема мака со хемороиди, цела недела лежев. После бебе со грчеви со месеци. Мислам дека од секој аспект толку очекував да биде полесно што од земја ме тресна се.
    Не ми е намерата да те плашам, сепак повеќето околу мене викале второто е полесно, ама моето искуство не беше така иако очекував да биде.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bulka12

    Bulka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Prvoto 40 nedela 4 saati 3985gr
    Vtoroto 40+1 nedela 1.5 saati 4495gr (najlesniot poragjaj)
    Tretoto 40+2 nedela 6 saati 4295gr (najtezok poragjaj)
    Chetvroto 39 nedela 2 saati 3700gr
    Petta bremenost bliznaci 36+2 nedela 3.5 saati 3165gr i 2690gr
     
    На Sunrise!!!, LanaDelR, Marijanche33 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ena0310

    Ena0310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    679
    Пол:
    Женски
    Браво мајка, да ти се живи и здрави дечињата и вие со нив :inlove:
     
    На Bulka12 и Puffy2019 им се допаѓа ова.