Спортски дневник

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 16 февруари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сегашни и ex спортисти, дали сте воделе спортски дневник?
    Дали тоа сте го сметале како обврска и терет, или пак сте уживале додека сте го пишувале?
    Колку истиот тој дневник ви помогнал пред/при натпревар?
    Што пишувавте во него (не мислам на тајните ваши,туку на дали само вежби,дали само процеси и натпревари)?

    Искрено мене мојот спортски дневник многу ми значи, мојот спорт е специфичен,имам одредено време за кое треба да се заврши мечот, во текот на мечот само доколку го напуштам местото на гаѓање смеам да комуницирам со тренерот, во спротивно доколку забележат било каква комуникација,гестикулација ќе добијам yellow card |(
    Па затоа во мојот спортски дневник, покрај тоа што се наоѓаат сите важни забелешки при тренингот, вежбите,задачите, сесиите поминати со психологот, пораките и маиловите од тренерот,визуелизации,....во него се наоѓаат поговорки и зборови на мојот тренер кои ме вратиле кога ми било најтешко во спортот/мечот.
    Па затоа овој мој дневник е секогаш покрај мене, за да можам да прочитам неколку совети и зборови на мојот тренер кога тој не е покрај мене на натпреварот.Кога ги читам неговите зборови, исто како да го слушам неговиот глас. :clap: :) :angel:
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Немам спортски дневник. Никогаш не сум помислила на такво нешто, но добра е идејата.
     
  3. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    и јас не сум имала