1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спортска медицина

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 13 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Е ова е жив хаос. За сите спортови ист преглед, крв,урина,возење точак,срце,притисок,висина и тежина.
    Абе живи глупости. Јас сум спорт стрелаштво, што ми е потребен точакот-кондицијата.
    Мене ми е смиреноста и психата најпотребна во спортот.А очно не не прегледаа....па не да нема смисла, идам на глупи прегледи, а очно нема никаде. Не да нема логика, па јас пукам - очите ми се прв алат.
    Дали вие што се занимавате со спорт редовно одите и дали сте задоволни,или доколку не сте што мислите дека треба да се смени?
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    6.312
    Не сум била до сега на спортска медицина, требаше да одам ама зашто и тренерот ми е лекар рече кај него набрзина ќе ми земел крв (уствари нема да ми земе, многу ми е страв кога ми земаат крв од вена незнам зашто :D) ,ќе ми направел ЕКГ и стрес тест. Инаку да, и јас знам дека прегледот за сите спортови е ист, мислам дека овие работи треба да бидат вклучени, сепак добро е да се знае во каква здравствена состојба си ама за одделни спортови да се додадат плус некои работи зашто вака нема ефект. На пример, јас одам на бокс и ми треба возење на точак, проверка на срцето, крвта, притисокот.. Висината и тежината и ми немаат некаква улога, барем сега.
    Ама како што кажав, сеуште не сум била па не знам какви се условите додека те прегледуваат итн. :)
     
  3. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
  4. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ова мрзам најмногу на свет! Спортска медицина!!! |( |( |( |( |( |( |( |(
     
  5. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Дечки ќе може ли да ми дадете неколку општи информации за прегледите на спортска медицина.Треба да идам ама не знам апсолутно ништо,ниту каде се наоѓа,треба ли некаков упат од матичен лекар,се закажува ли,какви прегледи прават, се плаќа ли многу,за 1 ден се завршува или те праќаат на повеќе места? ... значи ама баш ништо не знам и секоја инмформација би ми била добредојдена! Фала ;)
     
  6. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    На прегледи одев одамна уште кога спортска медицина беше под Кале. Сега не знам кај се наоѓа. Проверуваа основни работи, крв, дишење, работа на срце,...дури мислам дека се беше за пари, затоа што на еден тип со кој игравме во иста екипа му ставија печат, а најверојатно имаше проблем со срцето зашто помодруваше целиот вртејќи на статичниот точак. Којзнае што се можеше да се случи на терен со него.

    Во глобала нема ништо страшно во прегледите, за свое добро е.
     
  7. FreshGirl

    FreshGirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    може некој да ми каже што се прави на спортска медицина, мислам каков вид на прегледи има зашо ја идам на одбојка веќе две-три години и тренерот ми препорача да идам и сеа у вторник ми е термин. иначе ја сум срамежливо девојче па ми е срам да се соблекувам затоа ве прашувам што кје ми прават. ве молам побрзо
     
  8. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Во право си... На спортска медицина е катастрофа, не сум слушнала некој задоволен. Освен тоа што се чека премногу долго, работата оди споро, докторите таму, односно медицинските сестри така си мерат висина и тежина. На пример, тежина со се чизми, блузи.... Не дека тие којзнае колку тежат, но треба да знаеме точно колку е нашата тежина. Јас имам одено на спортска медицина затоа што порано тренирав кошарка и пред натпревари одевме, а и за тренинзи. Се на се, според мене треба повеќе внимание да им се обрнува на пациентите. 8-|