Со оглед на тоа дека повеќето што чуваме миленици, поточно кучиња, ги чуваме дома и ги шетаме насабајле и навечер за физиолошките потреби, како се справувате со забраната за движење за викендов? Моето куче исклучиво врши нужда надвор и на трева, и иако поодамна имам пробано да го научам да користи песок, речиси е невозможно така да се научи возрасно куче. Јас имам зеленило веднаш до влезот на зградата, па навечер го пуштам тука само на многу кратко. Го изнесов попладнево во дозволеното време, ама не сметам дека е во ред да трпи од 3 попладне до утре сабајле, иако се покажало дека може. Особено зошто со седењево дома веќе му е редуцирано шетањето. Како се снаоѓате или планирате да се снаоѓате во периодов, со оглед на тоа дека ќе потрае долго време? Ова со карантинов од 15ч прави хаос. Искочив со кучето во 14:45, продавницата пред зграда е фул, а воопшто не беше така периодов.
Како побогу издржува од 14.45 до следно утро? Каква тортура им се прави не ми се верува боже они се криви за пандемијава? Мислам не можам да де изначудам дека не дозволија излез за миленици и дека Најчевска имаше коментар ами децата да се изнатрчаат? Кој деца мУри кои деца аман затни се.
Мене ми нема поента ова од 16. И јас го шетав кучето, ама после во двор, кој среќа го имам. Ако сте во зграда, на имотот на зградата свртете крукче. Не излегувајте надвор од дворот на зградата. Поголем проблем е што за многу сабота е работен ден, се направи хаос по маркетиве, во 14:30 затворија...
Ако треба издржува. Пробав да го научам да врши нужда на тераса во песок пред да се породам (неуспешно), и издржуваше и преку 24 часа. Дома бељи не прави и крај. Без разлика на карантинот, го симнувам пред зграда да моча само навечер пред да си легнам, не искачам од влез јас, он буквално иде 15 секунди до првата грмушка. Сега го изнесов дури можам поубаво да го прошетам, не е он крив што сме во вонредна состојба Не знам што прават мајкиве со поголеми деца, моево од 1 година па едвај чека на тераса барем да излезе. Пишував и претходно дека стварно не сум нешто потресена со вирусов, не шетам до продавница со маска и ракавици на пример, ама кога веќе вовеле мерки, си ги почитувам, ако сите се правиме на тошо само подолго ќе трае оваа изолација, сите психички ќе оболиме.
Абе каде може возрасно куче да извршува физиолошки потреби на тараса или во двор. Ги замолуваш како луѓе не те разбираат. Може да стиска али што ќе речат бубрезите? Па зарем тоа е решение не ми се верува, некој да се разболи за да некој неписмен се стиска пред стопанска. Моите блиски сите до еден наспроти полициски час ги вадат кучињата навечер. Ниту шират самоте зараза ниту почитуваат безврска решенија па и по цена на казна. Сега тоа што Спасовски нема куче не значи дека е во прво. Глуп.
Ние одма на улица сме. Значи од влез излегуваш и нема двор,ни место. Кучево ќе полуди до утре. Не знам што ќе правам за викенди ако продолжи вака. Ќе мора да го извадам надвор вака или така.
Имам среќа што моето куче го научив на команди, и го научив да извршува нужда и да шетка пред зграда, куќа, објект каде што сум јас, а јас да стојам на влез. Но, за жал не се сите како мојов случај, многу кучиња има со prey drive, многу непослушни, невоспитани и размазени за да им верува човек. Затоа, предлагам да купите сите поводници долги, гледав се рекламираат, Оваа од 10 метри, така многу направија. Или пак флекси поводник со максимална должина, оти ова ќе потрае, ќе потрае бааѓи и секој ден мерки од ќе се прогласат да биде од 16ч според мене. Една у Србија преку балкон кучето го спуштила да мочка
Хахаха, таа у Србија хит. Го подигна нагоре као пакетче да е. Замисли ја лабрадоров да го пуштам така од 4ти Ова со долгиве поводници изгледа интересно како опција.
Нема дворче, само тротоар е. На балкон седи, али за пелена нема шанси да ја научам сега,голема е. Или за викенди кај баба сервис ќе ја оставам,они имаат двор. Сите децата кај бабите, јас кучево. Греота ми е да ја мачам така.
Пробај ако не со овие по 10м поводници. Јас таков користам од кога го имам, 10+ години, ми се покажал најпрактичен. Иначе и јас имам големо куче, мешавина од ретривер. Кратки ланчиња само на ветеринар или кога патуваме, кога не сакам да има баш слобода на движење За нас има полициски час, за кучињата нема, купете/направете екстра долги поводници
Него јас имам прашање за тие со мачки претежно, јас на мачоров му земав Ројал Канин за стерилизирани мачки од Капитол/Рамстор, исто од таму му земав и песок со активен јаглен. Е сега пошто не работат, му земав на Фрискис храна, ама не ја сака (не сака никаква освен таа неговата) пробав и пилешко варено нејќе. Сега е на паштети само... ама мора да касне и суво. Се убедуваме некако, со јогурт, кисело млеко па ќе ја преџвака. А не ни смеам да експериментирам со храна кај него, има нежни цревца, едвај се спаси како мал, тогаш на диета беше со мед. храна 3 месеци, па полека на Ројал го навикнувавме и добар е од тогаш. Ако имате идеја каде можам да купам на Ројал храна, кажете. Исто и песок, купив од маркет еден, ама ужасен е...
Фауна центар, во Дебар маало. Најди ги на фб, имаат ставено телефон и работно време. Чисто да прашаш дали има од неговата храна, да не одиш за џабе.
Па мртов сериозен вика на команди го научил да шета пред објект еј жити командава Јас го имам научено во картонска кутија да шета или во тоалет затворен, апропо муабетот. Моето е лигаво куче научено на бескрајна слобода. Додека надвор не е опасно за него лично јас одбивам да го измачувам и да го малтретирам тоа е против сите закони за благосостојба на животни. Е сега што во Македонија животните се третираат под нефункционален закон и секоја будала има право да одлучува е друг муабет.
Чулев рече дека ќе разгледуваат на Влада да им се дозволи на сопствениците на домашни миленици кои живеат во зграда да ги изнесуваат во непосредна близина на објектот за време на полицискиот час.
Вмро ќе ги спасува љубителите на животни истите оние кои до пред три години организирано фрлаа ланате и уживаа во чудовиштето вардариште ( не дека овие го средија или мрднаа со прст). Брутална комедија втор чин.
Не се тоа непослушни и невоспитани кучиња, туку кучиња. Среќни. Не секој сака да направи робот од своето куче. Гомцето не го собираш? @CameliaMiller види овде за храна http://e-petshop.mk/index.php