Спортски центар "Борис Трајковски"

Дискусија во 'Спорт' започната од blueeparadise, 10 јануари 2012.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.076
    Гледам нема тема за СЦ "Борис Трајковски", уште еден проект на владата на република Македонија. Според мене, сметам дека ова е еден од проектите за кој вреди да се вложува и е паметен (еден од ретките паметни, можам да забележам :D .. барем сега за сега.) Дали вие сте го посетиле центарот, како сте задоволни од неговите услуги, дали некој оди на фитнес таму, хокеј..? Дали поседува добри услови, дали многу наплаќаат на пример за посетување на фитнес или некои други активности? Слушам дека следниот месец се отвора и новата сала за бокс што најверојатно е за мојот тренер, па ќе продолжиме таму да тренираме. :) Ќе биде супер опремена, со вреќи, крушки, ќе има и ринг така да сум прилично задоволна.. ама за тоа ќе зборуваме кога ќе се вселиме таму, ако се вселиме. :D
    Ваши мислења за овој проект, задоволни сте од центарот или сметате дека ова се само фрлени пари во ветар? :)
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    57.617
    Јас одев на базен пред да го затворат за реновирање, и едвај чекам да се отвори за да продолжам. Главно е ок организирано, не е совршено, ама сосема прифатливо, и што е најважно гледам дека има желба за подобрување.

    Дефинитивно на Скопје му требаше ваков центар. Ми се допаѓа што се популаризираат спортови кои се малку подзаборавени, и што има многу опции, па секој може да си најде нешто за себе.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    7.024
    Добар е центаров и те како фалеше вакво нешто.Најмногу се израдував на кугланата :rofl:
    Сега сакав да прашам дали некој бил на лизгалиштето и како сте задоволни? Одамна ми се оди ама она под кале не знам колку се одржува и некако многу се стари лизгалките па шубе ми е. Сега видов дека и овде имало па ми личи дека е посредено.Мислам дека е помало,ама за меракот да си го исполнам ќе заврши работа.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Јас треба да почнам овој месец, чекам да ми јават од федерација кога ќе се почне.Се надевам дека ќе бидат добри условите,мило ми е вака кога слушам позитивни мислења.
     
  5. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Interesno mesto :) .. Mi se dopagja shto otvorija i mesto za treniranje hokej bidejki mislam deka nemashe na drugo mesto :^) no kako i da e odlichno e za hobi, ima kuglanje, hokej, plivanje sportski prodavnici.. :rofl: