Да разбиеме монотонија во овие времиња. Да за почнеме со единствената позитивна вест годинава. Па уште поголеми успеси да се редат. Кој ви е омилен од мак. фудбалери ? Инаку секоја чест за Пандев колку го остави срцето за репрезентацијата .
Џани Алиоски гази во ПЛ во дресот на Лидс Јунајтед а совршено игра и за нашата репрезентација. Браво ќе кажам и за Елиф Елмас. Се наметна во составот на Џенаро Гатузо во дресот на Наполи. За Горан Пандев немам коментар, секој збор излишен. Совршен крај за неговата кариера што се пласира на ЕП. Браво момци. Нестороски и остали исто така се за пофалба. Моментот кога Мрме се расплака пред камерите, ЕПИК. Говорот на Тони, маестро, кажано од срце.
И З Р О Д. Да бев на местото на Тони, истото ќе го кажев макар ме чинело отказ. Па си ја кажа вистината човекот, што? Треба да се молчи во сопствената држава ПоШо нЕкоЈ Ќе Се НаВреДи? Понесен од емоциите, моментот, браво бравво. Што има овде за суспендирање? Ропаци.
Боби христов, мора некоја будала да се најде. Пандев летва пијан. Али милина е да го гледаш како се весели. Агушеви се наполнија со пари поштено.
@темјанушка секад мора да има такви со коефициент интелигенција на амеба. Едно нешто ќе се случи убаво и секад мора да постои некој што ќе се испљука врз тоа. Што народ ќе бевме, телетабиси.
@bicycle Не е до коефициентот на интелигенција, до продадените души е. Лапал пари од разни НВО-а и фондови за да го има тој став и да коментира по социјални мрежи. Не дека сака, мора.
Одиме на Европскоо Браво ЈУНАЧИШТА Солзи, радост, еуфорија – И одбојкарите со „Бисер Балкански“ на патот кон ЕП
Buffon se vraka vo klubot kade sto ja zapocna karierata,vo Parma Eve bil i na golot protiv mojata Pobeda vo 2000 god vo togasniot kup na uefa
Sergio Ramos LEAVES Real! Official: @sergioramos leaves Real Madrid as a free agent, tomorrow will be his farewell as captain.
Не знаев во која тема да го пишам ова, па решив дека можеби е најсоодветно овде, каде се дискутираат спортски актуелности... Денес, шок од премиер лигата. Фудбалер на Евертон е затворен поради наводно сексуално злоставување на дете. Premier League footballer arrested by GMP on suspicion of child sex offences Се шушка на интернет дека најверојатно се работи за исландскиот фудбалер Gylfi Sigurðsson иако сеуште нема никаде пренесено од релевантен извор, па ќе се воздржиме од шпекулации. Евертон со изјава и суспензија за фудбалерот. Па дали е ова можно? o Какви се не предатори и педофили се кријат меѓу фудбалерите кои ги гледаме секој ден на тв екраните. Страшно нешто... Не знам што да кажам... Прво Адам Џонсон беше осуден за исто пред години, сега ова. Какви тоа чудовишта има меѓу нас? Жално за жртвата.
Гледам кошаркарскава федерација се лути зошто Димитријевиќ несакал да игра за репрезентацијата, искрено го сфаќам детето гледајќи како никој несака да игра, ниту има желба да игра преквалификации, а притоа да ризикува повреда, и јас не би прифатила. Кошаркарските репрезентации па и кошарката во Мк е на толку ниско ниво, што наместо да засукаат ракави и нешто да направат Перо и баргата излегле да се жалат зошто најдобриот играч несака да игра. Па реално и нема нешто да смени играл или не, пак ќе си играме претквалификации за да влеземе во квалификациите, и така неколку години по ред. Најироничното е што Перо се откажа од играњето во репрезентација баш во време на неговиот најголем зенит. Дури и претходно еден период мислам дека одбиваше заради селекторот.
Столе Смилковски освои сребрен медал во категоријата -67 килограми за помлади сениори на последниот ден од Европското првенство во Тампере, Финска. Столе се закити со сребрен медал откако во финалето не успеа да го совлада Алтунер Јилмаз Екрем од Турција. Претходно во првото коло Столе го победи шпанецот Алекс Ортиз Де Зарате со 4:1, во второто коло против естониецот Макар Навитски победи со 2:0, во третото коло беше подобар и од швајцарецот Матијас Брунер со 4:2. Во четвртото коло го победи азербејџанецот Хусеин Мамадли со резултат 4:1 а во полуфиналето и русинот Егор Пулкин со 2:0. Неколку други наши претставници имаа добри настапи, иако не стигнаа до борби за медали. Магдалена Божиновска и Бериз Куртановиќ остварија по 2 победи и освоија седмо место во своите категории, како и машкиот ката тим во екипниот настап, додека женскиот ката тим го освои деветото место. Со тоа успешно заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 на кое нашите млади спортисти освоија четири медали, од кои еден златен, два сребрени и еден бронзен медал.
Чуму сите тие медали со години што ги освоивме, кога таа што ја пративме на Олимпијадата заврши предпоследна. Уште се чудам по кој критериум беше одбрана, зарам немаше подобра?!
Светскиот шампион во шах ќе биде дел од европскиот турнир кој ќе се одржи во Струга. Ние имаме преставници и во мажите, и во жените со по неколку тима. Прав спектакл во овој спорт. https://www.gol.mk/shah/svetskiot-shahovski-shampion-magnus-karlsen-kje-igra-na-ekk-vo-struga
Били, кај наоѓаш овие информации. Шахот кај нас е маргинален спорт, некој ќе рече рекреативен, ама мора да признаеме добро котираме во него, посебно Алкалоид кај мажите. Штета што не му се обрнува поголемо внимание, бидејќи многу е добар за развојот и логиката. Инаку, зошто не е олимписки спорт? Кога може скејтот, брејк денсот, може и шахот, што викате?