Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Справување со работа што не ја сакаш

Дискусија во 'На работното место' започната од vichy, 16 септември 2013.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    здраво гледам нема вакав тема и баш ме интересира како се справувате во приватноста со чувството дека работите работа што не ве исполнува и никогаш нема од проста причина што сте се надградувале и вложувале во себе си надевајќи дека ќе работите нешто друго а завршувате со нешто што ни на крај памет не ви било а мора да го работите ете за да се работи нешто демек поарно работи било што отколку да седиш дома?
    јас од незадоволство утеха наоѓам во преспивање и прејадување :( а вас што ве мачи и како се справувате?
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.131
    Допаѓања:
    36.358
    Пол:
    Женски
    справување со работа што не ја сакаш?

    Јас се справувам со работата на тој начин што знам дека истиот ден ќе си дојдам дома и ќе се гушкам со маж ми и со син ми. Работава ја работам затоа што ни требаат пари за дома.
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Така што работиш колку мораш во текот на денот, а другото време го трошиш на барање друго работно место. Само на форумов, постојано има огласи за нови работни места. Праќаш сивија, закажуваш интервјуа, работиш на тоа, а не чекаш да падне само од небо. :geek:
     
  4. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    фала капетане на советиве,не знаев тоа ;) инаку остај муабетите како се бара работа,ако немаш дебели ортоми културно наречени препораки тешко нешто квалитетно да работиш мојов кариерен живот е типичен пример.еве значи скоро по година дена пауза од работење на работно место што не го сакам,по незнам ти колку пуштени цв-ја на било кој оглас каде што мислам дека кадровски одговарам периодов случајно преку бивша колешка која заминува од сегашното нејзино работно место и ме нуди мене како замена кај газдарицата ми е понудено да работам пак иста работа што не ја сакам но пристојно плаќа сепак понудата за работа ми важи 6месеци бидејќи потоа се враќа претходната вработена од породлно отсуство во декември па газдарицава ми рече би можела да ме задржи или препорача кај други газди ако се покажам и сака летово да и покријам други вработени кога се на летен одмор(значи има простор и некои дел од летоо да работам платено прекувремено барем така ми спомна). е сега ми излезе и друга понуда за теренска работа со каталошко рекламирање и подажба на прехрамбени артикли што делумно ми е и со факултетското образовање поврзано но платат е 200евра плус процент ако порасне продажба а има услов договорот да се потпише на 1година и ако од х причини работникот си замине пред истекот на таа година да плати оштета кај работодавецот од 1000евра во превод ако заминам 6отмесец значи сета заработка од 5месеци по 200евра да ја вратам назад :o и збунета сум,разочарана,искрено незнам на што да сум,првата работа не ја сакам а сум ја работела имам искуство предност е само што е добро платена ама за 6месеци им требам,втората работа не е совршенство но сакам да ја работам иако ми пречи таа казнена сума зошто навистина незнам дали ќе успам да издржам убаво да работам цела година пред се се мислам зошто немам искуство со вака рабоата а и многу плата ми зависи од продажбата а знаеме колку тешко плаќаат помаливе фирмички за нарачани артикли се е моли-коли :(
    би ми значело да прочитам совети/мислења.
     
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Aко се прашувам јас,вторава работа што ја напомена со плус заработка на процент,не би ја сфатила сериозно,од проста причина што никогаш тие проценти/бонуси не се исплаќаат :?: Bторо нешто,те обврзуваат(условуваат) казнено да платиш ,ако по своја воља си заминеш,ни -,ни+ него точно 1000€,тоа самото ти потврдува дека вработените и скоро и да не ги плаќаат,па оттука самите вработени обврзани се да дремат без плата,само да не платат казна.Jас не би прифатила ваква работа со вакви услови.Kаде каде подобра опција е да се вратиш на старата работа,каде веќе си работела,имаш искуство и друго најбитно што е плата ќе зимаш,а во меѓу време ќе си бараш сигурна работа.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Се рабира дека најквалитетното справување со таквата работа е нејзино менување со нова и подобра. Работата сама по себе ретко дека некој ја нуди, секој кој е незадоволен од моменталната треба активно да се занимава со барање на нова. Никогаш не се знае каде може да успее.
     
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Немам проблем со работата колку што би имала проблем со лоши колеги не непријатна напната атмосфера меѓу снобови.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Цел живот ја работам работата која не ја сакам! Ќутам и трпам. Што да правам кога немам дебели врски,па да нишам врата и да земам плата? Работам како коњ. ;( :sweat: :headbang: