1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Справување со клевети

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Аргентина *, 25 јули 2015.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.207
    Пол:
    Женски
    Штета што започнувам членство со ваков пост.

    Некој (едно јадно и одбиено суштество, со кое да зависи од мене нема да си имам никаква работа) се обидува да пласира гнасни лаги и измислици за мене со кои би ми го нарушил угледот на некој начин. Многу сум пребирлива и одбивам секакви секојдневни понуди за мување, лапање и слични глупости, како и оние за врска. Едноставно не сум заинтересирана. Така што, оние кои ме познаваат мене, а го познаваат и суштеството никогаш не би му поверувале, но проблемот е што не сите ме познаваат добро, а знаете дека на луѓето малку им треба да почнат да зборуваат, да филуваат и т.н.

    Значи се работи за многу лоша лага која многу ме навреди лично. Дури, ако размислам не ми е ни гајле што ќе помислат другите, мене ме боли тоа што ми се наметнува нешто глупо и бедно кое никогаш нема да го направам и никако не ги одобрувам сите што го прават. Клеветата е прв пат изустена во мое присуство, јас бурно реагирав, се подразбира. Таков карактер сум и сакам да спречам да биде повторувана и на други места.

    Размислувам дали да вратам така што некој ќе го превоспита лажгото, или да вратам со иста мера - проширување муабет?
     
    Последна измена: 25 јули 2015
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.762
    Допаѓања:
    12.268
    Пушти му муабет. Јас вчера имав страшна кавга затоа што ме клеветеа. По ова сериозно ќе се преиспитам кој каков однос заслужува. Врати му и не попуштај.
     
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Јас си имам едно непишано правило кое гласи: тоа што зборуваат за мене, не треба да ме интересира мене, а уште помалку тебе.

    И, да, секогаш кога некој ми отвара рекла-казала муабети, го потсетувам на ова мое правило.

    Нема што да им се нервирам на таквите, а уште помалку да се спуштам на нивно ниво за да се карам со нив.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Никогаш не можете да им затворите уста на таквите, но вистината треба да им се каже во очи, чисто да не мислат дека не знаете што ви прават зад грб.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.