1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Спортување кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 21 септември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Познато е дека физичката активност кај децата е особено важна за правилен раст и развој. За разлика од времето кога ние растевме, денешните деца поголемиот дел од денот го поминуваат во училница, на улица сами почнуваат да одат многу подоцна од нас, па како резултат на тоа (а веројатно и на други фактори), се попопуларно е спортувањето кај децата.

    Кои спортови ги сакаат вашите деца, дали редовно одат на некој спорт, и од која возраст почнале?

    Јас моите неодамна ги запишав на пливање - едното има 7, дугото уште некој месец ќе полни 5 години.
    До душа поголемото лани го запишав на играорна (не е спорт, ама е физичка активност :)), само често се разболуваше, па после неколку долги отсуства, веќе немаше поента да оди. За пливање бев со план одамна, ама сакав и малото да порасне па да одат заедно - големо олеснување за мене заради „разнесување“, а и научени се се да прават заедно, па се лутат ако нешто прават посебно.

    Сега за сега супер им оди, иако малку рано е да се зборува. Сакаат да одат, убаво им е, и гледам дека се пуштаат да прават работи кои цело лето јас не успеав да ги убедам да прават :)
     
    На MarchelineAmaru и rossonerka им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Немам деца но моите ме запишале како мала па затоа ќе кажам што значи за мене спортување уште од рана возраст кај децата.
    Пред се се работи за здравјето, тоа е најважно. Со запишувањето на децата на било кој спорт пред се ќе се научат на некој ред и дисциплина, ќе почнат да водат здрав живот, спортот ќе ги држи и настрана од пороците како алкохол и цигари. Спортот е важен за правилниот раст и развој на децата.
    Знаеме и колку децата можат да бидат хиперактивни и полни со енергија, па зошто таа да не се насочи кон некој спорт наместо кон некоја друга непродуктивна активност како дремење на компјутер кое што само ќе ги закржлави.
    Убаво е да се запишат децата уште од мали на нешто, секако доколку се има можност и финансии.
    Моите деца би ги запишала на пливање, тенис, балет или некои други танци (тоа за девојчиња ако ми се) :lol:
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Татко ми не ставил на тренинг мене и сестра ми уште пред да проодиме а од 6 одделение почнав со бокс и карате така да моите деца ги чека иста судбина освен што ако имам услови додатно ќе ги дадам на пливање заради здравје и подобра градба на тело :).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Немам деца, но спортот е многу битен за физичкиот развој на децата, но и за менталниот исто така.
    Ние бевме други деца, ние бевме од јутра до сутра на улица, игравме, трчавме, скокавме.
    Денешниве деца, гледајки ги внуците сфаќам колку се оштетени во однос на она вистинското детство, мкнат огромни ранци, седат на училиште и кога ќе дојдат дома пред компјутер, игрици, фб и сл.
    Неправилното седење веднаш предизвикува деформитети во рбетниот столб, кои самите по себе влечат низа други проблеми. Истотака седејќи пред компјутер истотака стануваат повлечени, срамежливи, несоцијализирани.
    Затоа спортувањето е добро, ем што ќе помогне за правилен физички раст и развој туку и за социјализирање.
    Јас лично моите деца задолжително ќе ги терам да спортуваат, не професионално туку рекреативно, на пример конкретно пливањето е одличен спорт особено за машки деца, помага развивање на рамењата, целата мускулатура работи и т.н. За девојчињата балетот, според мене ова се два идеални спортови.
     
  5. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    3.769
    Пол:
    Женски
    и јас планирам керка ми да ја запишам на пливање иако има 6 г...каде ги запиша и цена..јас прашував во олимписки и карпош ама разбрав дека имало базен во о.у.Д.Миладинов па и таму да прашам.поздрав
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Моите спортуваат.Ќерка ми има 6 год. и оди на балет втора година.
    Син ми пред две год.го запишав на пливање,но поради тогаш актуелниот свински грип,престанав да го носам.Лани одеше на фудбал ама се разболевме и престана со тоа.На фудбал не ми се допаѓа тоа што вежбаат во балон,тоа е вештачка атмосфера и посебно е штетна за деца што патат од респираторни инфекции.
    Сега на кошарка се запиша,повеќе негови другарчиња се запишаа и убаво им е.Вежбаат во училишната сала и се на затворено и во зимските месеци.
    Инаку цело лето одеа на базен ,на пливање, возеа велосипеди во парк, фудбал со маж ми надвор.
    Гледаме секогаш кога е убаво времето да ги шетаме на воздух и да се спортува колку е можно повеќе.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403

    Син ми нема ни 5, па го запишав. Одат во Карпош. Цената е 2000 за 6 дена неделно, иако за нивна возраст оптимално е 3-4 пати неделно.
    Во Димитар Миладинов ќерката ја запишав лани, ама никако да тргне зошто нон стоп беше болна.. Таму се оди 2 пати неделно, и мислам дека цената беше 1200 месечно. Убаво е таму, јас би ги носела зошто ми е блиску, ама се решив за Карпош зошто и јас пливам истовремено. Во Димитар Миладинов се жалеа луѓе дека повремено знае водата да биде ладна, ама не знам колку е ова точно. Во Олимписки не даваат истовремено да пливаш, па затоа не го сметав за опција. Карпош ми се допаѓа зошто водата не е хлорирана.
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Same here :D
    Ме влечкаа на модерен танц со години ,видоа нема фајде (не дека јас не знаев да денсам ,инструкторот беше незаинтересиран за да не научи ,а му се сакаа паричките :@ ) па по долгогодишни препирки ме запишаа на карате на 9 години.
    Оттогаш наваму инјекција немам примено (освен анезтезија за заб ,не се рачуна :D ) ,значи можат многумина да ми завидат на имунитетот ,што претходно не беше случај.
    Си оформив убаво ,пропорционално тело и што е многу смешно - сите ми се плашеа :o :D

    Оттука следува дека еден топол сончев ден ,кога ќе имам деца има душата да им ја вадам веднаш после проодување и во најран можен рок ќе ги запишам на боречки вештини ,по сопствен избор.
     
    На Milobebence и XMaN им се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Се се слагам освен душата да им ја вадиш, полека деценца се, иако знам дека се зезаше :D

    Мене татко ми ме ставал уште пред да одам да го држам за малите прсти и така ме држел да висам да ми зајакнат рачињата :D, а освен тоа ме фрлал во воздух како салто и вика ти си јадеш чоколадо се тумбаш и продужуваш да си го јадеш чоколадото :D.

    Затоа па еднаш коа паднав наглавечки од горниот кревет (тие детските на 2 спрата) само си се претумбав у колут на тепих и ништо не ми стана :D.

    Моите на борбен тренинг одма ќе ги ставам, веќе на 15 години мајстори да бидат :).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Респект за постапките на татко ти ,верувам дека и јас ќе бидам таков родител еден ден. :bow:
    Да не надоврзам ,мајка ми отсекогаш била против тоа девојче да тренира боречки вештини.
    Не знам кој и го увртил тоа во главата ,ама сметаше дека не е женствено и дека ако тренирам ,ќе се развијам како Ван Дам.

    Арно ама ,дедичко ,Господ здравје и век да му даде ,од 3-4 годишна возраст ме тераше со него да правам склекови ,ме учеше да боксувам (додека одел војска си бил доста солиден боксер ) и насетување дека после неговиот"тренинг" сум како ново дете ,ни трага ни глас од мојата фамозна конгенитална нервоза и избувливост.

    Мама се лутеше кога ќе не видеше разбоксувани во двор и често знаеше да го прекори ,ама нас тоа не ни сметаше ,па си продолжувавме по свое :D

    Дента кога ме запишаа на карате можам слободно да кажам дека дедо ми беше најгордиот човек на светот ,отсекогаш сме делеле исти соништа со него и ми е многу мило што ги остварив сите!

    Така да ,штом тоа било добро за мене ,нема зошто да не биде за моите деца.
    Кога еден ден ќе станат возрасни и изградени личности ,верувам дека ќе ми бидат благодарни.

    Туку ,уште Петко нероден јас капата му ја скроив :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  11. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    да не знае некој кога повторно ке се отвори базенот во SC борис трајковски?
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Еве телефон за информации може да се јавиш и да прашаш :)
    02/30 89 659

    Запознавањето на децата со спортот уште од мали нозе е многу важно. Не само поради тоа што новите генерации се постојано пред компјутери, туку и поради стекнување навика што ќе им служи цел живот. Покрај тоа што се овозможува правилен развој на телото мислам дека спортот не смее да се занемари во ниеден период од животот. Добар е за стекнување на здрави навики, исхрана, дисциплина, а со тоа и помалку здравствени проблеми понатаму.
    Покрај вообичаените спортски активности добро е и да се вклучат и во планинарење, возење велосипед и сл.
    Дури малку и им се лутам на моите родители што не ме насочиле кон ниеден спорт, а сум била толку енергично дете. Гледам луѓе во моја околина што од мали нозе спортуваат и нема шанси да си дозволат да се улежат во кревет по цел ден. Едноставно многу поздрав живот живеат, колку и да се затрупани со работа и обврски. Им помага да се релаксираат и да ја потрошат негативната енергија. Среќна сум што ги познавам, па некако и јас почнав да се мотивирам покрај нив и искрено многу поубаво се чувствувам :)
     
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Еххх би сакала да спортувам уште од мала... Сега е веќе касно некако. А криво ми е бидејќи многу го сакам спортот и имам премногу енергија, која немам на што да ја истрошам :^) Mногу сакам ракомет и цел живот ќе се каам бидејќи не тренирав никогаш :(
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    Мислам дека се отвори, ама се јавиш и прашаш, те молам пиши. Малку тешко се добиваат.
     
  15. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Дали има негде во Ск каде би можела да јавам коњ рекреативно?Хиподром работи?
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Има приватен хиподром во Волково. Мислам дека се плаќа членарина, не знам дали може само така да одиш ако не си член на клубот. Ама многу е убаво местото.
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Па требаше ама во весник пишуваше дека ќе задоцнело реновирањето поради студот, а и на сајтот ништо не пишува, претходно имаше датум . Дали Вие почнавте повторно со децата да одите на пливање таму?
    Благодарам :)
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.403
    ^ Уште не сме почнале.
    Чекам да се отвори, ама не сум проверила последнава недела.
    Само последниве ден-два се мислам дали да почнеме од следниот месец, децата ми се болежливи, а тогаш потопло ќе биде...
     
  19. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Да, се сложувам со вас. Дали би можеле да не известите на форумов ако дознаете кога ќе почне?
    И јас ќе го направам истото.
    Поздрав и ви благодарам :)
     
  20. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    На страната на фб пишува дека базенот во Карпош ќе се отвори на 11 март :D