Справување со немирни ученици

Дискусија во 'Образование' започната од ma4o4female, 15 ноември 2012.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Девојки, предлози како да се скротат немирниците во клас? Значи со добар муабет не успеав, со опоменување не успеав, со што на крајот им се налутив. Ве молам ако имате предлози и искуства споделете ги со нас, професорите :) Поздрав
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Зависи од возраста на учениците :)
    За деца во осмолетка, би им пишала забелешка за однесувањето на часот во нивната тетратка и ќе барам потпишано од родител да ми го врати. На три такви забелешки - родител на увид :) ... колку да потврдам дека потписот е негов .... а и да поразговарам со родителот.

    За средношколци...ќе бркам од час ;) (сега ќе ми се сипат :) ) ... и неоправдан.
    Во екстремни случаи и единиче ќе пишам.

    Во принцип ако проф. дозволи да му се качат на глава не е авторитет ...
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    на основно овие од 7 па нагоре во забелешка ќе ги пишам и на табла три прашања и ако не ги знае еден а на средношколци и забелешка и 3 прашања едно да незнае одма 1 па нека поправаат после.....ама сепак зависи од наставнико....или неоправдани...
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Мислам дека не можеме соодветно да ти помогнеме. Нели учите педагогија пред да станете наставници/професори? Некои методи и техники можат да влијаат многу негативно врз едно,а позитивно врз друго дете. Самиот наставник/професор треба да ја процени психологијата на детето со кое работи и во согласност со тоа да реагира. Секој лаички пристап или ќе предизвика бес кај детето или детето ќе се повлече во зависност од неговиот карактер и претходните искуства што ги имало. А,во секој случај несигурност во наставникот. Многу чуствителна тема е ова.
     
  5. feminka021

    feminka021 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Биди построга со нив, очигледно многу си им допуштила па затоа сега те научиле и не се дисциплинирани.Раздели ги учениците кои прават врева разговараат или прават нешто што не е дозволено на час, не почнувај да предаваш додека не се смират, пробај да смислиш нешто некоја игра која би ги заинтересирала за помалите деца во основно образование, а за поголемите не мора да биде тоа стандардно предавање направи нешто да им го привлечеш вниманието. Погледни го филмот "Freedom writers " ќе видиш како таа наставничка успева да ги смири своите бунотвни ученици :) позз се надевам дека нешто можеби од ова ќе ти помогне, знам како ти е...
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  6. feminka021

    feminka021 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    За сите оние кои мислат дека е толку лесно и едноставно со учење на педагогијата да смириш немирковци слободно им го отстапуваме местото нека влезат во одделение и ако е толку лесно нека предаваат... толку од мене :)
     
    На ma4o4female му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Значи веднаш се нарвирам кога на сливарот сливи продаваат... Ние пред се' сме професори, не психоаналитичари. Ние не можеме да ја набљудуваме психата на секој ученик одделно. Класот го гледаме како целина, а не како 31 индивидуална единка. Е сега, имам еден клас кој многу е немирен, но успеав и него да го доведам во ред. Сакав со темата да предизвикам наставниците да си ги кажат искуствата и евентуалните решенија за истите. Поздрав :)
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Решение е само строг пристап на професорот уште од првиот час. Кај оние професори кои се полабави дури и оние помирни ученици не се однесуваат баш примерно. Ако учениците сфатат дека може да прават што сакаат тешко после да се смират.
    Значи професорот да не си дозволи недисциплина или премногу низок критериум за висока оценка.
    Не дека треба да ги малтретира со глупости учениците но да постои јасна граница што треба да се знае за која оценка и да нема отстапување. :!:
    И да, за секоја глупост на час - неоправдан (за средношколци), разговор со родител (за основци)...