Оваа тема ја отворам поради се позачестеното врсничко насилство кое од ден на ден зазема се поголем замав не само кај нас туку и во регионот, темата пред се ја отворам за оние кои во моментов се соочуваат или се соочувале со врсничко насилство и сакаат да споделат како се справиле со тоа. Знаеме дека ваквите искуства можат да остават длабоки траги на самодовербата, односите со другите па дури и на секојдневниот живот. Неколку прашања за размислување: 1. Како влијаеше врсничкото насилство врз вас и вашето однесување ? 2. Кои се првите чекори кои ги преземавте за да се справите со тоа искуство ? 3. Дали имаше некои луѓе, активности или навики кои што ви помогнаа да закрепнете ? 4. Како изгледа вашиот живот сега, откако сте се справиле со тоа ? Можеме да споделуваме совети, идеи или едноставно да бидеме поддршка едни на други, ако се чувствувате удобно споделете ја вашата приказна можеби некој ќе се препознае во неа и ќе најде утеха и/или инспирација. Споделете ги вашите искуства и совети како сте успеале да најдете мир и сила во себе за да го надминете тој период и траумите кои остануваат после тоа.